13/05/2026
Трета договорена борба е GRAPLING PROFESIONAL SUPER FIGHT за нашиот борец Филип Божиновски 🇲🇰 кој во својата прва средба го има добиено Андреас на завршница.
Се надеваме исто така ќе биде и овај пат 💪🏼
Наскоро очекуваме и нови борби 🥷
Продолжуваме напред 🏆
12/05/2026
Втора договорена борба до 66 кг.е за нашиот борец Трајче Мицевски 10-0 аматерски/полупрофесионална и 1-0 професионална ММА до сега.
Одиме на ПОБЕДА 🇲🇰
ТРАЈЧЕ МИЦЕВСКИ 🥷⚔️🥇
OKTAGON, SUMMER SERIES 04 ти Јули, Грција 🇬🇷
08/05/2026
Прва договорена борба во ММА до 70 кг. за Кирил Стефановски за летниот настан во Грција....04 ти Јули Stavros Thessalonikis,Amphitheater💪🏼
КИРИЛ СТЕФАНОВСКИ 🇲🇰⚔️🥷
06/05/2026
ПРЕКУ 150+ МЕЃУНАРОДНИ ТУРНИРИ ЗА ЏИУЏИЦУ, ММА, ГРАПЛИНГ....и учество на (Санда,Кикбокс,Џудо) и голем број на медали и клубски пехари за БИТОЛСКИОТ И МАКЕДОНСКИ БРЕНД ,
НИНЏУЦУ КЛУБ БИТОЛА 🇲🇰
ПАУНД ФОР ПАУНД ТИМ МАКЕДОНИЈА 🇲🇰 во различни балкански,европски и светски организации во различни градови Дизелдорф,Карслуе,Нинберг,Берлин,Цирих,
Загреб, Белград, Софија, Атина, Солун, Подгорица,Ниш,Врање, Сомбор,Вршац, Нови САД, Велинград, Кукуш,Вериа,Будва, Дубровник...и уште многу други 💪🏼🥷🏼😎
Продолжуваме напред 🏆
ГЕНЕРАЦИЈА ПО ГЕНЕРАЦИЈА 🏆
ЧЕКОР ПО ЧЕКОР 🏆
02/05/2026
НАЈДОБРАТА МАКЕДОНСКА ЏИУЏИЦУ ШКОЛА повторно НАЈДОБРА на интернационален турнир за Бразилска Џиуџицу и Граплинг во Грција во организација на OKTAGON во конкуренција од 19 школи и 400+ такмичари.
Со вкупно 16 златни 🥇, 18 сребрени 🥈и 8 бронзени 🥉 медали (42 медали )го освоивме ПРВОТО ТИМСКО МЕСТО 🏆 и уште еднаш како и многу пати докажавме и покажавме за нашата клубска работа, посветеност и пасија кон боречките вештини и спортови 🇲🇰
POUND FOR POUND TEAM MACEDONIA 🇲🇰
Генерација по генерација,чекор по чекор продолжуваме напред 🇲🇰🥷🏼🤙🏼
Голема благодарност до секој што со свој допринос помогна за уште една успешна спортска приказна 🙏🏼
LUFF YACHTING 🙏🏼
Продолжуваме следно со ново меѓународно натпреварување за месец дена 💪🏼
ОSSSS
29/04/2026
MMA TEAM MACEDONIA 🇲🇰
Тимот што ќе ја претставува школата, Битола и Македонија на престојниот летен аматерски ММА турнир во Грција.
Млади борци за кои чекаме противници од меѓународни школи,борци кои постојано се во тренажен процес и учење и тренинг на борбени техники и вештини 🥷
Очекуваме уште неколку наши млади борци да земат учество но се зависи од потребите на организацијата од Грција.
Продолжуваме напред 🏆🥷🏼🤙🏼
18/04/2026
Една нова спортска и боречка приказна која започнува и со БОЖЈА ВОЉА се надеваме ќе биде доста успешна и ќе ја претставува нашата школа,нашата идеологија и нашиот пристап кон боречките вештини.
Повеќе од две години во нашата академија активно и непрекинато учење, тренинг,натпреварување со голема љубов и желба кон боречките вештини и спортови, повеќекратен јуниорски и веќе од оваа година сениорски балкански првак во Џиуџицу од повеќе балкански земји, ММА аматерски борец со 6 меѓународни победи сите со прекин без пораз (6-0 ) заслужено го добива својот плав ЏИУЏИЦУ 🥋 појас.
Продолжуваме напред 🇲🇰🥷🏼
Градиме и создаваме млади борци кои се надеваме дека ќе го пронајдат својот пат и еден ден достоинствено ќе не претставуваат како борци од МАКЕДОНИЈА 🇲🇰 на големи светски ММА сцени💪🏼
ВАЛЕНТИН ИЛИЕВСКИ, МАКЕДОНИЈА 🇲🇰
ЏИУЏИЦУ БОРЕЦ 🥷🏼
13/04/2026
Пораз после серија добри настапи во ММА и Џиуџицу за нашиот борец Игор Додевски.
Пораз за кој не жалиме како на пораз, колку што жалиме што овај пат не успеваме ама баш ништо да демонстрираме и покажеме од тоа што знаеме и можеме ,а причини и фактори за тоа има многу и секако полека ќе се анализираат и ќе се дефинираат.
Честитки за младиот талентиран борец од Русија кој беше подобар и заслужено ја доби борбата.
Овај е тимски пораз на цел тим кој работи на ММА развојот кај нас,борба прифатена на 10 дена без подготовка (ниту физички ниту ментално ниту техничко -тактички)за ваква борба ,а понуда која реално ние како Македонци од Битола и немаме многу избор каде да се бориме и со кого да се бориме и ја прифативме( а тоа дали згрешивме што прифативме со ваков противник за толку кратко време е веќе друга тема која ќе се дискутира за да извлечеме поука и лекција)
Ние не одбираме противници и секогаш сакаме предзвик со цел да одиме во повисоки организации во професионална ММА.
Може да останеме во една комфор зона и постојано победуваме во други организации но така никогаш нема развој и раст иако условите не дозволуваат да бидеме дел од поголеми организации(не случајно сме каде што сме со ММА во Македонија)
Без разлика на се ние сме тим и боречка фамилија и подршката за Игор Додевски од наша страна е секогаш тука како школа 💪🏼⚔️🥷🏼
После една добра анализа продолжуваме напред,не чекаат нови борби и нови предизвици ,а секако ваквите порази треба да не направат посилни,пореални и погладни за поголеми спортски достигнувања 🇲🇰🏆🤙🏼
10/04/2026
Вагата успешно помината,
САБОТА 19 30ч. Арена Фајт ТВ во живо пренос...
Одиме на ПОБЕДА 🇲🇰🏆💪🏼🥷⚔️