06/03/2026
🇲🇰 Нашата Eva Milevska овие денови има можност да ја покаже македонската храброст на најбрзите патеки на Светското јуниорско првенство во алпско скијање во Норвешка.
Далеку на север, во Нарвик, над фјордовите се одржува Светското јуниорско првенство во алпско скијање до 21 година, едно од најважните натпреварувања во календарот на FIS за млади скијачи. Ова престижно натпреварување ги собира најдобрите млади таленти од целиот свет, а меѓу нив е и македонската скијачка Ева Милевска, која со поддршка на Скијачка федерација на Македонија - Ski federation of Macedonia го носи македонското знаме на големата меѓународна сцена.
Ева е единствената скијачка од Балканот што настапува во брзите дисциплини: спуст и супервелеслалом, дисциплини кои важат за најопасни и најпредизвикувачки во алпското скијање. Патеките во Нарвик се долги и технички исклучително тешки, со големи висински разлики, скокови, компресии и брзини што надминуваат 100 km/h.
🇲🇰 Среќно, Ева!