24/06/2022
🇲🇰 Енвер Фејзуловски дебитираше за Македонија У-14.
Оваа недела нашата млада репрезентација до 14 години, одигра два натпревари против своите врсници од Црна Гора. Одличните игри на Фејзуловски и тоа како допринесија за позитивните резултати на Македонија.
21.06 🇲🇪 Црна Гора - Македонија 🇲🇰 (1:0) 1:1
23.06 🇲🇪 Црна Гора - Македонија 🇲🇰 (0:0) 0:0
19/06/2022
🏆 На меѓународниот турнир ,,Еден на еден Могила Куп", на кои учествуваа 72 екипи во шест генерации и повеќе од 1000 деца од Македонија, Србија, Албанија и Грција, неколку генерации на Пелистер го имаа главниот збор.
🏆🥇 Генерација 2014 г. го освои 1то место
🏆🥈 Генерација 2012 г. го освои 3то место
🏆🥉 Генерација 2010 г. го освои 3то место
🏆🥉 Генерација 2009 г. го освои 2то место
Исто така во инвидуалните награди Пелистер имаше двајца свои претставници и тоа:
🎖🐙 Најдобар голман во генерација 2014 г. - Вук Илиев
🎖🐙 Најдобар голман во генерација 2009 г. - Иван Велјановски
👏🙌 Честитки до сите деца од сите генерации за нивните настапи, нареден пат сите уште подобро. Честитки и до организаторот за одличната организација. Честитки и спортски поздрав до сите учесници, се гледаме повторно на некој нареден турнир.
09/06/2022
🇲🇰 После подолга пауза за репрезентацијата на Македонија се повикани тројца фудбалери на ФК Пелистер.
🔴 Енвер Фејзуловски - У14 , 🟡 Натаниел Димовски - У16, 🔴 Михаил Талевски - У18.
Со среќа дечки и многу успеси ! 🇲🇰☘️