КК Пелистер Битола

КК Пелистер Битола Champions on the court since '48. Building athletes, fostering community, and redefining basketball.

🏀🤝 КК Пелистер и компанијата Пелистерка постигнаа договор за соработката, по кој овој македонски бренд ќе биде наш спонз...
03/09/2026

🏀🤝 КК Пелистер и компанијата Пелистерка постигнаа договор за соработката, по кој овој македонски бренд ќе биде наш спонзор и помагател во проектот. Пелистерка АД е еден од најпрепознатливите македонски брендови со долга традиција во производството на газирана и негазирана вода со препознатлив состав и балансиран вкус и безалкохолни пијалаци. Покрај сопствените производи, компанијата работи и со увоз, трговија и дистрибуција на познати брендови пиво и други пијалаци.

Заедно сме посилни!
КК Пелистер - Пелистерка АД

Ни претставува задоволство да најавиме исполнување на уште една клупска цел ова лето. КК Пелистер е посилен за уште еден...
01/09/2026

Ни претставува задоволство да најавиме исполнување на уште една клупска цел ова лето. КК Пелистер е посилен за уште еден американски кошаркар со одлична репутација на пазарот. Рузвелт Вилер доаѓа во Битола како етаблиран кошаркар, кој минатата сезона го носеше дресот на швајцарските клубови Женева и Масањо. Се работи за 23-годишен центар, висок 211 сантиметри, доминантен со својата појава и квалитет. Започна да напредува на колеџот Луизвил, па се пресели во Ист Тенеси. Покрај искуството во Швајцарија, Рузвелт има титула и во шампионатот на Чиле со екипата на Кулпе.

По неговото доаѓање во Битола ќе се приклучи кон екипата и веднаш ќе му се стави на располагање на тренерот Тане Спасев.

Завршува втората недела на заедничка работа на новиот Пелистер. Првиот претсезонски тест ќе биде натпреварот во Штип про...
31/08/2026

Завршува втората недела на заедничка работа на новиот Пелистер. Првиот претсезонски тест ќе биде натпреварот во Штип против Соколи 1933 во петок.

🎙️ Иван Сапунџиев по враќањето во КК ПелистерИмаме доста помлада екипа од досегашните и верувам дека ќе биде „погладна“ ...
26/08/2026

🎙️ Иван Сапунџиев по враќањето во КК Пелистер

Имаме доста помлада екипа од досегашните и верувам дека ќе биде „погладна“ за докажување. Сигурен сум дека момците се спремни да остават име во македонската кошарка.

Мислам дека ни следи изедначена сезона. Домашниот терен е клучен во скоро сите натпревари. Секое изненадување на гостински терен, без разлика дали сме ние или некои други екипи, ќе биде голем плус.

Време е за нов почеток!Довчерашниот капитен на КК Пелистер, Дарко Најдовски, стави крај на својата играчка кариера и поч...
21/08/2026

Време е за нов почеток!

Довчерашниот капитен на КК Пелистер, Дарко Најдовски, стави крај на својата играчка кариера и почнува нова - тренерска кариера. Нашиот лидер одлучи новата сезона да ја дочека со нова улога. Тој ќе се приклучи кон стручниот штаб на Тане Спасев и заедно со Владимир Николовски ќе ја извршува улогата на асистент тренер. Со овој потег КК Пелистер му дава шанса на уште еден млад тренер, во кого безрезервно верува и кој ќе ни помогне да бидат откриени нови таленти кои во иднина ќе го носат теретот во сениорската екипа.

🎙️🟢 Тане Спасев(тренер на КК Пелистер)Пелистер е клуб со реноме. Уште од моите младински денови брендот значеше во макед...
20/08/2026

🎙️🟢 Тане Спасев
(тренер на КК Пелистер)

Пелистер е клуб со реноме. Уште од моите младински денови брендот значеше во македонската кошарка многу. А и Битола е еден од најубавите градови во Македонија. Овој проект веднаш ми се допадна. Акцентот ќе биде на млади македонски играчи, со само три странци. Мислам дека ќе биде добра средина за работа, млада енергија и се надевам ќе играме убава кошарка за публиката.

Ќе одиграме пријателски натпревари само со македонски екипи, а првиот веќе е закажан за четврти септември. Ќе играме и на меморијален турнир тука во Битола. Горе-долу ќе тестираме со речиси сите екипи од лигата.

Кошаркарскиот клуб Пелистер официјално ги започна подготовките за новата натпреварувачка сезона 2026/27. Клубот влегува ...
20/08/2026

Кошаркарскиот клуб Пелистер официјално ги започна подготовките за новата натпреварувачка сезона 2026/27. Клубот влегува во овој циклус со целосно нова структура и визија за развој на тимот. Екипата сезонава ја предводи искусниот стратег Тане Спасев, кој потпиша едногодишен договор. Негов асистент ќе биде Владимир Николовски, со што се обезбедува континуитет во работата со кошаркарите.

На прозивката беа присутните сите новајлии, со исклучок на Американците кои ќе се приклучат од понеделник во Битола. Екипата ќе се подготвува со домашни спаринг партнери, а ќе настапи и на Меморијалниот турнир „Зоран Петковски-Петкото„ на 16 и 17 септември во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.

Добро познато име повторно ќе го облече дресот на КК Пелистер. Американскиот Си-Џеј Вилсон, 32-годишен поентер, кој мина...
19/08/2026

Добро познато име повторно ќе го облече дресот на КК Пелистер. Американскиот Си-Џеј Вилсон, 32-годишен поентер, кој минатата сезона ги бранеше боите на битолскиот прволигаш, се врати во нашиот клуб. По шест месеци минати во Шведска, Вилсон пак ќе го облече зелено-белиот дрес. Во половина сезона во дресот на Содертајле, Вилсон бележеше 11.8 поени, 5.4 aсистенции и 4.9 скокови по натпревар.

Вилсон е добро познато име во Македонија, бидејќи, покрај за Пелистер, го носеше дресот о на Кожув. Си-Џеј Вилсон пред Кожув и Пелистер настапуваше и во Полска, каде со 22,3 поени по натпревар беше најдобар стрелец во својот тим, а претходно беше дел и од шампионатите на Романија, Шведска, Албанија и БиХ.

Вилсон деновиве ќе пристигне во Битола и ќе се приклучи на своите нови соиграчи.

Новорформираниот кошаркарскиот клуб „Зоран Петковски – Петкото“ ќе го организира првиот Меморијален кошаркарски турнир п...
15/08/2026

Новорформираниот кошаркарскиот клуб „Зоран Петковски – Петкото“ ќе го организира првиот Меморијален кошаркарски турнир посветен на битолската кошаркарска легенда Зоран Петковски на 16 и 17 септември во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.

Турнирот ќе ги обедини поранешните клубови на Петковски, а неговиот матичен клуб КК Пелистер е еден од учесниците. Покрај нашиот клуб уште ќе настапат МЗТ Скопје, ТФТ Скопје и Куманово.

Петковски најголемиот дел од својата кошаркарска приказна го помина во Пелистер. Роден во 1978 година, своите први кошаркарски чекори ги направи во зелено-белиот дрес, а беше и младински репрезентативец на Македонија. Во играчката кариера, покрај Пелистер, настапуваше и за Куманово, Вардар, МЗТ Скопје, Соколи и Радовиш. По завршувањето на играчката кариера се посвети на тренерската работа, а повторно се врати во Пелистер и од клупата му помогна на битолскиот клуб да обезбеди пласман во елитното друштво.

Како клуб во кој остави неизбришливи траги ќе ни биде чест да бидеме дел од турнирот организиран во чест на нашата кошаркарска легенда.

КК Пелистер го формира стручниот штаб за сезоната 2026/27. Со назначувањето на Тане Спасев одреден е правецот во кој шан...
12/08/2026

КК Пелистер го формира стручниот штаб за сезоната 2026/27. Со назначувањето на Тане Спасев одреден е правецот во кој шанса им даваме на млади македонски тренери, едуцирани и мотивирано да го водат нашиот сениорски тим. Во таа насока го продолживме договорот со Владимир Николовски, кој ќе биде асистент на Спасев во сезоната која е на сам почеток. Николовски во последните неколку години работеше со многу тренери и го продолжува континуитетот на работа во својот Пелистер.

Address

Bitola
7000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when КК Пелистер Битола posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to КК Пелистер Битола:

Shortcuts

Share

Category