29/10/2025
Billiard Club MULO
Билјард клуб
29/10/2025
✨ Од рушевина до сон ✨
Од дете мојот живот е врзан со билјардот. Пораснав во клуб, кај татко ми – таму каде што го научив првиот удар, првата партија, првата лекција за дисциплина и посветеност.
Билјардот не беше само игра – беше семејна љубов, начин на живот.
По долга пауза, со брат ми решивме да ја продолжиме таа приказна.
Повеќе од 10 години работевме заедно во билјард клуб, со многу труд и успеси, но во нас секогаш живееше еден сон – да создадеме нешто свое, нешто поголемо.
Вистински билјард центар, место кое ќе ја отслика целата љубов и историја што ја носиме.
Кога го најдовме објектот, тој беше буквално рушевина – ѕидови пукаат, тавани паѓаат, подови без живот.
Мнозина би се откажале уште на прв поглед. Но не и ние.
Сите тројца – татко ми, брат ми и јас – влеговме со иста цел и срце.
Татко ми беше столбот на целата работа, човекот што го водеше процесот со искуство и златни раце, а ние зад него, чекор по чекор, со иста страст и визија.
Секој детал во клубот носи дел од нашиот труд, љубов и посветеност.
Од место без живот, создадовме простор полн со енергија, светлина и душа.
И денес, кога ќе застанам во клубот и ќе погледнам околу себе – знам дека ова не е само простор за билјард.
Ова е семејна приказна, создадена со љубов, пот и заеднички сон. ❤️
Со гордост можам да кажам дека денес нашиот клуб е меѓу најубавите и највредните билјард клубови во Македонија.
Но уште поголема гордост е тоа што зад сè стои нашето семејство.
Ова не е само клуб.
Ова е наследство, љубов и исполнет сон. 🎱
🎱🔥 Голема вест од Билијард Клуб Муло! 🔥🎱
Со гордост објавуваме дека официјално го инсталиравме BilliardON системот за пренос во живо! 📹✨
Од сега, ќе можете да ги гледате нашите мечеви во живо, да ги следите омилените играчи и да не пропуштите ниту еден момент – каде и да сте во светот! 🌍💥
🎥 Преноси во живо, резултати и статистики за играчите сега достапни онлајн, носејќи го нашиот клуб на повисоко ниво на професионалност и видливост.
Следете нè за најновите мечеви и турнири – и не заборавајте да не побарате на BilliardON.com! 🎯
22/04/2025
Утринска тема - Дали Македонија изобилува со билјард и снукер професионални играчи со Ана Србиновска
17/04/2025
Нека овој продолжен празничен викенд ви помине исполнет со забава и со добра партија билијард заедно со вашето друштво, фамилија или партнер/ка. Среќен празник на сите. Ве очекуваме 🪺🐣🐇
14/04/2025
🎙️СПорткаст EП08 | Македонија изобилува со талентирани снукер и билјард играчи 🎙️ Спортските приказни би биле залудни ако не бидат прераскажани! Водител е нашиот колега Стефан Крстевски, со кој потребата за поголема медиумска застапено...
13/04/2025
Државно првенство трет мастерс А девизија. Нашиот најдобар играч Златко Ицаноски го освој третото место. Првото освоено место за нашиот клуб во А девизија. Ти благодариме Златко за честа и во иднина ти посакуваме и се радуваме за уште многу освоени високи пласмани на државни и други првенства. 👏🏆🎱🍀
mk
burger
18/01/2025
29/12/2024
Нека новата година ви донесе среќа, радост и секако пред се здравје. ✨️🎄
Посетете не и поминете ги вашите празнични денови во добра дружба, добра партија билијард и во нашата топла атмосфера со вашите најблиски. Ве очекуваме. 🎱
07/11/2024
Dodeluvanje na novi dresovi za nasite AS igraci. Za mnogu novi pobedi i uspesi.🏆
05/11/2024
Среда 06.11.2024 ја започнуваме нашата нова приказна во нашиот нов клуб Mulo Billiard Bar & Sports Club. На утрешниот ден нека сите патишта ве водат до отворањето на нашиот клуб кој е опремен по сите светски и европски критериуми. Клуб кој Битола го заслужува да го има. Ке ни биде голема честа да ви ги отвориме вратите и заедно со вас да доживуваме незаборавни моменти. Ве очекуваме сите.🎱🍾
Click here to claim your Sponsored Listing.
Location
Category
Contact the business
Telephone
Website
Address
Kole Lacheto 22, ( Kaj Cinarot )
Bitola
7000
Opening Hours
| Monday | 09:00 - 01:00 |
| Tuesday | 09:00 - 01:00 |
| Wednesday | 09:00 - 01:00 |
| Thursday | 09:00 - 01:00 |
| Friday | 09:00 - 01:00 |
| Saturday | 12:00 - 01:00 |
| Sunday | 12:00 - 01:00 |