RedScouser Macedonia

RedScouser Macedonia Фејсбук страна на Велешкиот Фан Клуб на Ливерпул - Liverpoo

🔴 Match Day 🔴Нека се повтори првото коло од минатата сезона и со победа да започнеме ‼️
23/08/2026

🔴 Match Day 🔴
Нека се повтори првото коло од минатата сезона и со победа да започнеме ‼️

Постигнат е договор помеѓу клубовите. Картите се сели во Интер за €35мил.
19/08/2026

Постигнат е договор помеѓу клубовите.
Картите се сели во Интер за €35мил.

Овие први 45 минути на Џереми се убедливо најдобрите први 45 минути што сум ги гледал некој играч на Ливерпул да ги изиг...
16/08/2026

Овие први 45 минути на Џереми се убедливо најдобрите први 45 минути што сум ги гледал некој играч на Ливерпул да ги изигра. 🔥🔴

🔴 Верувам дека сите слушнавте и видовте за новите инвеститори во Ливерпул, меѓу кои е и Џеф Безос човекот зад Амазон.Иск...
10/08/2026

🔴 Верувам дека сите слушнавте и видовте за новите инвеститори во Ливерпул, меѓу кои е и Џеф Безос човекот зад Амазон.

Искрено, колку што сакам Ливерпул да биде успешен како фудбалски клуб, толку не ми се допаѓа правецот во кој оди фудбалот денес. Сè повеќе бизнис, милијарди, инвестиции и профит, а сè помалку од оној фудбал што го знаеме – фудбал со страст, емоција и она нешто што не може да се купи со пари, ако сеуште има такво нешто.

Но… тоа е реалноста. И, сакале или не, треба да ја прифатиме.

Јас би останал голем фан на Ливерпул и доколку клубот падне финансиски или доколку минува низ најтешките моменти. Па исто така ќе останам голем фан и доколку еден ден станеме суперсила, дури и ако тоа е благодарение на милијардите на некој си Безос.

На крајот на денот, Ливерпул е Ливерпул. ❤️

А кога веќе тие си играат „Football Manager“ во живо и со вистински милијарди, ние можеме барем да си дозволиме малку да фантазираме. 😁

Па така, после вестите за новите инвеститори, кои веќе стануваат реалност, ова е мојата мала желба… 👇

📦🔴 #ГиСакамОлисеБарколаВоАмазонскоПакетче

Нека си игра Безос со инвестиции, нека си игра клубот со милијарди…
ние си имаме наши желби. 😎

❤️

Само момаков од вторава слика заслужува да биде споменат. Мислам дека има страшни предиспозиции да биде одличен стопер. ...
09/08/2026

Само момаков од вторава слика заслужува да биде споменат. Мислам дека има страшни предиспозиции да биде одличен стопер.

🔴 Ова е Ливерпул! Ова е Анфилд! Ова е само пријателски натпревар!Но погледнете го ова… ❤️ Илјадници фанови повторно се т...
09/08/2026

🔴 Ова е Ливерпул! Ова е Анфилд! Ова е само пријателски натпревар!

Но погледнете го ова… ❤️ Илјадници фанови повторно се тука,пред натпреварот со Монако да покажат колку им значи овој клуб и колку многу посакуваат уште една голема сезона.

Со други зборови:
"Ние сме со вас од прва до последната секунда. Редот е на вас, играчите и целиот тим!
Ајде момци… заедно да ја направиме уште една сезона за паметење!" 🔴👊

COME ON YOU REDS!

🚨 Вчера касно, нешто пред полноќ, неколку навистина доверливи и еминентни новинари ја пуштија веста дека Ливерпул, Барса...
08/08/2026

🚨 Вчера касно, нешто пред полноќ, неколку навистина доверливи и еминентни новинари ја пуштија веста дека Ливерпул, Барса и Араухо се договориле за едногодишна позајмица, со можност Ливерпул на крајот од сезоната да го откупи.

Е сега, да си го кажам моето мислење за трансферов. 👇

Искрено, мене ова ми е баш Moneyball потег, како во филмот со Бред Пит. 😂

Араухо несомнено има квалитет и талент. Впрочем, сериозен клуб како Барса нема туку-така да му ја даде капитенската лента ако човекот не поседува и фудбалски и лидерски, а верувам и човечки квалитети.

Точно е дека последно време имаше пад во формата. Дел поради повреди, дел поради некои лични проблеми. Ама токму тука ми е асоцијацијата за овој како што пишав погоре "moneyball" потег на Ливерпул.

Араухо има 27 години. Велат дека тоа се едни од најзрелите години за еден фудбалер. Можеби промената на средината токму сега е најдоброто нешто што може да му се случи за повторно да ја најде формата од најдобрите денови во Барса.

И сега замислете го Араухо барем на 70-80% од најдоброто негово издание. Во тој случај ќе биде ОГРОМНА помош за ВВД. И искрено, со таков Араухо и ВВД каков што го знаеме, мислам дека Ливерпул би можел да има еден од најдобрите стоперски тандеми што сме ги гледале последниве неколку години.

Зошто?

Баланс. 🔴
👇
Од едната страна ВВД – сталожен, смирен, позициониран, со дијагонали кога се напаѓа и лидер не само во одбраната, туку и на целиот тим.

Од другата страна Араухо, играч што одговара за стилот на Ираола-пргав, брз, физички јак, способен сам да изнесе топка и со огромна брзина да се префрли во противничката половина и да се приклучи во нападот кога треба.

А токму тука мислам дека ВВД може да му биде онаа контрола и стабилност што му е потребна.

И уште една работа – Араухо комотно може да покрие и бековска позиција, што во ваква долга сезона и со 60+ натпревари може да биде прекупотребен.

Сума сумарум, мене ова ми изгледа како одличен потег со релативно мал ризик. Ако успееме да го вратиме Араухо на неговото најдобро ниво, ова во иднина и те како може да се покаже како еден од најпаметните потези на менаџерскиот тим.

Не знам за вас, ама јас имам позитивен филинг за ова. 👀🔴

Што мислите вие?

Араухо на позајмица во Ливерпул. БРАВО!
07/08/2026

Араухо на позајмица во Ливерпул.
БРАВО!

Ми се допаѓа тоа што Муноз ќе носи 23ка. Не за друго, туку затоа што Салаховата 11ка изгледа е резервирана за некој друг...
05/08/2026

Ми се допаѓа тоа што Муноз ќе носи 23ка. Не за друго, туку затоа што Салаховата 11ка изгледа е резервирана за некој друг :)

🚨 Според најновите информации, Ливерпул покрај Бредли Баркола покажува сериозен интерес и за Ибрахим Мбаје. Наводно, и д...
05/08/2026

🚨 Според најновите информации, Ливерпул покрај Бредли Баркола покажува сериозен интерес и за Ибрахим Мбаје. Наводно, и двајцата играчи се заинтересирани за преселба на „Енфилд“. 👀🔴

Главната пречка е цената. Се споменува дека ПСЖ бара околу 170 милиони евра за Баркола и околу 40 милиони евра за Мбаје, што би значело инвестиција од над 200 милиони евра за двајца крилни играчи.

Баркола е несомнено одличен фудбалер, но минатата сезона не беше стандарден стартер во ПСЖ. Од друга страна, Мбаје важеше за трета опција на крилните позиции. Дали е оправдано да се вложат над 200 милиони евра за ваков пакет?

Според мене, би било сосема во ред клубот да инвестира околу 200 милиони евра за Баркола и Мбаје, но само доколку и по таа инвестиција има буџет и план да донесе уште дефанзивен играч за врска (DMF), стопер и бек.

Но, доколку тие 200 милиони значат дека трансфер буџетот практично ќе биде скоро исцрпен, тогаш искрено повеќе би сакал средствата да се распределат:

Ибрахим Мбаје – околу 40 милиони евра Рајан (Борнмут) – околу 90 милиони евра (левоног играч, профил што моментално ни недостасува)
Со преостанатиот буџет, плус уште некое милионче 🙂, да се донесат стопер, бек и дефанзивен играч за врска (DMF).

🔴 Што мислите вие? YNWA ❤️

Address

Sirok Sokak 154
Bitola
7000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when RedScouser Macedonia posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category