05/06/2026
МАКЕДОНИЈА
домаќин на регионалното коло од European Youth League Championship, настан кој обедини голем број млади стрелци, тренери и љубители на стрелаштвото.
Одличната организација, спортскиот дух, фер-плејот и високото ниво на натпреварување придонесоа овој настан да биде вистинска промоција на спортот. Задоволството кај учесниците, дружбата и размената на искуства уште еднаш потврдија дека стрелаштвото бележи континуиран развој.
Честитки до сите натпреварувачи за прикажаните резултати, борбеноста и посветеноста, како и до организаторите и сите кои придонесоа за успешна реализација на овој значаен спортски настан.
ГСК ПЕЛИСТЕР , БИТОЛА
31/05/2026
Со секој истрел се поблиску до целта.
Се гледаме на врвот !!!
19/05/2026
Изминатиот викенд,
16 и 17 Мај, се одржа јубилејниот 20-ти Grand Prix SKOPJE 2026 — еден од најзначајните меѓународни стрелачки настани во Македонија.
Упатуваме искрени честитки и пофалби до МССФ за одличната организација, како и до сите учесници, натпреварувачи, гости, пријатели на федерацијата и љубители на спортското стрелаштво кои беа дел од овој голем јубилеј.
Ова јубилејно издание е уште една потврда за континуитетот, квалитетот и традицијата на Grand Prix SKOPJE турнир кој веќе две децении успешно ги обединува стрелците од Македонија и пошироко.
Со организацијата на меѓународниот турнир
Grand Prix SKOPJE,
спортското стрелаштво станува сѐ попрепознатливо и поценето во Македонија и регионот, промовирајќи спортски дух, пријателство и врвни спортски вредности.
Горди сме што и членови на нашиот клуб беа дел од овој значаен настан, давајќи несебична поддршка за афирмација и развој на спортското стрелаштво во Македонија
13/05/2026
09.05.2026 – Скопје
МССФ II КУП
Уште едно натпреварување исполнето со одлична организација, спортски дух, дружење и промоција на стрелаштвото во Македонија.
Нашите стрелци повторно покажаа дека посветеноста, упорноста и континуираната работа носат одлични резултати и нови успеси.
Горди сме на постигнатите резултати и на достојното претставување на клубот.
Честитки до сите учесници за прикажаните резултати, спортскиот дух и фер натпреварувањето!
Со почит,
ГСК ПЕЛИСТЕР Битола
02/05/2026
Дружење и тренинг-натпревар во одлична атмосфера со нашите пријатели СК ХЕРОЈ – Прилеп.
Градиме пријателства, се стекнуваат нови искуства и се усовршуваат стрелачките вештини
22/04/2026
Со големо задоволство ја споделуваме оваа извонредна вест доказ за континуирана посветеност, квалитетна работа и раст на спортското стрелаштво во Македонија.
МССФ официјално ги поканува своите активни членови, рекреативци, пријатели и сите љубители на стрелаштвото да бидат дел од 20th International Open Shooting Tournament – GRAND PRIX SKOPJE 2026.
Овој престижен настан не е само натпревар – туку симбол на традиција, успех и истрајност.
Како најмасовен и најстар меѓународен турнир во континуитет во Македонија,
GRAND PRIX SKOPJE претставува вистински доказ за развојот и значењето на спортското стрелаштво на национално и меѓународно ниво.
Не очекува врвна организација, силна конкуренција и одлично дружење
Бидете дел од ова јубилејно издание
СПОРТСКИ ПОЗДРАВ
ГСК ПЕЛИСТЕР - Битола
https://mssf.org.mk/%D0%BF%D0%BE%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D0%B0-%D0%B8-%D0%B8%D0%BD%D1%84%D0%BE%D1%80%D0%BC%D0%B0%D1%86%D0%B8%D0%B8-%D0%B7%D0%B0-20-%D0%BE%D1%82-%D1%98%D1%83%D0%B1%D0%B8%D0%BB%D0%B5%D0%B5%D0%BD-grand-prix-skopje/?fbclid=IwdGRjcARWL8hjbGNrBFYvwGV4dG4DYWVtAjExAHNydGMGYXBwX2lkDDM1MDY4NTUzMTcyOAABHmYsaJ89kIP0wiobEhi2viEIQS_pIvuRHqQfzisYqfJNDKLWvy8n4Uebxru7_aem_sy1JgGZ0bvu7KTx0vdouPw
10/04/2026
Секој тренинг изгледа исто – истата екипа, истата посветеност… но енергијата расте, резултатите стануваат сè подобри.
Тимски дух, мотивација, заедничка борба и една јасна цел.
Чекор по чекор – се гледаме на врвот.
Remember we never surrender!!
GSK"PELISTER" Bitola
03/04/2026
🥇🥋 Две девојчиња од Ресен – државни шампиони во џудо!
Ресен слави: Две млади џудистки – двојно злато за Марија Ангелова и Марија Китевска! 🥇🥋 Ресен има двојна причина за гордост! Младите џудистки Марија Ангелова и Ма...
30/01/2026
УСПЕШЕН ПОЧЕТОК НА НОВАТА СТРЕЛАЧКА СЕЗОНА 🎯
Големиот број на нови членови е јасен доказ дека клубот успешно расте и се развива.
Со јасна цел, посветеност и тимски дух – одиме кон нови успеси и уште подобри резултати!
ГСК "ПЕЛИСТЕР"Битола