За спортот во Битола

За спортот во Битола

Share

Преку оваа страна, имаме за цел да ве информираме што п?

Следени натпревари:
*Квалификации за ЕП 2018 во Хрватска*
| Македонија - Исланд | - 3/4.5.2017
| Исланд - Македонија | - 6/7.5.2017
| Украина - Македонија | - 13/14.6.2017
| Македонија - Чешка | - 17/18.6.2017

30/05/2026

👏 Фк Пелистер со емотивно видео и последен повик се обрати до своите Чкембари, битолчани, но и македонци пред утрешниот натпревар.

29/05/2026

🔥 ОД БИТОЛА ВОЗВРАТИЈА НА ПРВИТЕ ПРОВОКАЦИИ, ОД СЕЛОТО КАДЕ 2001 г. СЕ ВЕЕШЕ БЕЛО ЗНАМЕ!

📢 ПРОТИВ ЕДНО СЕЛО, КОЕ ВАДЕШЕ ЗНАМЕ БЕЛО!
🏳️

29/05/2026

БИТОЛА СЕ КРЕВА НА НОЗЕ ЗА БАРАЖ НАТПРЕВАРОТ, ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА ЌЕ НАВИВА ЗА ПЕЛИСТЕР!

17/05/2026

ФФМ И МИНИСТЕРСТВО ЗА СПОРТ СО ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ЗА ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР, СЕЛЕКТОР И РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ НА МАКЕДОНИЈА!

📢 ФФМ и Министерството за спорт со остри реакции по „недоличната“ прослава на титулата на ФК Вардар, во која учествуваа фудбалери репрезентативци, предводени од новоназначениот селектор Гоце Седлоски, а во режија на Козарот.

● По овој повод, Дисциплинскиот инспектор при ФФМ веднаш ќе отвори постапка против клубот во врска со последните случувања.

● Министерот за спорт, Борко Ристовски, исто така го осуди ваквото однесување:
„Во однос на синоќешните видеоснимки кои се појавија од прославата на ФК Вардар, како Министерство, но и од мое лично име како министер за спорт, сакаме да ја известиме македонската јавност дека недвосмислено го осудуваме ваквиот тип прослави, кои вклучуваат навреди по која било основа, особено доколку во нив се вклучени спортски работници, играчи, селектори и лица од јавниот живот.“

⚠️ БАРАМЕ ОДГОВОРНОСТ ОД КОЗАРОТ, КОЈ БЕШЕ „РЕЖИСЕР“ НА СЛУЧУВАЊАТА, А ПОТОА ВИДЕОТО ГО ОБЈАВИ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ, ЗАБРАНА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА ДЕЈНОСТ И ФУНКЦИЈА ВО СПОРТ!

⚠️ БАРАМЕ ОДГОВОРНОСТ И ОД НОВОНАЗНАЧЕНИОТ СЕЛЕКТОР ГОЦЕ СЕДЛОСКИ, ПОРАДИ ТОА ШТО БЕШЕ ИНИЦИЈАТОР СИТЕ ФУДБАЛЕРИ НА ВАРДАР ДА СТАНАТ И ЗАЕДНО ДА ПЕАТ НАВРЕДУВАЧКИ ПЕСНИ НЕ САМО КОН БИТОЛА, ТУКУ И КОН ЛИЧНОСТ И ДЕЛО КАКО КАРОЛИНА ГОЧЕВА!

⚠️ БАРАМЕ ОДГОВОРНОСТ И ОД СИТЕ РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ СЕНИОРИ И У21 КОИ УЧЕСТВУВАА ВО ОВА НЕДОЛИЧНО ОДНЕСУВАЊЕ, НИВНО ПРИВРЕМЕНО ОДСТРАНУВАЊЕ ОД РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА, ОСВЕН ЗА ДАВИД БАБУНСКИ!

😉 Едно е кога таква песна доаѓа од навивачка база или трибина, а сосема друго кога доаѓа од спортски работници, актуелни репрезентативци и селектори.
Почитта и достоинството мора да бидат над секое ривалство.

16/05/2026

Брука!

12/05/2026

☘️🔥 БОМБААА ОД БИТОЛА!

🇭🇷 ЛИНО СЕ ВРАЌА ВО РАКОМЕТОТ!

✍️☘️ ОФИЦИЈАЛНО: 'Стариот лисец' Лино Червар е нов тренер на Рк Е.Пелистер!

🇭🇷 75 годишниот хрватски стратег, во Битола доаѓа со богата биографија и име што значи авторитет, дисциплина и победнички менталитет. Во својата кариера остави силен траг и беше главниот столб на Металург, додека пак со Хрватска освои олимписко злато.

🧐 Според неофицијални информации, Лино со себе во Битола ги носи и Филип Миркуловски како и Вугринец, но каква улога ќе имаат тие, за сега не е познато.

🔥 Наводно, Червар побарал целосна контрола и одврзани раце, а неговите контакти и неговото име и само заслужуваат такво нешто.

✍️ Договорот наводно ќе биде потпишан на 2 години.

☘️ Среќно и заедно до нови успеси.

08/05/2026

📢

Јавно прашање до СОПСТВЕНИЦИТЕ, СТРУЧНИОТ ШТАБ И РАКОМЕТАРИТЕ!

Со што Битола и Чкембари заслужија да си играте мајтап со името Пелистер???

Дали сте свесни дека овој град, за вие да имате сe што ви е ветено, си одделува од лебот од уста? Пелистер не почнал од вас. Пелистер не станал симбол на македонскиот ракомет поради вас. Пелистер е Пелистер благодарение на тони пролеана крв за тој свет дрес кој вие денес го мочате.

Пелистер е создаден од генерации кои играле во услови далеку полоши од вашите, ама гинеле на терен. Овој клуб го красеа инает, храброст и душа. А вие денес изгледате како бездушни платеници.
Чисто за анализа, ќе имате ли доблест повторно да се погледнете на што личевте вчера?
Ви сметал овој, ви сметал оној, тој со тој не зборувал, некој со некого се пцуел... Оправдувања како во некоја селска кооперација.
Земате илјадници евра – ЗА ШТО?
Ако не сакате да го работите тоа за што сте платени, имате излез. Одете си. СИТЕ ДО ЕДЕН!

Немате проблем да земате плата, ама имате проблем да го дадете максимумот за клубот што ве плаќа? Еден ебан денар од ПСЖ наваму не сте заслужиле.
На многу ваши глупости сме се воздржувале во минатото, само поради доброто на клубот, и тоа на наша штета.
Доста е ЌУТЕЊЕ!!!!

БАРАМЕ, конкретни и коренити промени уште денес, за доброто ваше, наше и на клубот. Секогаш сме и ќе бидиме само позади интересите на Пелистер. Сите сте криви, промени треба од горе до долу!!!!

08/05/2026

🎯☘️

Преспана ноќ, ладна глава... така велеше еден претседател на клуб.

Пелистер вчера во „Јане Сандански“ не беше ужасен. Пелистер беше очаен. Покажа како од тронот до дното се стигнува молскавично — слободен пад, во непознат правец, без координати.

Вчера помина и нема назад. Денес е нов ден, сонце повторно изгреа. Но, дали имаме координати? Дали компасот ни работи? Дали знаеме каде одиме и зошто?

Тоа се прашања што никој не ги поставува, а уште помалку некој одговара на нив.

Не сакате критика. Сакате бајки. Сакате басни. Сакате сите да носиме исти розеви наочари и сè да изгледа розово.

Затоа ни се случува ова. Затоа не учиме од грешките. Затоа што секој што ќе каже нешто различно веднаш е непријател.

Не.

За тоа што го сакаме, смееме и ќе зборуваме. Без разлика дали сме во право или не.

Еден од најголемите, нашиот македонец Кире Лазаров, пред неколку години кажа: „На битолската публика не можете да ѝ зборувате за ракомет, таа секогаш е во право.“

Проба да ви ги тргне тие розеви наочари. Проба да ви каже дека компасот го нема, но...

Сакате малку назад?

Првата титула беше освоена со помош на Тиквеш, откако во братско Кавадарци го совлада Вардар.

Втората титула дојде откако Алкалоид го совлада Вардар и го отвори патот на титулата кон Битола.

Единствено кристално чиста и заслужена беше онаа од минатата сезона, кога шампионот се решаваше во директен дуел.

Сето ова го знаете. И го кажувате. Но не делувате.

Не пресекувате навреме. Затоа ни се случи пораз од 15 разлика. Затоа што слепо им се верува на луѓе кои до вчера или не знаеја каде е салата, или беа најголеми анти-пелистерци или пак се останати некаде во 80тите...

Наместо метла за нив, за момент се свртивте против своите. Ги нарекувавте пијаници и нешто друго...

Помина и тоа.

Но фактите остануваат.

Три години по ред шампион, а Пелистер нема костур на екипа. Три години по ред шампион, а не успеа да привлече сериозни спонзори. Не направи исчекор. Не порасна организациски. Не порасна спортски. Не порасна на секое поле како што требаше.

Денес, наместо по инерција да зборуваме за уште три титули, зборуваме за пад.

Три години во најелитното европско натпреварување — . Со најдобрите 16 во Европа.
И ништо не научивме?
Не прашавме поголеми клубови? Не презедовме модели? Не анализиравме?
Не е срамота да прашаш. Срамота е да не знаеш.

Ако мислиме дека сè знаеме, тогаш проблемот е повторнл во нас.

Излезе на површина целиот талог што со години се туркаше под тепих, додека сите мислевме дека ова ќе трае вечно.

Битола, Широк Сокак, најракометниот град на светот, тивко но јасно кажува:
Рибата смрди од главата.

А главата?

Најлесно е да се смени тренер. И не велиме дека не требало. Но, дали ќе се смени стратегијата? Ако воопшто постои. Дали ќе се смени начинот на работа? Ако воопшто постои.
Дали ќе се промени нешто во врвот? Спортскиот сектор? Скаутингот? Менаџментот? Стручниот штаб?
Или повторно ќе се смени само најлесната фигура?

Не учиме од грешките. Напротив — истите ги повторуваме.

Битола препознава.

Како што препозна чесност и посветеност, така препознава и непрофесионалност и нестручност.

Наместо со преспана ноќ и ладна глава да се каже што понатаму, веднаш слушаме: „В година ќе се вратиме.“

Ќе се вратиме дома. Ќе се вратиме таму. Ќе се вратиме ваму.

А коментарите исклучени.

Тоа не е фер игра.

Со туркање под тепих и сокривање — не оди.
Фер е да се каже реалната слика. Фер е да се именуваат проблемите. Фер е тренерот да ги донесе своите помошници. Фер е, ако нема сила, да се каже:
„Нашата цел е Пелистер повторно да биде шампион за 2-3-5 години.“

И тоа Битола ќе го разбере. И ќе го поддржи.
Но не се фер бајки и песнопојки.

Фер е да се каже и што е планот со Е.Пелистер 2 . Има ли визија? Има ли систем? Има ли иднина?

Ако „немате кој“, прашајте ги играчите што цели кариери минале надвор од Македонија. Виделе различни земји, различни методи, различни системи.

ПЕЛИСТЕР Е НАД СЕКОЈ ПОЕДИНЕЦ.
НАД СЕКОЈ ОД НАС.
НО И НАД ВАС.

ПЕЛИСТЕР БИЛ, Е И ЌЕ БИДЕ.
И ПОСЛЕ НАС.
И ПОСЛЕ ВАС.

Знаете како се пее во „Птицо Моја“?

Пелистер е име наше, Пелистер е живот наш...

Кога тоа ќе го разберете, тогаш ќе разберете што значи Пелистер за секој еден битолчанец.

И можеби тогаш, Еурофарм во името ќе дојде после Пелистер.

Оти:
ПЕЛИСТЕР Е НАД СÈ!

САМО ЕДЕН ТИМ, САМО ЕДЕН ГРАД - САМО ПЕЛИСТЕР, САМО БИТОЛА!

06/05/2026

📢☘️

🔥 На натпреварот од 1/4 финалето во ЕХФ европската лига, помеѓу Вардар 1961 и Монпејле, во еден момент коментаторот на Арена Спорт (нормално не неписмените и анти-битолските на МТВ), прокоментираа:

📢 ,,Najglasnija rukometna dvorana na svetu, posle one u Bitolju, takođe u Makedoniji."

☘️ Коментарот се однесуваше на тоа дека ,,Јане Сандански" е најгласната сала, но после ,,Боро Чурлевски" во БИТОЛА!

САМО ЕДЕН ТИМ, САМО ЕДЕН ГРАД - САМО ПЕЛИСТЕР, САМО БИТОЛА!

Photos from За спортот во Битола's post 03/05/2026

🔥 Навивачката група Лозари со порака до ФФМ, Вардар, ВМРО и Комити.

Want your business to be the top-listed Gym/sports Facility in Bitola?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Category

Website

Address


Shirok Sokak
Bitola
7000