ТРЧАЈ БЕ

ТРЧАЈ БЕ

Share

Добредојдовте на официјалната ФБ страница на Трчај Бе | Welcome to the official page of Trcaj.be

Photos from Sinpeks Home's post 15/06/2026

💫

Photos from ТРЧАЈ БЕ's post 15/06/2026

Фотографијата има една прекрасна особина.

Успева да го запре времето токму во моментите кога најбрзо поминува.

Благодарение на Ана Станаревиќ, „Мини Трчај бе“ ќе продолжи да живее и долго по последниот свиреж, последниот медал и последната детска насмевка на шеталиштето.

Ви ги оставаме овие фотографии како потсетник на еден ден исполнет со радост, енергија, другарства и повеќе од 800 мали причини за оптимизам.

Градот беше во детски режим на 13 јуни 2026 💫

Photos from ТРЧАЈ БЕ's post 14/06/2026

Ако се прашувате како изгледа радоста, веројатно изгледа вака.

Со бројче на градите.
Со медал околу вратот.
Со родители што навиваат од страна.
И со чувство дека целиот свет е една голема патека за трчање.

Уште една фото приказна од Мини Трчај бе низ очите на Кети Талевска Бакревска 📸

Photos from Кромберг & Шуберт Македонија's post 13/06/2026

💫

Најслатките и најмилите по трет пат трчаа на “МИНИ Трчај БЕ“ – Битола во детски режим (фотогалерија) - Bitola News 13/06/2026

⭐️

Најслатките и најмилите по трет пат трчаа на “МИНИ Трчај БЕ“ – Битола во детски режим (фотогалерија) - Bitola News -И денес како и во изминатите две години, проближно на овој датим, беше весело и возбудливо на Шеталште во Битола каде голем број деца од различни возраст, трчаа на 3. ...

Photos from ТРЧАЈ БЕ's post 13/06/2026

Денес Битола полна со насмевки и полна со деца кои не се плашат да трчаат. Искрено, понекогаш во Трчај бе мислиме, дека возрасните повеќе се плашат од трчањето отколку тие.

Четвртото издание на „Мини Трчај бе“ донесе уште еден сончев, гласен и прекрасен ден исполнет со радост.

Ова е само првата галерија со фотографии, потпишана од Диоген Хаџи Коста Милевски.

Илјадници фотографии допрва ќе ја раскажуваат приказната за денот кога најмладите повторно нѐ потсетија како изгледа чистата среќа.

Благодарност до сите родители, волонтери, партнери, спонзори и пријатели на „Трчај бе“.

На сите што веруваат дека добрите проекти вредат да се градат. И дека секое дете заслужува простор да трча, да се радува и да биде дете.

Останете со нас.
Ова е само почетокот на галериите ❤️🏃‍♀️🏃‍♂️📸

Мини Трчај Бе 2026 13/06/2026

Пријателите на МИНИ ТРЧАЈ БЕ

PlayZone Magic
Igroteka PlayZone Bitola
🧸❤️

Мини Трчај Бе 2026 🏃‍♂️🎉 Мини Трчај Бе 2026 – ден исполнет со детска радост, насмевки ...

13/06/2026

Фичата и Мини Трчај бе веќе се стари пријатели ❤️🚗

И оваа година, нашиот пријател Чифлик е дел од приказната што ја создаваат најмалите тркачи.

Легендарните фича пред Ciflik Winery се одлични за позирање со нашето лого.

Благодарност до тимот на Чифлик што повторно ја поддржува Мини Трчај бе и што потсетува дека некои работи никогаш не излегуваат од мода … како детската радост, доброто дружење и ретро фичата.

Мини Трчај бе 2026.
Мали нозе. Големи спомени.

❤️

Photos from ТРЧАЈ БЕ's post 13/06/2026

Медалите се подготвени.
И чекаат.

Не затоа што победило некого.
Туку затоа што се осмелило да застане на стартот, да трча, да се забавува и да биде дел од најубавата трка.

🏅

Златен, сребрен и бронзен медал за најбрзите 🥇🥈🥉

А секое дете што ќе ја помине целната линија на Мини Трчај бе 2026 ќе си замине со свој медал.
Не затоа што победило некого.
Туку затоа што се осмелило да застане на стартот, да трча, да се забавува и да биде дел од најубавата трка.

Секоја година имаме нови дизајни и дечињата веќе си прават колекција.
Дизајнирани се од ♥️ од .co .

Овие медали повторно со многу љубов се поддржани од нашите пријатели од , компанија која веќе години наназад е дел од приказната на МИНИ Трчај бе и верува дека секое дете заслужува спомен што ќе го чува долго по завршувањето на трката.

ги изработи со многу внимание ⭐️

Се гледаме на целта 🏁 драги деца.

Мини Трчај бе 2026. ❤️🏃‍♀️🏃‍♂️🏅

⋮IWConnect

Want your business to be the top-listed Gym/sports Facility in Bitola?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Category

Address


Ruzveltova 17
Bitola
7000