16/02/2026
Почна Билјардската сезона, а за тоа колку беа нестрпливи, желни за игра и натпреварување кажува и бројката од дури 99 играчи во Б дивизијата и стандардните 16 во друштвото на најдобрите.
Во Организација на Билјард Федерацијата на Македонија играчите беа угостени во Билјард клубот Гран клуб од Скопје.
А дивизијата никогаш појака, а Лонгони беше претставен од Илче Трајковски и Илија Димовски. Се играше омилената дисциплина 9 ка, а довчерашниот Јуниор Илија Димовски со галипирачки старт и сигурна игра со многу брејк ан ран завршници, одлично обмислени и технички удари беше првиот кој стигна во финалето каде го чекаше ланскиот првак, 15г. возрасниот Андреј Ѓурчиновски, негов другар и сопатник и цимер на меѓународните турнири.
После одличниот старт и 3 0, следеше застој и преземање иницијатива од противникот па така може да констатираме дека второто место на Илија Димовски е најголемиот успех во сениорска конкуренција и е најава за одлична сезона. Илче Трајковски имаше една победа и настап
под неговото ниво.
Поради големиот број на играчи Б дивизијата се играше во два дена што само по себе му дава дополнителна тежина на турнирот. Од вкупно 99 играчи, само 8 го преживеаа првиот ден од кои двајца беа од Битолскиот клуб.
Ветеранот Игор Радичоски за кого до последен момент се мислеше дека се прости од билјардот најпрво изненади со тоа што воопшто се пријави, а особено фасцинира со жилавоста и особено квалитетните удари во клучните мигови. Среброто на Игор и петтото место на Тино Бојаџиев се добра стартна позиција за враќање во Елитата. Добар настап и несреќен пораз имаше Тони Петровски, а особено забележителен настап имаше аквизицијата Реџеп Клења кој претставува извонредно засилување и освежување на тимот.
Настапија уште и Петар Думевски, Кристијан Треневски,Благој Илиевски, а за поздравување е и дебито на Давор Огненовски. Судии беа битолскиот двоец Петровски и Думевски.