03/05/2026
👉 Фотогалерија од вчера 🏆🥈🇲🇰
Фејсбук фан страна на Пелистер Волеј
Информации, видеа, слики, настани, коментари
03/05/2026
👉 Фотогалерија од вчера 🏆🥈🇲🇰
03/05/2026
🏆🥈🇲🇰
👉Пелистер Волеј потврдува дека е непресушен извор на одбојкарки кои потекнуваат од школата, клуб кој има силна иднина, цврсто веруваше и верува во својата изворна сила, во своите млади одбојкарки.
👉11 години во континуитет (2015-2026), 14 последователна генерација (одбојкарки родени од 1998 до 2011) која освојува медал во дресот на Пелистер Волеј, е силен доказ дека клубот одвојува пред се огромни човечки па и финансиски ресурси и непрестајно вложува во своите најмлади.
👉Пелистер Волеј и во иднина ќе создава силни генерации 💪💚🤍
02/05/2026
ВИЦЕШАМПИОНИ НА МАКЕДОНИЈА🇲🇰🏆🥈
Пелистер Волеј - Наковски Волеј
1:3
👉Во финалето Пелистер Волеј одигра интересен прв сет кој што го доби екипата на Наковски Волеј и супер драматичен втор сет во кој испуштивме предност од 15:10 со што противникот ја зголеми предноста на 2:0. Во третиот сет нашата екипа започна лошо и кога сите помислија дека за брзо ќе биде 3:0, по двата тајмаути на клупата, екипата на Пелистер покажа дека неслучајно се најде во ова финале и го доби третиот сет со голем пресврт. Мечот продолжи во четврт сет и повторно струмичката екипа тргна со високо водство. Нашите одбојкарки по втор пат се обидоа да го возвратат ударот и го донесоа сетот во неизвесност за ова финале да го одведат во петти одлучувачки сет.
На крајот очигледно беше дека недостига физичка сила од овие два исцрпувачки натпревари. Сепак овој сребрен медал за оваа генерација на одбојкарки како и за нашиот клуб е потврда за континуираниот успех на повеќе од 11 последователни генерации кои се закитиле со најмалку еден медал во една од младинските државни лиги на Македонија.
Честитки до сите наши одбојкарки за остварениот успех како и до сите учесници на овој Ф4 турнир.
Голема благодарност и за нашата публика која не бодреше на двата денешни натпревари.
👉Пред финалето, нашата кадетската екипа на завршниот турнир Ф4, во полуфиналето беше поуспешна од екипата на Газели Волеј од Скопје, совладувајќи ја со резултат 2:1 во супер драматичен натпревар со многубројни пресврти.
👉Само еден клуб, само еден град 💪
👉Само Пелистер, само Битола 💚🤍
02/05/2026
👉 ФИНАЛЕ КАДЕТКИ
👉 Започнува финалната битка
👉 Линк од финалето кое започнува набрзо
Gazeli Volley 1 like. "ФИНАЛЕ | Кадетски финален турнир | SC Forca - Skopje"
02/05/2026
02/05/2026
Финалеееееееее ааааааааа 💪💪💪
Газели Волеј - Пелистер Волеј
1:2 (23:25; 25:05; 10:15)
02/05/2026
👉 Ф4 КАДЕТКИ
👉 Започнува полуфиналната битка
👉 Линк од денешниот натпревар, односно од првото 1/2 финале:
Gazeli Volley 3 likes. "Газели Волеј - Пелистер Волеј | 1/2 финале | Кадетски финален турнир | SC Forca - Skopje"
28/04/2026
ПОБЕДААААААААА❗️❗️❗️
Пелистер Волеј се пласира на Ф4 🇲🇰💪
👉 Јанта Волеј - Пелистер Волеј
👉 0:3 (19:25; 17:25; 17:25)
👉 Пелистер Волеј со кадетската екипа се пласира на Ф4 со својата кадетска екипа од Државното Првенство на Македонија 🇲🇰💪
👉 Моќно, самоуверено од почеток до крај, во еден здив, совладана е екипата на Јанта Волеј
👉 Лидер со освоени 13 поени е коректорката Ања Сековска
👉 Нималку не заостануваа со својот учинок средниот блокер Марија Темелковска со 12 како и капитенот Мила Андоновска со 10
👉 Мора да ја истакнеме храбрата игра и на сите останати девојки, на кои не им беше важен никаков индивидуален учинок, освен победата на својот Пелистер
👉 Се гледаме на Ф4 😉💪