Спортски Билјард Клуб Конзули

Спортски Билјард Клуб Конзули Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Спортски Билјард Клуб Конзули, Sports Team, Kole Lacheto 22, Bitola.

🎱СБК Конзули е спортски билијард клуб од Битола, посветен на развој и промоција на билјард спортот во нашата држава. Нашата мисија е да создадеме пријателска и конкурентска атмосфера.

СБК КОНЗУЛИ ДВОЈНО НА ВРВОТ ВО БИЛЈАРД! Овој викенд се одржаа мастерс турнирите како дел од Државното првенство во билја...
21/04/2026

СБК КОНЗУЛИ ДВОЈНО НА ВРВОТ ВО БИЛЈАРД!

Овој викенд се одржаа мастерс турнирите како дел од Државното првенство во билјард, на кои учество зедоа најдобрите играчи од А и Б лига според сезонскиот пласман. СБК КОНЗУЛИ имаше свои претставници во двете конкуренции и оствари максимален успех.

🏆 Во А лига, првото место го освои Христо Василевски, кој со своето искуство, сигурност и константна игра уште еднаш покажа зошто е во самиот врв на македонскиот билјард.

🏆 Во Б лига, победник е Димитар Јованоски, за кого ова е прв трофеј на државно ниво. Имајќи предвид дека релативно кратко време активно се натпреварува, овој успех претставува голем чекор напред и сериозна потврда за неговиот потенцијал и напредок.

Со овие резултати, СБК КОНЗУЛИ ги освои двете мастерс титули во рамки на државното првенство, потврдувајќи го квалитетот, работата и континуитетот на клубот.

👏 Честитки до шампионите за одличниот успех!

01/04/2026

Изминатиот викенд се одржа Државното првенство втор мастерс во организација на Билијард федерацијата на Македонија, каде натпреварите се играа во две дивизии “А.....

СБК Конзули со одлични резултати на Државното првенство во билијардИзминатиот викенд се одржа Државното првенство втор м...
01/04/2026

СБК Конзули со одлични резултати на Државното првенство во билијард
Изминатиот викенд се одржа Државното првенство втор мастерс во организација на Билијард федерацијата на Македонија, каде натпреварите се играа во две дивизии – А дивизија во Кичево и Б дивизија во Скопје.
Битолскиот клуб СБК Конзули забележа значаен успех, потврдувајќи го својот квалитет и континуитет на домашната сцена.
Во Б дивизијата, дури четворица играчи на Конзули се пласираа во четвртфиналето, при што беа освоени повеќе пласмани меѓу најдобрите:
Никола Србиновски го освои првото место
Никола Стојановски го освои третото место
Никола Гроздановски и Димитар Јовановски го поделија петтото место
Во А дивизијата, клубот исто така имаше свои претставници во завршницата, каде:
Христо Василевски освои трето место
Златко Ицановски освои трето место
Со вкупно освоени четири пехари и повеќе високи пласмани, СБК Конзули беше еден од најуспешните клубови на првенството, оставајќи силен белег на турнирот.
Овие резултати се потврда за континуираната работа и развој на клубот, како и за квалитетот на играчите кои достојно го претставуваат Битола на државно ниво.

Одличен настап на јуниорите на СБК Конзули на турнирот во СкопјеНа јуниорскиот билијард турнир кој се одржа во Скопје уч...
08/03/2026

Одличен настап на јуниорите на СБК Конзули на турнирот во Скопје

На јуниорскиот билијард турнир кој се одржа во Скопје учествуваа вкупно 15 натпреварувачи, од кои дури 7 беа од СБК Конзули, што уште еднаш покажува дека клубот сериозно работи со младите играчи.

Нашиот јуниор Филип Огненовски освои одлично 3-то место и се закити со бронзен медал. 🥉🎱

На турнирот од нашиот клуб учествуваа и:
Дарко Огненовски
Мартин Веловски
Павле Димовски
Божидар Аврамовски
Јован Лисичков
Вања Грбик

Горди сме на сите наши јуниори кои покажаа голема желба за игра, спортски дух и достојно го претставија СБК Конзули. 💪🔥

Им посакуваме уште многу успеси и добри резултати во иднина! 🏆

🏆 ШАМПИОНСКА ГОРДОСТ — ХРИСТО ВАСИЛЕВСКИ ГО ОСВОИ СОЛУН! 🇲🇰🇬🇷Голема победа и огромна гордост за нашиот играч Христо, чле...
02/03/2026

🏆 ШАМПИОНСКА ГОРДОСТ — ХРИСТО ВАСИЛЕВСКИ ГО ОСВОИ СОЛУН! 🇲🇰🇬🇷

Голема победа и огромна гордост за нашиот играч Христо, член на СБК Конзули, кој со извонредна игра, силен карактер и вистински шампионски дух го освои турнирот во Грција.

Со својата посветеност, дисциплина и љубов кон билјардот, Христо покажа што значи врвна подготовка и победнички менталитет. Овој успех не е случаен — тој е резултат на многу труд, упорност и верба во успехот.

Посебно сме горди што нашиот играч достојно го претстави клубот СБК Конзули и Македонија, покажувајќи квалитет, спортски дух и вистинска шампионска игра на меѓународна сцена.

Честитки шампионе — ова е победа за сите нас! 🇲🇰💪🎱

ГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ ЗА НАШИОТ НАЈДОБАР ИГРАЧ Со огромна чест и гордост објавуваме дека нашиот играч Христо Василевски доби ...
17/02/2026

ГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ ЗА НАШИОТ НАЈДОБАР ИГРАЧ

Со огромна чест и гордост објавуваме дека нашиот играч Христо Василевски доби ПЛАКЕТА од Општинскиот сојуз на спортови – Битола, како признание за неговите врвни резултати и придонес во билијардот.
Оваа награда е потврда за трудот, дисциплината и шампионскиот карактер што Христо го покажува години наназад – повеќекратен државен и балкански шампион.
Горди сме што ваков спортист го носи дресот на Конзули.
Продолжуваме уште посилно! 💪🎱

🏆 Државно Првенство – Скопје 2026 🏆Овој викенд, нашиот клуб SBK Конзули учествуваше на Државното првенство во Скопје, пр...
17/02/2026

🏆 Државно Првенство – Скопје 2026 🏆
Овој викенд, нашиот клуб SBK Конзули учествуваше на Државното првенство во Скопје, претставувајќи ги нашите играчи со голема посветеност и спортски дух.
Во А девизија, нашите играчи постигнаа извонредни резултати:
Златко Ицановски – високото 3-то место
Христо Василевски – повеќекратен државен и балкански шампион, го освои 5-то место
Во Б девизија, нашиот тим се состоеше од:
Мартин Муловски, Албен Алија, Горан Василевски, Никола Стојановски, Николче Србиновски, Игор Димовски, Никола Гроздановски и Димитар Јовановски.
Мартин Муловски – високото 3-то место
Горан Василевски, Игор Димовски и Албен Алија – 9-то место
Никола Стојановски – 17-то место
Останатите играчи покажаа борбен дух и упорност, и покрај тоа што не постигнаа значителен пласман, важен е нивниот ангажман и поддршката на клубот.
Честитки на сите наши натпреварувачи за извонредната претстава и посветеноста на клубот! 💪🎱

СБК Конзули Парето падна кај нашиот јуниор Филип Огненовски На сите членови им посакуваме здравје, среќа и уште повеќе у...
11/01/2026

СБК Конзули
Парето падна кај нашиот јуниор Филип Огненовски
На сите членови им посакуваме здравје, среќа и уште повеќе успеси во годината што следи, а посебно на Филип – многу радост и напредок!

СБК Конзули им посакува на сите членови, пријатели и љубители на билјардотсреќна и успешна Нова 2026 година!Многу здравј...
31/12/2025

СБК Конзули им посакува на сите членови, пријатели и љубители на билјардот
среќна и успешна Нова 2026 година!
Многу здравје, среќа, спортски успеси и уште повеќе убави моменти заедно.
Фала што сте дел од нашата приказна – продолжуваме уште посилни!“ 🎱🥂

📅 13.12 и 14.12Во текот на викендот, нашиот клуб СБК Конзули учествуваше на Државното екипно првенство, каде што клубот ...
15/12/2025

📅 13.12 и 14.12

Во текот на викендот, нашиот клуб СБК Конзули учествуваше на Државното екипно првенство, каде што клубот беше претставен со три екипи.

СБК Конзули 1 одигра одличен турнир и со борбена, дисциплинирана и квалитетна игра го освои високото второ место 🥈 на државно ниво.

Во рамките на турнирот се одржа и свечена церемонија за доделување на награди, на која беа доделени признанија за генерален пласман. Нашиот клуб имаше дополнителен повод за гордост во А-дивизија:

🥈 2 место – Христо Василевски

🏅 4 место – Златко Ицаноски

Искрени честитки до нашите играчи за остварените резултати, прикажаната игра и достоинственото претставување на клубот. Овие успеси се потврда за сериозна работа, квалитет и силен тимски дух во СБК Конзули.

Со големо задоволство можеме да кажеме дека сме исклучително горди и бескрајно благодарни на сите момци кои го бранеа грбот на СБК Конзули на државното екипно првенство.

Продолжуваме понатаму уште посилни.

СБК КОНЗУЛИ 🎱💪

Address

Kole Lacheto 22
Bitola

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Спортски Билјард Клуб Конзули posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category