02/04/2025
Вашата посветеност, труд и страст за кошарката и учењето се пример за сите нас.
Со нетрпение ги очекуваме вашите следни победи – во спортот, образованието и сѐ што ќе одберете да правите!
Честитки, матурантки! 🏀🎓🔥
22/11/2024
5то коло Прва А Лига , после четири успешно одиграни натпревари , продолжуваме понатаму ! 🏀
Овој викенд , 23.11 сабота 18:00 во Делчево, ве покануваме сите обожаватели на кошарката да дојдете и да го поддржите нашиот тим , за висок перформанс и се надеваме победа . 🏀👊🙌
15/11/2024
Тамара Гоцевска и Сара Атанасовска се најдоа во поширокиот список на Репрезентација за кошаркарки до 13 години.
Ви посакуваме успеси !
Само напред 🏀👊
12/11/2024
ЖКК Клубски Патриот, овој викенд одигра два натпревари, во младинските лиги на Македонија , победи и во двете категории.
Прво пионерките до 14 години во Скопје , го победија тимот на МЗТ Скопје и ја нанижаа својата 3та победа од вкупно 3 одиграни натпревари .
Во попладневните часови во Јуниорското првенство на Македонија ЖКК Патриот беше подобар од ЖКК Баскет Кам , постигнувајќи 2 победи од вкупно 2 одиграни натпревари во оваа комкуренција.
ЖКК МЗТ СКОПЈЕ - ЖКК КЛУБСКИ ПАТРИОТ 35:54
ЖКК КЛУБСКИ ПАТРИОТ-ЖКК БАСКЕТ КАМ
78:31
09/11/2024
Овој викенд во Прва Лига сме слободни, следна утакмица со ЖКК Пробаскет Кавадарци , дури на 22.11.24.
Како домаќини на натрпераварот ќе дадеме максимум за да дојдеме до победа.🏀
Меѓутоа овој викенд нашите младинки до 18години ќе се сретнат на домашен терен со екипата на ЖКК Баскет Кам .
Утакмицата можете да ја проследите утре 16:00 часот во Спортска Сала ,,ММ Брицо”
01/11/2024
Продолжуваме понатаму ! 🏀
Следно играме на гостински терен против ,,Бадел 1862’’ , во Скопје.🏀
02.11 Сабота , во 16ч.
Натпреварот може да го следите на следниот линк :
https://www.youtube.com/live/OWLX87vWcTE?si=SiNUK8T6xufvIoKr
👊🏀👊🏀
01/11/2024
Забележавме прва победа во престижната ,,Прва А Лига’’, на натпреварот со екипата на ,,МЗТ Скопје’’. 🏀✨
1/3 👏
Браво за девојките и благодарност до публиката за поддршката, ве очекуваме на следниот натпревар во уште поголем број 👊
24/10/2024
Продолжуваме со натпреварите во Прва А Лига. 🏀
После два одиграни натпревари со КК Крива Паланка и КК Баскет Кам , забележавме два порази, но овде не застануваме.👊
Во недела противник ни е екипата на МЗТ Скопје . 🏀
01/06/2024
Нашите девојки се изборија за финале! Со многу труд, желба и посветеност во текот на полуфиналниот натпревар, успеаја убедливо да се пласираат понатаму. Честитки девојки, вие сте вистински борци!
До нашите сограѓани: ве покануваме да дојдете и да нè бодрите, бидејќи ова е голем достиг за нашето Делчево. Да се игра финале во У18 девојки лигата е чест и гордост за сите нас. Поддржете ги нашите девојки.
30/05/2024
🏀⛹️♀️Нашите у18 девојки се пласираа во првите 4 екипи во Македонија! 🌟 И сакаме вие да бидете нашиот шести играч во сала! 🙌
📣 Придружете ни се оваа сабота, 01.06, на полуфиналниот натпревар во 19:00 часот и поддржете ги нашите девојки додека се борат за победа! 💪
👏 Ајде да ја наполниме салата! Делчево нека уште еднаш покаже дека е град на спортот🎊