Боксерскиот клуб ,,Универзалци ’’ е формиран 2002 година кој остварува учество во Боксерска Федерација на Македонија. Бокс клубот ,,Универзалци’’ има за цел да ги придобие младите што поактивно да се занимаваат со спорт и рекреација и да се избегнат пороците на модерните времиња кои доведуваат до девијантни однесувања на младата популација.
Интересно е тоа што од 2014 година АИБА (светска организација ) воведува нови правила со оглед дека и Боксерската ассоцијација целосно се професионализира. Имено, ниту ниеден тренер неможе да учествува на ниту едно натпреварување на АИБА ако не поседува ваква лиценца и тоа ,,ѕвезда’’ од прва,втора и трета категорија .
Поранешниот државен првак Васко Цубалевски кој е тренер на БК.,,Универзалци’’ ја поседува лиценцата ,,ѕвезда’’ од АИБА прва категорија кој едукативно се ангажира за подобар развој во боксот, воспоставување работна атмосфера каде што владее вистински дух на одговорност и работно другарство.
Во нашиот клуб тренираат деца, кадети ,јуниори и сениори кои со нивните напорни тренинзи учествуваат како на домашни така и на меѓународни натпревари ,а истовремено се натпреваруваат и во боксерската лига на Македонија и постигнуваат резултати.