ФК Џокер / FC Joker

ФК Џокер / FC Joker Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from ФК Џокер / FC Joker, Sport & recreation, Furka.

🔚 Заврши нашето учество на 𝐘𝐒𝐓 𝐂𝐔𝐏 2026 во Словачка! 🇸🇰⚽🇲🇰Со гордост го завршуваме настапот на еден исклучително силен м...
21/06/2026

🔚 Заврши нашето учество на 𝐘𝐒𝐓 𝐂𝐔𝐏 2026 во Словачка! 🇸🇰⚽🇲🇰

Со гордост го завршуваме настапот на еден исклучително силен меѓународен турнир, каде што нашите деца се натпреваруваа против врвни клубови, школи и академии од 🇫🇮 Финска, 🇺🇦 Украина, 🇵🇱 Полска, 🇨🇿 Чешка, 🇦🇹 Австрија, 🇸🇰 Словачка и многу други земји. 🌍

Турнирот се играше по специфичен систем, каде по првиот ден се формираа нови групи според резултатите, па секој следен натпревар беше уште поголем предизвик. 💪⚽

📊 Конечен биланс на нашите дечиња беше повеќе нерешени натпревари, победени натпревари и неколку порази.

🔥 12 натпревари за само два дена, против исклучително квалитетни противници. Ова беше турнир на многу високо ниво, каде што секој натпревар беше вистински тест за нашите деца кои за прв патуваа подалеку од својата земја за да настапуваат на еден ваков одличен турнир.

⭐ Посебно сме горди што во категоријата 2015 настапивме со 4 деца родени 2016 и 2 деца родени 2017 година, кои покажаа дека можат рамноправно да се носат со постари и физички посилни противници.

Без разлика на резултатите, најважно е што стекнавме огромно искуство, нови пријателства и уште еднаш покажавме дека 𝙁𝘾 𝙅𝙤𝙠𝙚𝙧 достоинствено ја претставува Македонија на меѓународната сцена. 🇲🇰❤️

👏 Голема благодарност до нашите фудбалери за борбеноста, до родителите за огромната поддршка и до сите што беа дел од ова незаборавно патување.

ФК Џокер / FC Joker не застанува тука! Во периодот што следува нè очекуваат многу новитети, нови проекти и уште поголеми предизвици! ⚽🔥

⚽

20/06/2026

➡️ Гордо ја претставуваме Македонија на 𝐘𝐒𝐓 𝐂𝐔𝐏 во Словачка! 🇲🇰⚽

Додека одекнува македонската химна, а нашите деца гордо чекорат на свеченото отворање, чувството е непроценливо.✨️

За нашите деца ова не е само учество на еден меѓународен турнир – ова е чест да ги браниме боите на нашиот клуб и со гордост да ја претставуваме Македонија пред екипи од различни земји. 🏆

Нашите дечиња денес одиграа неколку натпревари во кои имаа неколку победи и порази, додека утре продолжуваме со натпреварување во елиминации. 🙌

Веруваме во нашите деца, во нивната борбеност, тимски дух и љубов кон фудбалот.

⚽️

➡️ Нашите момци од категоријата У11 безбедно пристигнаа во Братислава, Р. Словачка 🇸🇰 каде што ќе учествуваат на силниот...
19/06/2026

➡️ Нашите момци од категоријата У11 безбедно пристигнаа во Братислава, Р. Словачка 🇸🇰 каде што ќе учествуваат на силниот меѓународен турнир 𝐘𝐒𝐓 𝐂𝐔𝐏! ⚽

По патувањето, децата имаат време за заслужен одмор и адаптација. Во текот на денот ги очекува слободно време за прошетка низ Братислава, како и тренинг со цел што подобро да се подготват за натпреварите кои ги очекуваат. 🙌

По тренингот следува одмор и максимална концентрација пред утрешните натпревари, каде што нашите млади фудбалери гордо ќе го претставуваат нашиот тим и Македонија со голема желба, борбеност и спортски дух. 🇲🇰💪

Ваквите меѓународни турнири се одлична можност за стекнување нови искуства, запознавање со деца од различни земји, создавање нови пријателства и натпреварување со квалитетни екипи. Токму ваквите моменти се најважен дел од развојот на секој млад фудбалер.🏆

Им посакуваме многу среќа, успешни настапи и незаборавно искуство! 🍀❤️

⚽️

14/06/2026

🏆⚽️ ПОЗНАТА Е ЖДРЕПКАТА ЗА 𝐘𝐒𝐓 𝐂𝐔𝐏 2026 ⚽️🏆

Нашата генерација У11 (2️⃣0️⃣1️⃣5️⃣) со нетрпение го очекува настапот на престижниот меѓународен турнир 𝐘𝐒𝐓 𝐂𝐔𝐏 2026 во Братислава, Словачка. 🇸🇰

Нашиот тим се наоѓа во 𝙂𝙧𝙤𝙪𝙥 𝙀 и негови противници се:

𝙁𝘾 𝙍𝙪𝙝 𝙇𝙫𝙞𝙫 - 𝙐𝙠𝙧𝙖𝙞𝙣𝙚 🇺🇦
𝙋𝙎𝘾 𝙋𝙚𝙯𝙞𝙣𝙤𝙠 - 𝙎𝙡𝙤𝙫𝙖𝙠𝙞𝙖 🇸🇰
𝙋𝙁𝙆 𝙋𝙞𝙚𝙨𝙩𝙖𝙣𝙮 - 𝙎𝙡𝙤𝙫𝙖𝙠𝙞𝙖 🇸🇰
𝙈𝙁𝙆 𝘽𝙮𝙩𝙘𝙖 - 𝙎𝙡𝙤𝙫𝙖𝙠𝙞𝙖 🇸🇰
𝙒𝘼𝙁 - 𝘽𝙧𝙞𝙜𝙞𝙩𝙩𝙚𝙣𝙖𝙪 2️⃣ - 𝘼𝙪𝙨𝙩𝙧𝙞𝙖 🇦🇹
𝙁𝙆𝙈 𝙎𝙩𝙪𝙥𝙖𝙫𝙖 - 𝙎𝙡𝙤𝙫𝙖𝙠𝙞𝙖 🇸🇰

Нè очекуваат многу интересни и квалитетни натпревари против силни противници од различни држави, што претставува одлична можност за нашите деца да стекнат ново искуство и да ги покажат своите квалитети на меѓународна сцена. 💪🔥

➡️ Нов меѓународен елитен турнир-𝐘𝐒𝐓 𝐂𝐔𝐏🏆Следниот викенд, нашата генерација У11 (2️⃣0️⃣1️⃣5️⃣) ќе ја претставува Македон...
14/06/2026

➡️ Нов меѓународен елитен турнир-𝐘𝐒𝐓 𝐂𝐔𝐏🏆

Следниот викенд, нашата генерација У11 (2️⃣0️⃣1️⃣5️⃣) ќе ја претставува Македонија на силен меѓународен турнир во Братислава, Република Словачка. 🇸🇰

Ќе имаме можност да ги одмериме силите со екипи од повеќе европски држави, да стекнеме нови искуства и уште еднаш да покажеме дека нашиот клуб располага со талентирана и перспективна генерација. ⚽️⭐

За нашите деца ова ќе биде уште едно големо искуство, можност за нови пријателства, незаборавни моменти и претставување на клубот и државата на најдобар можен начин.

На дечињата им посакуваме многу успех и среќа на турнирот кој им претстои. 🍀

🏆⚽️ Завршен настапот на турнирот 𝐄𝐃𝐄𝐍 𝐍𝐀 𝐄𝐃𝐄𝐍 - 𝐌𝐎𝐆𝐈𝐋𝐀 𝐂𝐔𝐏 - 𝐁𝐢𝐭𝐨𝐥𝐚 ⚽️🏆Нашите дечиња го завршија својот настап на турнир...
14/06/2026

🏆⚽️ Завршен настапот на турнирот 𝐄𝐃𝐄𝐍 𝐍𝐀 𝐄𝐃𝐄𝐍 - 𝐌𝐎𝐆𝐈𝐋𝐀 𝐂𝐔𝐏 - 𝐁𝐢𝐭𝐨𝐥𝐚 ⚽️🏆

Нашите дечиња го завршија својот настап на турнирот „Еден на Еден Могила Куп“ во Битола.

Со пораз од 2️⃣:0️⃣ против 𝗙𝗞 𝗣𝗲𝗹𝗶𝘀𝘁𝗲𝗿, не успеавме да обезбедиме пласман во елиминациската фаза како најдобро третопласирана екипа. Иако резултатот не беше во наша корист, горди сме на настапот на нашите деца. 👏💪

На овој турнир уште еднаш се уверивме и докажавме дека не секогаш победува подобриот, но овие млади фудбалери покажаа огромна борбеност, карактер и квалитет. 🌟

За прво издание на оваа генерација на ваков тип натпреварување, децата оставија одличен впечаток и покажаа дека поседуваат голем потенцијал за иднината. ⚽🔥

🙏 Искрена благодарност до организаторот за поканата и одличната организација. Ни беше чест да бидеме дел од овој прекрасен турнир и се надеваме дека повторно ќе се дружиме и натпреваруваме во иднина. 🤝

➡️ Сепак нема многу време за одмор! Пред нас е нов предизвик – нашата категорија У11 (2015) веќе следниот викенд патува во Република Словачка, каде ќе земе учество на еден од најелитните меѓународни турнири. 🇸🇰

⚽️

➡️ Нашите најмали дечиња на 𝐌𝐎𝐆𝐈𝐋𝐀 𝐂𝐔𝐏 - 𝐁𝐢𝐭𝐨𝐥𝐚 🏆Овој викенд нашиот клуб е повторно присутен на турнир, овој пат во Бито...
13/06/2026

➡️ Нашите најмали дечиња на 𝐌𝐎𝐆𝐈𝐋𝐀 𝐂𝐔𝐏 - 𝐁𝐢𝐭𝐨𝐥𝐚 🏆

Овој викенд нашиот клуб е повторно присутен на турнир, овој пат во Битола, со најмалите дечиња од клубот под водство на тренерот Мартин Крлески.. Нашите дечиња одиграа 2 натпревари каде што првиот натпревар го загубија, додека во вториот натпревар нашите дечиња излегоа како победници.

𝙁𝘾 𝙅𝙤𝙠𝙚𝙧 - 𝗙𝗞 𝗘𝘃𝗿𝗼 𝗚𝗼𝗹 𝗣𝗿𝗶𝗹𝗲𝗽 0️⃣:3️⃣❌️
𝙁𝘾 𝙅𝙤𝙠𝙚𝙧 - 𝗙𝗞 𝗪𝗼𝗻𝗱𝗲𝗿𝗞𝗶𝗱𝘀 𝗣𝗿𝗶𝗹𝗲𝗽 3️⃣:0️⃣✅️

За краток период нашите дечиња ги очекува уште еден натпревар од групната фаза со екипата на 𝗙𝗞 𝗣𝗲𝗹𝗶𝘀𝘁𝗲𝗿 од Битола, натпревар во кој ќе одлучи, дали тимот на тренерот Мартин ќе биде патник во елиминациите на турнирот.

Со среќа и успех на сите дечиња. 🍀

⚽️

🏆 𝙊𝙇𝙄𝙈𝙋𝙄𝙆 𝙁𝙊𝙊𝙏𝘽𝘼𝙇𝙇 𝙁𝙀𝙎𝙏 🏆Освоено 4️⃣ место на одличниот турнир 𝙊𝙇𝙄𝙈𝙋𝙄𝙆 𝙁𝙊𝙊𝙏𝘽𝘼𝙇𝙇 𝙁𝙀𝙎𝙏 во Белград, Р. Србија 🇷🇸.Несреќно з...
06/06/2026

🏆 𝙊𝙇𝙄𝙈𝙋𝙄𝙆 𝙁𝙊𝙊𝙏𝘽𝘼𝙇𝙇 𝙁𝙀𝙎𝙏 🏆

Освоено 4️⃣ место на одличниот турнир 𝙊𝙇𝙄𝙈𝙋𝙄𝙆 𝙁𝙊𝙊𝙏𝘽𝘼𝙇𝙇 𝙁𝙀𝙎𝙏 во Белград, Р. Србија 🇷🇸.

Несреќно загубено полуфиналето на пенали во кој нашиот тим имаше водство од 1:0, па во завршетокот од натпреварот еден непосакуван погодок во мрежата на нашиот клуб го однесе натпреварот на пенали, каде што самите наши деца промашија 2 пенали и со тоа го загубија полуфиналниот натпревар. ⚽️

Во натпреварот за 3то место, натпреварот беше загубен со минимални 1:0 каде што нашиот тим заврши на 4то место на турнирот.

Фудбалот затоа е интересен, на победите се радуваме, од поразите ќе учиме. На децата останува да продолжат со тренирање и следни насоки се останатите турнири кои следуваат. 🙌

На организаторот на 𝙊𝙇𝙄𝙈𝙋𝙄𝙆 𝙁𝙊𝙊𝙏𝘽𝘼𝙇𝙇 𝙁𝙀𝙎𝙏 му се заблагодаруваме за поканата да учествуваме на овој прекрасен турнир и се надеваме на повторно заедничко дружење во иднина. 👏

⚽️

➡️ Полуфинале на 🏆 𝙊𝙇𝙄𝙈𝙋𝙄𝙆 𝙁𝙊𝙊𝙏𝘽𝘼𝙇𝙇 𝙁𝙀𝙎𝙏 🏆Со нерешениот резултат во групната фаза и победата во 1/4 финале, на нашиот ти...
06/06/2026

➡️ Полуфинале на 🏆 𝙊𝙇𝙄𝙈𝙋𝙄𝙆 𝙁𝙊𝙊𝙏𝘽𝘼𝙇𝙇 𝙁𝙀𝙎𝙏 🏆

Со нерешениот резултат во групната фаза и победата во 1/4 финале, на нашиот тим му следи полуфинале. 👏

Групна фаза:
𝙁𝘾 𝙅𝙤𝙠𝙚𝙧 🇲🇰 0️⃣:0️⃣ 𝘼𝙁 11 🇷🇸

1/4 финале:
𝙁𝘾 𝙅𝙤𝙠𝙚𝙧 🇲🇰 2️⃣:0️⃣ 𝙁𝙆 𝙉𝙤𝙫𝙖𝙣𝙩𝙚 🇷🇸

Очекуваме победа и во полуфинале на прекрасниот турнир 𝙊𝙇𝙄𝙈𝙋𝙄𝙆 𝙁𝙊𝙊𝙏𝘽𝘼𝙇𝙇 𝙁𝙀𝙎𝙏. кој се одвива во Белград. 🙌

⚽️

🇷🇸🏆 𝙊𝙇𝙄𝙈𝙋𝙄𝙆 𝙁𝙊𝙊𝙏𝘽𝘼𝙇𝙇 𝙁𝙀𝙎𝙏 🏆 🇷🇸Одлично издание на прекрасниот турнир во Белград, каде нашиот тим предводен од тренерот Ма...
06/06/2026

🇷🇸🏆 𝙊𝙇𝙄𝙈𝙋𝙄𝙆 𝙁𝙊𝙊𝙏𝘽𝘼𝙇𝙇 𝙁𝙀𝙎𝙏 🏆 🇷🇸

Одлично издание на прекрасниот турнир во Белград, каде нашиот тим предводен од тренерот Мартин Крлески има 2/2 победи.. 🙌

𝙁𝘾 𝙅𝙤𝙠𝙚𝙧 🇲🇰 1️⃣:0️⃣ 𝙁𝙆 𝙍𝙖𝙙 🇷🇸 ✅️
𝙁𝘾 𝙅𝙤𝙠𝙚𝙧 🇲🇰 1️⃣:0️⃣ 𝙁𝙆 Č𝙪𝙠𝙖𝙧𝙞𝙘𝙠𝙞 🇷🇸 ✅️

За кратко нашиот тим го игра третиот натпревар и веќе продолжува во 1/4 финале.. 👏

На дечињата им посакуваме среќа и успех во следните натпревари. 🍀

⚽️

Address

Furka
1485

Telephone

+38977587501

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ФК Џокер / FC Joker posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share