02/08/2026
ГЕВГЕЛИЈА ЌЕ БИДЕ ДОМАЌИН НА ЕВРОПСКО КОШАРКАРСКО ПРВЕНСТВО ДО 16 ГОДИНИ!
Од 6 до 15 август, Гевгелија заедно со Скопје ќе биде домаќин на Европското првенство за кошаркари до 16 години – Б Дивизија, на кое ќе настапат 22 национални селекции од цела Европа.
Во спортската сала „26 Април“ во Гевгелија како и во спортската сала НБ ,,Ноел" ќе се одиграат натпреварите од групите А и Б.
Подготовките се завршени, а спортската сала е целосно адаптирана и опремена за меѓународниот настан.
Група А: 🇸🇰 Словачка, 🇮🇪 Ирска, 🇵🇹 Португалија, 🇲🇪 Црна Гора, 🇳🇱 Холандија
Група Б: 🇲🇰 Македонија, 🇺🇦 Украина, 🇨🇭 Швајцарија, 🇭🇷 Хрватска, 🇮🇸 Исланд, 🇨🇾 Кипар
За нашиот град ова претставува голема чест и уште една потврда дека Гевгелија е препознатлива спортска средина, подготвена да организира врвни меѓународни настани.
Да ја дадеме нашата поддршка на младите македонски кошаркари и да ја исполниме салата до последно место.
КК Кожув Гевгелија им посакува добредојде на сите репрезентации, гостите и љубителите на кошарката. Нека победи спортот!