Врз основа на член 18 од Законот за здруженија и фондации (Сл. весник бр.52/2010 ), Собранието на Здружение на граѓани за спорт и рекреација ТЕНИСКИ КЛУБ КРУНА Гевгелија на седница на ден 21.06.2011 година донесе:
С Т А Т У Т
НА
Здружение на граѓани
за спорт и рекреација
ТЕНИСКИ КЛУБ КРУНА Гевгелија
1. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
Здружение на граѓани за спорт и рекреација ТЕНИСКИ КЛУБ КРУНА Гевгелија (во понатамошниот текст Здружението) е непрофитно, непартиско, невладина организација, основана со доброволно здружување на граѓани.
Член 2
Граѓаните се здружуваат во Здружението заради остварување на своите интереси и уверувања за унапредување на најразлични методи на работи во тенискиот спорт и спортската рекреација кај граѓаните од сите возрасти.
Член 3
Здружението дејствува на територија на РМ, а се организира за подрачјето на општина Гевгелија. Здружението во своето дејствување може да се проширува на национално ниво и може да соработува и членува во асоцијации од таков и сличен вид во земјата и странство.
Член 4
Здружението има својство на правно лице со права, одговорности и обврски што ги има врз основа на Уставот, Законите и овој Статут.
Член 5
Здружението работи под името: Здружение на граѓани за спорт и рекреација ТЕНИСКИ КЛУБ КРУНА Гевгелија.
Скратен назив е: ЗГ за спорт и рекреација ТЕНИСКИ КЛУБ КРУНА Гевгелија.
Член 6
Седиштето на Здружението е на ул. Сава Михајлов бр. Л-1/23.
Член 7
Здружение на граѓани за спорт и рекреација ТЕНИСКИ КЛУБ КРУНА Гевгелија е правно лице со свој печат и штембил.
2. ЦЕЛИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО
Член 8
Здружение на граѓани за спорт и рекреација ТЕНИСКИ КЛУБ КРУНА Гевгелија донесе програма за дејствување на Здружението, која програма се реализира и ќе се реализира во рамките и во согласност на статутарните одредби и има за цел: промовирање, развивање и унапредување на тенискиот спорт. Одржување и подобрување на здравјето, спречување и отстранувањена функционален степен на деформитети кај децата, создавање на позитивни навики за продолжување на животот со содржајно користење на слободното време преку форми на тенискиот спорт и спортско-рекреативни активности.
Задачи на Клубот се, да се стреми кон развивање, потикнување, пропагирање, збогатување, негување, популаризирање, унапредување, организирање и реализирање на најразновидни облици, форми, содржини и методи на работата во тенискиот спорт, како и во спортската рекреација кај граѓаните од сите возрасти.
Задачи на Клубот особено се: -Да ги развива сегментите и облиците на активности во тенискиот спорт како што се:
-создавање на услови кои ќе овозможат членовите да се баваат со сите видови на тенискиот спорт
-подучување на тренинзи за деца и младинци
-припремање на своите членови за учество во градски-општински односно државни репрезентации
-Да презема мерки и активности за подигање на нивото на тренажниот наставно-воспитен процес за подобра успешност во развивање на облиците на тенискиот спорт.
-Да презема мерки и активности за постигнување на врвни резултати во сите видови на тенискиот спорт низ единствен систем на натпревари.
-Да организира настани и манифестации за презентирање на постигнувањата во тенискиот спорт пред граѓанството на Република Македонија.
-Да презема активности за перманентно стручно оспособување и едукација на тренерскиот кадар, како и на судии за поединечни сегменти наведени во прва алинеја од овој член.
-Да превзема активности за остварување на членство и меѓународна соработка со соодветни институции и асоцијации во областа на облиците на тенискиот спорт.
-Да изготвува заеднички концепти и програми за поединечни сегменти од тенискиот спорт.
3. ПРАВА И ДОЛЖНОСТИ НА ЧЛЕНОВИТЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО
Член 9
Членовите на Здружението ги имаат следните права и должности:
-активно да учествуваат во работата и одлучувањето
-да бираат и да бидат бирани во органите на Здружението
-да даваат предлози и примедби на работата на органите и телата
-други права кои им припаѓаат врз основа на Статутот
-во Здружението се обезбедуваат еднакви права и должности
-правата на членовите до 18 години ги остваруваат преку своите родители, или преку нивните законски застапници
-да го чуваат имотот и опремата на Здружението, да ги употребуваат реквизитите, справите и другата опрема со должно внимание и според упатствата и укажувањата на стручните кадри
-редовно да плаќаат Членарина и други давачки за нормално и непречено функционирање на Здружението.
4. ЧЛЕНУВАЊЕ ВО ЗДРУЖЕНИЕТО И ПРЕСТАНОК НА ЧЛЕНСТВОТО
Член 10
Член на Здружението може да биде секој граѓанин на Република Македонија без разлика на национална и верска припадност, а кој доброволно ќе потпише Пристапница на Здружението, како и да учествува, спроведува и почитува одлуките на органите во Здружението.
Член 11
Член на Здружението се станува со запишување во Регистарот на членови кој го води Законскиот застапник на здружението.
Член 12
Претседателството на клубот ја одредува членарината за секоја тековна година.
Член 13
На членовите на Здружението се издава членска книшка. Изгледот, содржината и начинот на издавање на Книшката го утврдува Управниот одбор на Здружението со посебна одлука.
Редовните членови со плаќањето на годишната членарина добиваат членска книшка со која се докажува дека се членови на Здружението.
Член 14
Престанок на членството во Здружението настапува:
-Со грубо кршење на дисциплината и моралот, непочитување на одредбите од Статутот и другите акти на Здружението и самоволно истапување.
-Неплаќање на годишната членарина.
Одлука за исклучување од членството донесува Управниот одбор на Здружението.
5. ОРГАНИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО
Член 15
Органи на Здружението се:
1.Собрание
2.Застапник по закон на здружението
3.Управен одбор
4.Надзорен одбор
5.Раководител на стручна служба
6. СОБРАНИЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО
Член 16
Собранието на здружението управува со работата на Здружението. Собранието е највисок орган на Здружението. Собранието брои 7 членови, а доколку во здружението членуваат до 30 членови, собранието го сочинуваат сите членови на здружението.
Собранието ги врши следните работи:
-Ја утврдува општата политика на работењето на Здружението;
-одлучува за донесување, измени и дополнувања на Статутот и другите општи акти на Здружението;
-донесува програми и извештаи за своето работење;
-усвојува финансиски планови и завршни сметки;
-врши и други работи од делокругот на своето работење од делокругот на своето работење доколку со овој Статут и друг акт не се предвидени;
Член 17
- Собранието одлучува на седници и своите одлуки ги донесува со мнозинство гласови од присутните.
- Собранието на здружението бира претседател, потпретседател, членови на управниот и надзорниот одбор со мандат од 4 години.
- Седниците на Собранието ги свикува и со нив раководи претседателот-законскиот застапник на здружението. Во случај на спреченост на застапникот да присуствува на седница на собрание, него го заменува еден од членовите на Управниот одбор по предлог на претседателот на Здружението.
- Собранието се свикува по потреба најмалку еднаш годишно.
7. ЗАСТАПНИК НА ЗДРУЖЕНИЕТО
Член 18
Собранието избира законски застапник на здружението од редот на членови од Управниот одбор.
Застапникот на здружението е деловно способно физичко лице кое има зивеалиште или престојувалиште на територијата на Република Македонија.
Правата и обврските застапникот на здружението ги врши во согласност со закон, статут и актите на здружениетои е надлежен за спроведување на работењето на Здружението.
Застапникот го претставува и застапува здружението. Тој е потписник на сите акти што ги донесува Управниот одбор. Тој е потписник и на финанските документи и за своето работење одговара пред Управниот одбор.
8. УПРАВЕН ОДБОР НА ЗДРУЖЕНИЕТО
Член 19
Управен одбор на здружението се бира од редот на членовите на Здружението.
Управниот одбор е составен од 4(четири) члена. Членовите на Управниот одбор се со мандат од 4 години.
Управниот одбор од своите редови бира: секретар, благајник и комисии.
Управниот одбор одлучува на седници кои се одржуваат по потреба.
Своите одлуки Управниот одбор ги донесува со мнозинство на гласови од присутните членови.
Управниот одбор ја спроведува утврдената политика за развој на Здружението,
ги утврдува предлозите и актите кои ги усвојува Собранието, предлага програма и извештај за работа, управува со имовината на Здружението, одлучува за организацијата и начинот на извршувањето на стручните административно-технички и помошни работи за потребите на Здружението.
Управниот одбор избира Раководител на стручна служба на Здружението.
9. НАДЗОРЕН ОДБОР
Член 20
Надзорниот одбор брои 3(три) члена кои ги избира Собранието на здружението.
Членовите на Надзорниот одбор не можат да бидат членови на Управниот одбор. Мандатот на Надзорниот одбор трае 4 години.
Надзорниот одбор ги врши следните работи:
-го контролира спроведувањето на законитоста во работењето на Здружението.
-го контролира и анализира финансовото работење во здружението.
-предлага мерки за спречување и отстранување на неправилности во работењето.
-врши и други работи во доменот на контрола и поднесува извештаи до Собранието.
10. РАКОВОДИТЕЛ НА СТРУЧНА СЛУЖБА
Член 21
Раководител на стручната служба е одговорен за работењето на стручните кадри во Здружението, како:
-извршување на задачите и тренинзите, редовност во работатат, дисциплината, грижа за имотот ни опремата, справите, реквизитите, се грижи за нивната функционалност и целосна искористеност, комуницира со Агенцијата за млади и спорт и со надлежното Министерство и го информира претседателот за работењето и одговара за реализација на програмите на Здружението.
11. ПОЧЕСНИ ЧЛЕНОВИ
Член 22
На предлог од органите на Здружението, Собранието на здружението може да именува почесни членови на здружението. За поечесен член на здружението се именува личност со долгогодишна работа на полето на развој на спортот и рекреацијата, особено во областа на тенискиот спорт во РМ. Оваа титула е доживотна и може да ја имаат повеќе членови. Оваа функција е почесна. Почесните членови можат да учествуваат во работата на Здружението, но без право на одлучување.
12. ИМОТ НА ЗДРУЖЕНИЕТО
Член 23
Неподвижниот и подвижниот имот и средствата на Здружението стекнати по било кој основ се сопственост на Здружение на граѓани за спорт и рекреација ТЕНИСКИ КЛУБ КРУНА Гевгелија.
13. МАТЕРИЈАЛНО И ФИНАНСОВО РАБОТЕЊЕ
Член 24
Здружението може да се стекнува со парични средства, предмети и имотни права. Здружението средствата за својата работа ги стекнува од членарина, донации, прилози, подароци, закупнини, маркетинг програми.
Средствата и приходите Здружението ги употребува исклучиво во согласност со статутарните цели. За своите обврски Здружението одговара со своите средства и имот.
14. ПРЕСТАНОК НА ЗДРУЖЕНИЕТО
Член 25
Здружението престанува со работа во следните случаи:
-ако за тоа се изјаснат 2/3 од членовите на Собранието
-ако бројот на членови се намали под бројот определен со закон за основање на здруженија
-ако настанат причини утврдени по член 63 од Законот за здруженија и фондации
Со одлуката за престанок, имотот на Здружението преоѓа во сопственост на организација истоветна на истото.
15. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 26
Измени и дополнување на Статутот врши Собранието, во постапка иста како и за неговото донесување.
Член 27
Статутот стапува во сила со денот на неговото донесување, а се применува со добивањето на решението за упис на Здружението во регистарот на други правни лица при Централниот Регистар на РМ.
Застапник по закон
на здружението
Гевгелија 21.06.2011 година
Цветан Нелоски
26/12/2025
Горди сме на нашата тениска фамилија🎾
Годишната прослава ни беше исполнета со насмевки, дружење и многу позитивна енергија.
Тренери, многу млади таленти и една заедничка цел – љубовта кон тенисот и спортот.
Тениски клуб Круна ви посакува Среќни Новогодишни и Божиќни празници❤️
06/10/2025
Успешно завршен КРУНА ОПЕН 2025!!! Победник на турнирот е Александар Грујиќ од Гевгелија, кој во финалето го победи Костадин Петров од Велес со резултат 6:0 6:2. Полуфиналисти се Андреј Саздовски и Драган Вурмо. Спортски поздрав!!
05/09/2025
Пријавувањето е во тек!
16/03/2024
17/09/2023
Успешно завршен КРУНА ОПЕН 2023!!! Победник на турнирот е Александар Грујиќ од Гевгелија, кој во финалето го победи Мартин Стојмировски од Кочани со резултат 7:6(5)/6:4. Спортски поздрав!!
15/09/2023
Ждреб и распоред за Круна Опен 2023
05/09/2023
09/10/2022
Успешно завршен КРУНА ОПЕН 2022!!! Победник на турнирот е Кире Лазов од Неготино, кој во финалето го победи Александар Грујиќ од Гевгелија со резултат 6:2/6:0. Спортски поздрав!!!