22/09/2025
П О К А Н А
Почитувани,
Ве покануваме во недела на ден 28.9.2025 година да го реализираме традиционалното седмо по ред еднодневно дружење на Кожуф планина – искачување на врв Мала Рупа 2004 м.н.в.
Програма :
06.45 часот - Собир на сите учесници.
07.00 часот - Официјално започнување на искачувањето од Смрдлива Вода.
12.00 часот - Затворање на врвот за искачување и враќање на учесниците кон Смрдлива Вода.
16.00 часот - Заеднички ручек и доделување благодарници за учество.
Патеката е погодна за сите возрасти, со тоа што нуди можност секој во зависност од својата психофизичка подготвеност да си одбере една од следните опции :
1.Смрдлива Вода - Исирова пресека (од 1.5 до 2 часа, лесна патека)
2.Смрдлива Вода - Исирова пресека – Натстрешница - Врв Сува Рупа (од 3 до 3.5 часа, средна патека)
3.Смрдлива Вода - Исирова пресека – Натстрешница - Врв Сува Рупа - Врв Мала Рупа (од 4 до 5 часа, средно тешка патека)
Патеката е маркирана, одење и враќање по иста патека и со присуство на водичи од клубот.
Пристигнување на стартот во Смрдлива Вода е со Ваш сопствен превоз. Како учесници треба да бидете добро психофизички подготвени и опремени со стандардна планинарска опрема за високи планини и различни временски услови (планинарски чевли, јакна, ракавици, резервна облека, кабаница, топла облека и сл.)
Вода за пиење има на две места долж патеката.
Потребно е да си носите прибор за јадење, затоа што по завршувањето на маршот следи планинарско гравче во планинарскиот дом на Смрдлива Вода.
Задолжително пријавување до 27.9.2025 година на e-mail:[email protected].
Лице за контакт : Пепи 078/261-184.
НАПОМЕНА:
Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици. Наведениот настан е организиран и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите. Организаторот и водичите имаат право да исклучат учесник пред почетокот на настанот, доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната опрема за предвиденото патување. Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување. Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на настанот во зависност од временските услови и останатите технички препреки.
Со почит,
ПСК ДВЕТЕ УШИ ГЕВГЕЛИЈА