OК Феникс Волеј

OК Феникс Волеј Прв одбојкарски клуб во Гостивар. Формиран 2019 година

Почеток на тренинзи 01.09.2026 год! Ве очекуваме❣️🏐🏐
26/08/2026

Почеток на тренинзи 01.09.2026 год! Ве очекуваме❣️🏐🏐

Неколку факти за нашиот омилен спорт❣️
16/08/2026

Неколку факти за нашиот омилен спорт❣️

На прагот на сезона 2026/2027, бидете дел од нашата спортска приказна. Упис на нови членови👇
15/08/2026

На прагот на сезона 2026/2027, бидете дел од нашата спортска приказна. Упис на нови членови👇

Дојде крајот на најуспешната сезона од постоењето на нашиот клуб. Сезона во која често се радувавме, а поретко тагувавме...
13/06/2026

Дојде крајот на најуспешната сезона од постоењето на нашиот клуб. Сезона во која често се радувавме, а поретко тагувавме. Научивме како е да се играат значајни натпревари, станавме поискусни, помотивирани и уште погладни за големи успеси во иднина. Имавме шанси за влез во група 1 во пионерска и кадетска категорија, но не успеавме, неискуството си го направи своето. Сезонава се искачивме неколку скалила повисоко со значаен напредок во нашата игра за што се заслужни макотрпната работа и вложеност од страна на играчите и тренерите.
Па така би сакале да изразиме голема благодарност и исполнет летен распуст на сите наши играчи, членови, тренери и поддржувачи кои на било кој начин допринесуваат оваа убава спортска приказна да трае, да опстојува и да не радува во годините што следат🫶🏐
Се гледаме од септември со нови сили

Слики од атмосферата на турнирот организиран од  страна на               ОК Феникс Волеј- Гостивар по повод на уште една...
11/06/2026

Слики од атмосферата на турнирот организиран од страна на ОК Феникс Волеј- Гостивар по повод на уште една успешна година од неговото постоење. Конечен пласман
1. ОК Феникс Волеј-Гостивар🥇
2. ОК Риниа-с. Неготино🥈
3. ОК Дибра Волеј-Дебар🥉
4. ОК Топ Спорт-Тетово

Утре сите во сала, да ги бодриме и поддржиме нашите кадетки, за победа и влез во група 1!💪
24/04/2026

Утре сите во сала, да ги бодриме и поддржиме нашите кадетки, за победа и влез во група 1!💪

Нова опрема за многу нови победи! Огромна благодарност до нашите драги пријатели и подржувачи .gv   и  за новата прекрас...
01/02/2026

Нова опрема за многу нови победи! Огромна благодарност до нашите драги пријатели и подржувачи .gv и за новата прекрасна и најкреативна опрема од за нашите девојки.
Ви благодариме од срце❣️🫶💪🏐

Ти благодариме 2025-та! Самиот почеток на годината ни навестуваше ваков крај. Уште во февруари, на последниот турнир во ...
31/12/2025

Ти благодариме 2025-та!
Самиот почеток на годината ни навестуваше ваков крај. Уште во февруари, на последниот турнир во пионерска категорија во разигрувањето по групи, ја остваривме првата победа што за нас беше голем успех, но тука не застанавме и тоа беше само добра најава за најуспешната година што ни претстои.
Со почетокот на натпреварувачка сезона 2025/26 клубот почнавме да забележува навистина одлични резултати, што резултираше со освојување на први места по групи во двете категории пионерска и кадетска. Во пионерска категорија забележавме три убедливи победи со резултат 2:0 во сетови, две против екипата на ОК Младост УГД-2- Штип и една против екипата на ОК Ѓорче Петров-Скопје, но имаме и еден пораз со резултат 2:0 од екипата на ОК Шкупи од Скопје, но и покрај тоа, остануваме на првата позиција во групата што ни претставува особена задоволство, знаејќи дека останатите екипи имаат поголема традиција. Исто така во кадетската категорија забележавме три победи, две против екипата на ОК Фокс Волеј од Скопје со резултат 2:0 и  2:1 во сетови и пораз и победа од 2:1, односно 1:2 против екипата на ОК Те Волеј од Тетово.
Во оваа повозрасна категорија после есенскиот дел од првенството сме на првото место во групата. Би сакале да напоменеме дека во кадетската категорија настапуваме со значително помлада екипа што ни претставува големо задоволство и надеж за светла и перспективна иднина.
Па така на крајот на годината,би сакале да упатиме посебна благодарност до сите наши златни деца, тренери и верни поддржувачи кои со посветена и макотрпна работа придонесуваат за остварување на се подобри и подобри резултати. Новата година нека биде мотивација и голем потик за тоа што следува во следната!
  Среќна Нова 2026 година исполнета со здравје, радост, среќа и многу нови победи и спортски успеси, Ви посакува Одбојкарскиот клуб Феникс Волеј од Гостивар!

31/12/2025

Best of 2025! Најдобрите поени во 2025 година на нашата кадетска и пионерска екипа💪 Се гледаме во 2026, со уште поубави поени и многу нови победи👋

Address

Gostivar

Telephone

078301012

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when OК Феникс Волеј posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to OК Феникс Волеј:

Shortcuts

Share

Category