Horse Riding club Animals/Коњички Клуб Анималс

Horse Riding club Animals/Коњички Клуб Анималс Местото каде Вашите миленичиња се наши миленици...

Ако сакате животни и ви здосадија истите викенд-активности, направивме селекција на неколку јавачки клубови во Скопје ко...
29/08/2026

Ако сакате животни и ви здосадија истите викенд-активности, направивме селекција на неколку јавачки клубови во Скопје кои вреди да ги знаете 🐎

Некои се одлични за оние што сакаат да се занимаваат со јавање посериозно и спортски, а други се идеални ако едноставно сакате да научите да јавате рекреативно, да поминете време со коњи и да направите нешто поинакво.

Со квалитетни тренинзи, искусни инструктори и коњи со кои навистина се гради врска, јавањето е една од оние активности што лесно може да ви стане нов омилен ритуал. Особено за викенд, кога наместо уште едно кафе во град, можете да поминете неколку часа во штала и на јавачки терен.

Ги издвоивме местата од кои ние би почнале 🐴

Минатиот викенд, 15 и 16 август, беше исполнет со многу убави моменти, борбеност и резултати на кои сме горди. 🏆🤍Сабота ...
17/08/2026

Минатиот викенд, 15 и 16 август, беше исполнет со многу убави моменти, борбеност и резултати на кои сме горди. 🏆🤍

Сабота | Лига
🥇 Леонида Гроздановска со No Limit – 1. место
🥈 Леонида Гроздановска со Cardino – 2. место
🏆 Растечки потешкотии 100–120 см

🥈 Мила Трајановска со Precious – 2. место на 80 см

Недела | Државно првенство – 5. коло
🥇 Леонида Гроздановска со No Limit – 1. место на 130 см
🥈 Леонида Гроздановска со Cardino – 2. место на 120 см
🥈 Матеа Димовска со Casting – 2. место на 110 см

А особено сме горди на нашата најмлада јавачка, Мила Трајановска, која храбро го заврши својот прв натпревар на висина од 100 см. ❤️

Зад секој пласман стојат труд, доверба, дисциплина и безброј часови поминати во тренинг. Овие моменти се доказ дека со посветеност и љубов кон спортот, секој чекор напред е вреден.

Горди на нашите јавачи. Горди на нашиот клуб. Заедно продолжуваме уште посилно. 🐎✨

🇲🇰 #кканималс

🏆 ЛИГА & ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО 🐎📅 15 Август | 17:00 ч.  |  Лига📅 16 Август | 09:00 ч. | Државно Првенство📍 Коњички Клуб Аним...
10/08/2026

🏆 ЛИГА & ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО 🐎

📅 15 Август | 17:00 ч. | Лига

📅 16 Август | 09:00 ч. | Државно Првенство

📍 Коњички Клуб Анималс

Ве очекуваме! 🏆🐴

🇲🇰 sport

🐴 Дали сте подготвени за викенд исполнет со адреналин?Коњички Клуб Анималс ве поканува на Натпреварувачки викенд!📅 25 Ју...
19/07/2026

🐴 Дали сте подготвени за викенд исполнет со адреналин?
Коњички Клуб Анималс ве поканува на Натпреварувачки викенд!

📅 25 Јули (Сабота) - од 17:00 - Лига Првенство
📅 26 Јули (Недела) - од 09:00 - Куп на РМ
📍 Коњички Клуб Анималс

Поведете ги вашите пријатели и семејството и уживајте во два дена исполнети со врвни настапи и спортски дух. 🏇

#кканималс

🐴 Дали сте подготвени за викенд исполнет со адреналин?Коњички Клуб Анималс ве поканува на Натпреварувачки викенд!📅 25 Ју...
19/07/2026

🐴 Дали сте подготвени за викенд исполнет со адреналин?
Коњички Клуб Анималс ве поканува на Натпреварувачки викенд!

📅 25 Јули (Сабота) – од 17:00 📅 26 Јули (Недела) – од 09:00 📍 Коњички Клуб Анималс

Поведете ги вашите пријатели и семејството и уживајте во два дена исполнети со врвни настапи и спортски дух. 🏇

#кканималс

21/06/2026

So Sloga do Uspeh

Prekrasen TekstBravo za Ognen Dojcinovski Bravo za Leonida Grozdanovska
12/06/2026

Prekrasen Tekst
Bravo za Ognen Dojcinovski
Bravo za Leonida Grozdanovska

✍ Огнен Дојчиновски „Женски Спортски Приказни“, не се само повод да се напише некој ред повеќе за дамите во спортот туку е причина повеќе од нив да се направи чети....

🐎✨ ВТОРО КОЛО ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО ДРЕСУРА ✨🐎Подгответе се за ден исполнет со елеганција, дисциплина и врвни дресурни на...
10/06/2026

🐎✨ ВТОРО КОЛО ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО ДРЕСУРА ✨🐎

Подгответе се за ден исполнет со елеганција, дисциплина и врвни дресурни настапи! 🐴
Ве очекуваме да бидете дел од ова прекрасно коњичко доживување. ❤️

📅 Недела, 14 Јуни 2026
🕙 10:00 часот
📍 Коњички Клуб Анималс

#дресура 🐎✨

Зад нас е уште една натпреварувачка недела во Иппос, Грција, исполнета со нови предизвици, вредно искуство и значајни ли...
09/06/2026

Зад нас е уште една натпреварувачка недела во Иппос, Грција, исполнета со нови предизвици, вредно искуство и значајни лични достигнувања. 💪

Иако овој пат не успеавме да обезбедиме пласман на победничкиот подиум, прикажаното на теренот е причина за голема гордост. Матеа Димовска, само една недела по својот прв настап на висина од 115 см, успешно го комплетираше и својот прв паркур на 120 см – уште една важна пресвртница во нејзиниот развој како натпреварувач.

Леонида Гроздановска настапи на паркури со висина од 130 см, покажувајќи стабилност, посветеност и зрелост во своите настапи. И успеа да се квалификува во Grand Prix натпреварувањето во недела, при што прикажа одличен резултат со само една срушена пречка.

Резултатите не секогаш се мерат со освоени места. Понекогаш најголемите победи се оние што доаѓаат преку напредокот, стекнатото искуство и храброста да се направи чекор повеќе од претходниот пат. Токму затоа сме исклучително задоволни од постигнатото оваа недела.

Со надеж дека повторно ќе имаме можност да настапиме на истото место во септември каде што ќе се оджи Балканијадата, продолжуваме да работиме и да се подготвуваме за нови предизвици, со желба повторно достојно да ги претставуваме нашиот клуб и нашата држава.

Напред кон нови цели и уште поголеми успеси🐎🇲🇰

Address

Улица 1 број 133 Дрма
Idrizovo
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Horse Riding club Animals/Коњички Клуб Анималс posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Horse Riding club Animals/Коњички Клуб Анималс:

Shortcuts

Share