15/09/2026
🏆 ТРИУМФАЛЕН ДЕН ЗА АК ОЛИМП НА „ТРЧАЈ БЕ“! 🏆
Атлетскиот клуб Олимп имаше исклучително успешен ден во рамките на битолската градска трка „Трчај Бе“, во склоп на која се одржа и Националното првенство на Македонија во полумаратон.
Олимп триумфираше во национална конкуренција, и во женска, и во машка конкуренција, освојувајќи ги двете шампионски титули! 🥇
Во женска конкуренција, Адријана Поп Арсова Рашиќ со одличен настап го освои првото место и стана национална шампионка во полумаратон. Успехот го надополни Марина Домазетовска, која со одлична трка се искачи на подиумот и го освои третото место во национална конкуренција. 🥉
Кај мажите, Димитар Илиев донесе уште едно злато за Олимп, освојувајќи го првото место и титулата национален шампион во полумаратон. 🥇 Димитар Илиев одличната трка ја заокружи со трето место во генерален пласман, веднаш зад двајцата Кенијци🥉
Но, успесите на Олимп не запреа тука. Нашиот тренер Димитар Петровски, овој пат и во улога на натпреварувач, во силна конкуренција, го освои второто место на трката на 5 километри. 🥈
На трката на 10 километри, Григоријан Никовски истрча една од своите најдобри трки во кариерата и го освои второто место, веднаш зад кенискиот натпреварувач. 🥈 Одличен настап имаше и Ирма Хајдари, која исто така се најде на подиумот, освојувајќи го второто место на трката на 5 километри. 🥈
Посебно нè радува и настапот на младите членови од нашата новоформирана детска атлетска школа, кои беа дел од „Трчај Бе“. Меѓу нив се истакна Михаила Гештаковска, која ја истрча својата прва трка на 5 километри, и тоа со одлично време од 26 минути. 👏
Злато, медали, подиуми, лични достигнувања и нова генерација која ги прави своите први чекори во атлетиката – ден за паметење за АК Олимп! 💪🏃♀️🏃♂️
Честитки до сите наши атлетичари! Продолжуваме во ист ритам🏆