22/07/2026
🏊♂️По пауза од една година, повторно започнуваме со активности на новиот базен !
Утре 11:00 часот !
Ве очекуваме !💦🤗🤗
🏊♂️ Кавадарци добива нов симбол на летото!
Во четврток, 23 јули, на целосно реконструираниот Градски базен – Кавадарци, ќе се одржат два значајни настани:
🔹 11. 00 часот – официјален почеток на Школата за пливање и упис на деца од 8 до 11 години. Со најмладите ќе работат стручни професори по физичко и здравствено образование, кои преку стручен и безбеден пристап ќе ги воведат во светот на пливањето.
🔹 12.00 часот – отворање на Градскиот базен, во присуство на претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски.
Пред граѓаните ќе биде претставен целосно обновениот базен – современ спортско-рекреативен комплекс со нови содржини, создаден да понуди врвни услови за рекреација, спорт и уживање за сите генерации. Со инвестиција вредна околу 1 милион евра, Кавадарци добива еден од најмодерните и најубавите базени во Македонија.
Ве покануваме да бидете дел од овој значаен ден и заедно да го одбележиме отворањето на новото место каде што ќе се создаваат спортски успеси, летни спомени и незаборавни моменти.
Ве очекуваме! 💙🏊