ПСК Орле

ПСК Орле Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from ПСК Орле, Sports, Улица Вишешница, Kavadarci.

🏔️ Подготовките се во тек!Со полна енергија ги подготвуваме последните детали за одбележувањето на 65 години ПСК „Орле“....
21/09/2026

🏔️ Подготовките се во тек!

Со полна енергија ги подготвуваме последните детали за одбележувањето на 65 години ПСК „Орле“.

📸 Фотографии, стара и нова опрема, спомени и предмети од богатата историја на клубот – сè се подготвува за една посебна изложба.

Се гледаме на 25 септември во 19:00 часот, во Винскиот музеј – Кавадарци.

65 години Орле – приказна што продолжува!

Со особена чест и задоволство Ве покануваме да бидете дел од одбележувањето на 65-годишниот јубилеј на Планинарскиот спо...
09/09/2026

Со особена чест и задоволство Ве покануваме да бидете дел од одбележувањето на 65-годишниот јубилеј на Планинарскиот спортски клуб „Орле“ – Кавадарци. 🎉

Шест и пол децении исполнети со љубов кон планината, природата и планинарењето. Децении во кои се создаваа пријателства, се освојуваа врвови, се поминуваа километри и се оставаа траги кои денес се дел од богатата историја на нашиот клуб.

Овој јубилеј е можност заедно да се потсетиме на минатото, да ги споделиме најубавите спомени и да погледнеме кон иднината со уште поголем ентузијазам.

ПСК „Орле“ ги поканува сите свои членови, пријатели, љубители на природата и планините, како и сите поддржувачи на клубот, да ни се придружат на оваа посебна прослава.

📅 25 септември 2026 година
🕖 19:00 часот
📍 Вински музеј – Кавадарци

Ве очекуваме заедно да го одбележиме овој значаен јубилеј и да наздравиме за 65 години планина, дружење, традиција и пријателство! 🥂🏔️

ПСК „ОРЛЕ“ – Кавадарци
65 години традиција, планина и пријателство
1961 – 2026

Понекогаш не ни треба многу за да се чувствуваме подобро. Само да ги оставиме секојдневните грижи, да облечеме патики и ...
01/09/2026

Понекогаш не ни треба многу за да се чувствуваме подобро. Само да ги оставиме секојдневните грижи, да облечеме патики и да тргнеме по некоја планинска патека. 🥾🌲

Таму некаде, меѓу шумата, тишината и чистиот воздух, човек повторно си го наоѓа мирот.

🌿🥾 Планинарска акција до водопадот на Јаворска Река 💦Уште една прекрасна авантура исполнета со природа, свеж воздух и мн...
30/08/2026

🌿🥾 Планинарска акција до водопадот на Јаворска Река 💦

Уште една прекрасна авантура исполнета со природа, свеж воздух и многу насмевки. 🌳

По лесен и пристапен пат, опкружени со прекрасни големи сенки и зеленило, чекор по чекор стигнавме до водопадот на Јаворска Река. 💧🌿

А кога патеката е убава, а друштвото уште поубаво — секој чекор вреди. 🤍

Природа, движење, дружење и моменти што остануваат во сеќавање. 🥾✨

🏔️ ЈАВОРСКИ ВОДОПАД – ПЛАНИНАРСКА АКЦИЈАПСК „Орле“ ве поканува на уште една прекрасна планинарска авантура! 🌲🥾📅 30.08.20...
23/08/2026

🏔️ ЈАВОРСКИ ВОДОПАД – ПЛАНИНАРСКА АКЦИЈА

ПСК „Орле“ ве поканува на уште една прекрасна планинарска авантура! 🌲🥾

📅 30.08.2026 (недела)
📍 Јаворски водопад
🚶 Старт на пешачењето: с. Мајден
🥾 Должина на патеката: околу 15 км во двата правци
🕖 Тргнување од пред клубот: 06:30 часот

Патеката нè води низ прекрасна природа до Јаворскиот водопад, каде ќе уживаме во планината, свежиот воздух и добро друштво.

📌 Пријавување најдоцна до 27.08.2026.

🚌 Информациите за превозот и цената ќе бидат објавени дополнително, во зависност од бројот на пријавени учесници.

ПСК „Орле“ – 65 години заедно со планината!

Ве очекуваме!

Планинарски приказни – прва средбаВчера ја одржавме првата средба од серијалот „Планинарски приказни“, во чест на 65-год...
18/08/2026

Планинарски приказни – прва средба

Вчера ја одржавме првата средба од серијалот „Планинарски приказни“, во чест на 65-годишнината на ПСК Орле.

Планиравме да погледнеме повеќе фотографии од старите планинарски акции, но нашиот проектор, кој е стар повеќе од 40 години, овојпат реши да ни приреди мала пауза. 😄 Успеавме да ги погледнеме фотографиите од искачувањето на Олимп во осумдесетите години, а потоа проекторот прекина со работа. Сепак, не дозволивме тоа да ја прекине приказната – напротив, продолживме со разговори и сеќавања за повеќе искачувања на Олимп и Триглав.

Посебно интересно беше да се спореди планинарењето пред 40-тина години со планинарењето денес – начинот на кој се патувало, опремата, условите, фотографиите, но и самото доживување на планината. Од старите приказни стигнавме и до едно многу свежо сеќавање – последното искачување на Триглав, пред околу еден месец.

За крај, во клубот беше донесена и фотографија од последното искачување на Триглав, која ќе остане како убав спомен од оваа генерација планинари.

Иако проекцијата беше пократка од планираното поради дефектот на нашиот стар проектор, вечерта продолжи токму онака како што треба да изгледа една планинарска приказна – со разговор, сеќавања, споредби и луѓе кои имаат што да раскажат.

А проекторот? Ќе го поправиме! 😉 Следниот пат ќе работи цела вечер, па ќе имаме можност да погледнеме многу повеќе фотографии од различни врвови и акции и да продолжиме со уште повеќе планинарски приказни и спомени.

За следната средба на „Планинарски приказни“ повторно ќе има навремена објава. Се гледаме!

🏔️ Вечер на планинарски приказни 📖Во чест на 65 години ПСК Орле, започнуваме со серија вечери исполнети со вистински пла...
11/08/2026

🏔️ Вечер на планинарски приказни 📖

Во чест на 65 години ПСК Орле, започнуваме со серија вечери исполнети со вистински планинарски приказни, фотографии и спомени од највозбудливите акции на нашите долгогодишни членови.

📅 Прва вечер: 18.08.2026 (вторник)
⏰ 20:00 часот
📍 Клубот на ПСК Орле

Ве очекуваме на дружење, спомени и приказни кои не се забораваат!

⛰️ Членови на ПСК Орле успешно го искачија Маглиќ (2.386 м) – највисокиот врв во Босна и Херцеговина. Уште една успешна ...
29/07/2026

⛰️ Членови на ПСК Орле успешно го искачија Маглиќ (2.386 м) – највисокиот врв во Босна и Херцеговина. Уште една успешна планинарска авантура. Честитки за освоениот врв! 💚🥾

⛰️🌿Наши членови денес уживаа во прекрасната планинарска тура до Самовилските Водопади. Уште еден ден исполнет со природа...
26/07/2026

⛰️🌿Наши членови денес уживаа во прекрасната планинарска тура до Самовилските Водопади. Уште еден ден исполнет со природа, дружење и убави спомени. 💚🥾

Благодарност до ПСЗ „Козјак 1938“ – Прилеп за одличната организација и гостопримството.

Address

Улица Вишешница
Kavadarci
1430

Telephone

+38970376796

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ПСК Орле posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to ПСК Орле:

Shortcuts

Share

Category