МТБ Кичево

МТБ Кичево Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from МТБ Кичево, Sport & recreation, Кичево, Kicevo.

Здружение на љубители на планинскиот велосипедизам.
Наша цел е промоција на МТБ спортот, дружење, истражување на нови патеки и уживање во природните убавини на Македонија. Иако сме ново здружение, нашата страст, енергија и планови се големи.

🚴‍♂️ ФЕНОМЕНАЛНО МТБ ДОЖИВУВАЊЕ ВО СРЦЕТО НА АЗОТ! 🌲⛰️Изминатиов викенд бевме дел од незаборавниот „АЗОТ“ Мтб предизвик,...
14/07/2026

🚴‍♂️ ФЕНОМЕНАЛНО МТБ ДОЖИВУВАЊЕ ВО СРЦЕТО НА АЗОТ! 🌲⛰️

Изминатиов викенд бевме дел од незаборавниот „АЗОТ“ Мтб предизвик, во одлична организација на тимот од Veles Biking ! 🤝
📍 Стартувавме од живописното село Могила во областа Азот, што влече потекло од турскиот збор "Хас" или "Хасот" што значи непристапен или одметнат терен, и така и беше 😬 . Патеката нè водеше низ неверојатни природни убавини, густи шуми и пејзажи кои го одземаат здивот, сè до планинарскиот дом Чеплес и моќниот врв Куртовица! 🏔️✨Природата во овој крај покажа зошто е рај за сите љубители на планинскиот велосипедизам – чист воздух, прекрасни глетки и вистински адреналински предизвик. На спустот од Куртовица према Папрадиште видовме зошто селото го добило тоа име, наидовме на предел од густ папрат од над метар и половина, но беше одлично и несекојдневно искуство и за нас кој сме поминале низ секаков терен. 👌
Пофалби до организаторите за одличната атмосфера, гравчето, модрите сливи и не така скромните награди што израдуваа 20-тина најсреќни 👏, што допринесе целата енергија што ја вложија за овој настан да биде на највисоко ниво! 👏 Велосипедската заедница уште еднаш покажа со какво срце вози. 🔥
Се гледаме на следната тура! 🚲💨 #Чеплес #Куртовица #ПланинскиВелосипедизам #Природа #Азот

🚴‍♂️ Врвно планинско МТБ доживување: Бабин Срт не освои со својата магија! ⛰️✨Сакаме да упатиме огромна благодаранoст до...
06/07/2026

🚴‍♂️ Врвно планинско МТБ доживување: Бабин Срт не освои со својата магија! ⛰️✨

Сакаме да упатиме огромна благодаранoст до велосипедското друштво Rupicapra MTB Adventure team за феноменалната организација на оваа незаборавна велосипедско-планинарска тура! 🙌

Екипата на МТБ Кичево имаше чиста привилегија да ужива во секој извозен километар и да ги искуси неверојатните природни убавини кои ги нуди овој предел. Поминавме низ преубави, густи букови шуми и уживавме во глетката на бескрајните зелени пасишта кои едноставно го одземаат здивот. 🌲💚

Кога стигнавме на самиот срт, нè пречека наградата за целиот труд – спектакуларен поглед на три страни! Од таму како на дланка се гледаа:
🌊 Охридското Езеро
🏞️ Дебарскиот предел
🏡 Нашиот кичевски дел

За авантурата да биде уште повозбудлива и автентична, природата ни приреди и едно изненадување – на патот нè пресретна едно преслатко малечко мече кое набрзина претрча пред нас! 🐻 Потсетник дека бевме гости во чиста, дива и недопрена природа.

Дечки од Рупикапра, ви благодариме за гостопримството, одличното друштво, беспрекорната патека и за спомените кои долго ќе ги паметиме. До следната заедничка авантура и следното заедничко качување! 🚲💪

СЕ ПРИСЕТУВАМЕ НА НАШИТЕ НАЈДРАГИ АВАНТУРИ! Бидејќи сме нова страница и ново здружение, сакаме да споделиме дел од нашит...
30/06/2026

СЕ ПРИСЕТУВАМЕ НА НАШИТЕ НАЈДРАГИ АВАНТУРИ!

Бидејќи сме нова страница и ново здружение, сакаме да споделиме дел од нашите досегашни незаборавни МТБ искуства.

На 9-ти август 2025 година, ја освоивме прекрасната Шар Планина! Ја реализиравме епската тура до Лешница и нејзините моќни водопади, возејќи преку традиционалното бачило. Тоа беше ден исполнет со чист воздух, адреналин, прекрасни пејзажи и одлично друштво.Оваа тура е само дел од приказните кои допрва ќе ги пишуваме заедно!

Локација: Шар Планина (Лешница)
Должина на тура: 30 km
Елевација: 990 m

Следете нè, бидејќи наскоро објавуваме нови дестинации и нови предизвици за сите љубители на две тркала!

🚵‍♂️⛰️ Бистра во своето најубаво издание!На 20.06.2026 ја реализиравме МТБ турата Кичево – Арап Кула – Тајмиште – Кичево...
21/06/2026

🚵‍♂️⛰️ Бистра во своето најубаво издание!

На 20.06.2026 ја реализиравме МТБ турата Кичево – Арап Кула – Тајмиште – Кичево, вистинска авантура низ недопрената природа на планината Бистра.

Тргнавме од Кичево, а по првите километри асфалт започна вистинското уживање по планинските патеки. Искачувањето заврши на отворените планински пасишта на Бистра под врвот Орлово Гнездо – место каде што погледот едноставно те тера да ги заборавиш сите тешки километри и каде уживавме во свежиот воздух и мирот што го нуди Бистра.

Патеката нè водеше преку Крушино, Кнежино, Црн Камен, Речиште и Табла, сè до Арап Кула на 1.766 метри надморска височина. Од таму се отвораат величествени погледи кон околните планини и долини, награда за секој вложен метар искачување.

По долгиот и возбудлив спуст преку Тајмиште направивме заслужена пауза покрај студените води на Тајмишка Река, каде што се разладивме и ги наполнивме батериите пред последните километри до Кичево. Освежувањето во кристално чистата планинска вода беше вистински погодок по напорниот ден на велосипед. Потоа следуваше долг и возбудлив спуст преку с.Тајмиште, а завршните 9 километри калдрма донесоа дополнителна доза адреналин и вистинско планинско велосипедско уживање.

✅ Извозени 60 km
✅ Искачено 1.400 m елевација

„Не ги броиме километрите, туку спомените создадени по патеките.“ 🚴‍♀️🌲🏔️
#мтбкичево #Бистра #авантура #тајмиште

Албум 2  Лопушник - Кочо Рацин 13.06.2026
17/06/2026

Албум 2 Лопушник - Кочо Рацин 13.06.2026

Во чест на ликот и делото на Кочо Рацин, на 13.06.2026 успешно ја извозивме првата предвидена MTB Кичево тура. ⛰️Со силн...
15/06/2026

Во чест на ликот и делото на Кочо Рацин, на 13.06.2026 успешно ја извозивме првата предвидена MTB Кичево тура. ⛰️Со силна волја и одличен тимски дух, совладавме предизвикувачка патека:

🔹 Должина: 31,77 км
🔹 Вкупно искачување: 1012 мнв

Настанот го организиравме со голема одговорност и посветеност од сите членови на нашето здружение, а не споија љубовта кон планината, адреналинот, вистинската дружба и почитта на македонската историја и култура.

На Лопушник ја почувствувавме убавата природа, го видовме изворот на река Треска, падините изшарани со букова и борова шума - налик на Алпите. Го посетивме споменикот и положивме цвеќе на гробот на Кочо Рацин, ја слушнавме неговата поезија од учесници на настанот поддржани од општина Кичево и Велес, уживавме во вкусното војничко гравче. Настанот го завршивме со адреналински спуст.

Сето ова беше поддржано од Македонска Асоцијација на Аматерски Велосипедски Здруженија и Клубови, здруженијата Rupicapra MTB Adventure team BikeStore - Delovi za Velosiped и поединци вљубеници во велосипедизмот.

Голема благодарност упатуваме спонзорите кои ни овозможија сето ова да се случи:
Општина Кичево
АМСМ
Vincinni Chocoland - Фабричка продавница
ATVA Marketi
Piljara Petar-Matej
Пиљара Вимакс
Ника Кафемати

Благодарност и до останатите кои го допомогнаа одржувањето овој настан:
DJ Punisher - Бојан Мишкоски
Hristijan Gjorgjievski
Бобан - Бистра Роса
Месна заедница на с.Извор
ОУ Др Владимир Полежиноски Кичево

🙌 Благодарност до сите учесници

🚀 До следното дружење и следните заеднички километри - побројни .
ВИ БЛАГОДАРИМЕ ОД СРЦЕ! 👋🌲

#мтбкичево #РациновиСредби #ВелосипедскиКлубови #ЗаедноНаПатека

14/06/2026
13.06.2026 ⬅️
29/05/2026

13.06.2026 ⬅️

Направивме мала измена во Календарот на велосипедски настани кои се во организација на МААВЗК.
- Измена на outdoor festival АЗОТ 2026 мтб предизвик , со нов датум на 11-12 јули 2026 година.
- Дополнување на Календарот на настани „Лопушник Кочо Рацин мтб 2026“ за ден 13 јуни, сабота во организација на МТБ Кичево. Овој настан иако не е од членка на Асоцијацијата, истите се во фаза на прием во Асоцијата и се надеваме од септември ке бидат дел од нас.
- Дополнување на Календарот на настани „Љуботен мтб тоур 2026“ за ден 14-15 ноември, сабота-недела во организација на Друштво на неозбилни велосипедисти од Скопје.
- Дополнување на Календарот на настани „Кораб мтб “ за ден 05-06 септември, сабота-недела во организација на Друштво на неозбилни велосипедисти од Скопје.
Поддржете ги сите настани на Македонската Асоцијација на Аматерски Велосипедски Здруженија и Клубови – најмасовната Велосипедска организација во МАКЕДДОНИЈА!!!

Address

Кичево
Kicevo
6250

Telephone

+38976318630

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when МТБ Кичево posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to МТБ Кичево:

Shortcuts

Share