KK Basket Kicevo

KK Basket Kicevo Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from KK Basket Kicevo, Amateur Sports Team, Industriska 16, Kicevo.

Младински кошаркарски клуб од Кичево, посветен на развој на деца и млади од 8 до 18 години. Преку спорт, дисциплина и тимска работа создаваме нови генерации кошаркари и лидери. Еден тим. Една страст. 🏀

24/08/2026

🏀 НОВА СЕЗОНА – НОВА КОШАРКАРСКА ПРИКАЗНА! 🏀
🔵🟠 КК БАСКЕТ КИЧЕВО ги отвора уписите за нови членови!

Ги повикуваме сите момчиња и девојчиња од 8 до 18 години кои сакаат да ја запознаат кошарката, да тренираат, да напредуваат и да создаваат нови пријателства. 💙🏀

Зошто да ни се придружиш?
🏀 Научи ги основите и напредувај чекор по чекор
💪 Развивај дисциплина, самодоверба и спортски дух
🤝 Создавај нови пријателства
❤️ Биди дел од кошаркарското семејство на Кичево

📅 ТРЕНИНЗИ:
Понеделник и Четврток: 19:30 – 21:30
Сабота: 12:00 – 14:30

📍 Спортска сала – Гимназија „Мирко Милески“, Кичево

📞 За информации и упис:
Павле: 070 765 628
Александар: 078 424 238
Војо: 075 525 774

🏀 Не чекај – дојди на тренинг и направи го првиот чекор!
🔵🟠 КК БАСКЕТ КИЧЕВО

Растеме заедно. Играме заедно. Напредуваме заедно.

#ККБаскетКичево #БаскетКичево #Кошарка #Кичево #Упис #НоваСезона #МладиКошаркари

22/08/2026

🏀 ЕНЕРГИЈА. ДВИЖЕЊЕ. ТИМ. КОШАРКА.

Тука нема стоење во место. 🔥
Се трча, се учи, се греши, се пробува повторно, секој тренинг сме чекор подобри.

Во КК Баскет Кичево сакаме децата да ја почувствуваат радоста на спортот, да изградат самодоверба и да научат што значи да бидеш дел од тим. 💙🧡

👦👧 Примаме нови членови од 8 до 18 години.

📍 Спортска сала во Гимназија „Мирко Милески“

📞 Павле: 070 765 628
📞 Александар: 078 424 238
📞 Војо: 075 525 774

Дојди. Истрчај на терен. Стани дел од тимот. 🔥

#ККБаскетКичево #Кошарка #Кичево #ТимскиДух #МладиКошаркари #младикошаркари

🏀 УПИСИ ЗА НОВИ ЧЛЕНОВИ – КК БАСКЕТ КИЧЕВО! 🏀 🔥Ги отвораме вратите за новата генерација кошаркари!Ги покануваме сите мом...
21/08/2026

🏀 УПИСИ ЗА НОВИ ЧЛЕНОВИ – КК БАСКЕТ КИЧЕВО! 🏀 🔥

Ги отвораме вратите за новата генерација кошаркари!
Ги покануваме сите момчиња и девојчиња од 8 до 18 години кои сакаат да тренираат, да напредуваат, да создаваат нови другарства и пред сè – да уживаат во кошарката. 🏀💙

🏆 Тренирај со најдобрите
🤝 Освој нови другарства
📈 Учи и напредувај секој ден

📅 ТЕРМИНИ:
Понеделник и Четврток: 19:30 – 21:30
Сабота: 12:00 – 14:30

📍 Спортска сала во Гимназија „Мирко Милески“ – Кичево

📞 Контакт:
Павле: 070 765 628
Александар: 078 424 238
Војо: 075 525 774

🔵🟠 КК БАСКЕТ КИЧЕВО
Дојди на тренинг. Започни ја твојата кошаркарска приказна! 🏀

#ККБаскетКичево #БаскетКичево #Кошарка #Кичево #УписНаНовиЧленови #кичево #кошарка

11/08/2026

🏀 ОД КИЧЕВО ДО ЕЛИТЕН КОШАРКАРСКИ КАМП. 🌍

Пред неколку месеци кажавме дека сакаме на нашите деца да им отвориме нови можности.

Денес тоа веќе се случува. ❤️

Двајца наши млади кошаркари Марко Миладиноски и Герт Дервиши беа дел од елитниот кошаркарски камп во Скопје, организиран од Hoops & Heritage.

Нови тренери. Нови соиграчи. Нови предизвици.
И едно искуство што останува многу подолго од еден тренинг.

🎥 Но најдобро е приказната да ја слушнете од Герт.

За нас, ова е само почеток.

Градиме играчи. Градиме карактер. Отвораме можности.

🏀 БАСКЕТ КИЧЕВО
Од Кичево… кон светот. 🌍

courtcubsapp

hoopsnheritage

🏀🔥 КОШАРКАТА ВО КИЧЕВО ЖИВЕЕ!Најубавата потврда е сликата од игралиштето во Домот на Армијата — целосно осветлено, полно...
10/08/2026

🏀🔥 КОШАРКАТА ВО КИЧЕВО ЖИВЕЕ!

Најубавата потврда е сликата од игралиштето во Домот на Армијата — целосно осветлено, полно со деца, млади и повозрасни, а за баскет повторно се чека по неколку „следни“. ❤️

Како во старите добри времиња!

Особено нè радува кога гледаме толку многу деца и млади со топка во рацете. Токму ваквите слики ни даваат уште поголем мотив да продолжиме да ја градиме кошарката во нашиот град. 🏀💪

Благодарност до Општина Кичево
за поддршката и за подобрувањето на условите на игралиштето. 👏

А ние не застануваме тука…

🔜 Наскоро Баскет Кичево започнува со нови уписи и тренинзи!

Нови деца. Нови генерации. Нови пријателства.
И многу кошарка! ❤️🏀

Следете нè - наскоро со повеќе информации.

КК Баскет Кичево – ја градиме следната генерација на терен! 🔥

#Кичево #Кошарка #НовиУписи #Тренинзи #ЗаМладите #ДомНаАрмијата

🏀 Заедно создаваме подобри услови за нашите деца.Со големо задоволство ве известуваме дека на игралиштето кај Домот на А...
23/07/2026

🏀 Заедно создаваме подобри услови за нашите деца.

Со големо задоволство ве известуваме дека на игралиштето кај Домот на АРМ се поставени нови професионални кошаркарски обрачи, со што теренот повторно е целосно подготвен за игра, тренинг и рекреација.

КК Баскет Кичево, воден од желбата да им обезбеди квалитетни услови на децата и младите, со сопствени средства набави два нови професионални кошаркарски обрачи, затоа што веруваме дека секое дете заслужува безбедно место за спорт, дружење и развој.

🙏 Искрена благодарност до ГАМА МЕТАЛ KOM за нивната несебична поддршка и професионална помош при монтажата на новите обрачи. Вашата општествена одговорност и подготвеност да помогнете се вистински пример како заеднички се создаваат вредности што остануваат.

👏 Благодарност и до сите пријатели, волонтери и поддржувачи кои го вложија своето време, труд и енергија за ова игралиште повторно да биде место исполнето со детска насмевка, спорт и позитивна енергија.

Ги повикуваме сите граѓани, Општина Кичево и Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme , заеднички да придонесеме овие спортски терени да останат безбедни, уредни и зачувани. Само со заедничка грижа можеме да создадеме средина во која младите ќе растат преку спортот.

❤️ Да го чуваме тоа што заедно го создаваме.

КК Баскет Кичево – Заедно градиме здрава иднина за Кичево.

#ККБаскетКичево #Кичево #СпортЗаСите #ЗаедноЗаМладите #ГамаМеталПром #ОпштественаОдговорност #ЗаедноГрадимеИднина

🏀 Не можеме да изградиме подобра иднина ако дозволуваме да се уништува она што е создадено за младите.Со големо разочару...
20/07/2026

🏀 Не можеме да изградиме подобра иднина ако дозволуваме да се уништува она што е создадено за младите.

Со големо разочарување споделуваме дека кошевите на целосно реновираното игралиште кај Домот на АРМ повторно се мета на вандализам. Наместо да бидат место каде што децата спортуваат, се дружат и градат здрави навики, тие повторно стануваат цел на поединци кои свесно уништуваат јавно добро.

Ова не е само штета на кошевите и спортската опрема. Ова е штета за целата заедница, за младите и за секој граѓанин кој сака Кичево да биде подобро место за живеење.

Ги повикуваме надлежните институции и Министерството за внатрешни работи, да посветат дополнително внимание на спортските игралишта во Кичево. Свесни сме дека летниот период носи многу предизвици и обврски за полициските службеници, но веруваме дека со почесто превентивно присуство, зголемени патроли и откривање на сторителите може значително да се намалат ваквите случаи.

Оние што уништуваат јавно добро мора да знаат дека ќе бидат откриени и ќе одговараат за своите постапки. Само така ќе испратиме јасна порака дека вандализмот нема место во нашиот град.

Спортските игралишта не се ничија лична сопственост – тие им припаѓаат на сите наши деца. Затоа сите имаме обврска да ги чуваме.

Да го зачуваме она што го градиме – заедно.

#Кичево #СтопЗаВандализам #СпортЗаСите #ЗаштитетеГиИгралиштата

Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme– веруваме дека со ваша поддршка ќе ги заштитиме спортските игралишта и ќе покажеме дека јавниот имот и безбедноста на местата каде што спортуваат нашите деца се заедничка одговорност.

🏀 Со ова официјално ја завршуваме сезоната на КК Баскет Кичево!Зад нас остануваат многу тренинзи, натпревари, победи, пр...
01/07/2026

🏀 Со ова официјално ја завршуваме сезоната на КК Баскет Кичево!
Зад нас остануваат многу тренинзи, натпревари, победи, предизвици, насмевки и незаборавни моменти. Горди сме на секој наш кошаркар, на нивниот труд, дисциплина и желба за напредок, како и на довербата и поддршката од родителите во текот на целата сезона.
Сега е време за заслужен одмор! ☀️

На сите наши играчи, родители и пријатели на клубот им посакуваме прекрасно лето, исполнето со многу насмевки, убави спомени, безгрижни денови и драгоцени моменти поминати со семејството и најблиските.

Одморете се, наполнете ги батериите и уживајте во секој момент, затоа што од септември повторно се враќаме на терените - со нова енергија, нови цели и уште поголема желба за работа и успеси! 💙🏀

Ви благодариме што бевте дел од оваа сезона.
Се гледаме во септември! 💪🏀

Од Кичево… кон светот. 🌍🏀Кога започнавме пред неколку месеци, имавме една едноставна цел:🏀Да ги донесеме децата во сала....
22/06/2026

Од Кичево… кон светот. 🌍🏀

Кога започнавме пред неколку месеци, имавме една едноставна цел:

🏀Да ги донесеме децата во сала.
🏀Да ги оттургнеме од телефоните.
🏀Да изградиме карактер, дисциплина и љубов кон спортот.

Денес со огромна гордост можеме да споделиме уште една прекрасна вест.

БАСКЕТ КИЧЕВО ќе има свои претставници во Hoops & Heritage Global Society.

Од најмалите први чекори со топка… до меѓународни кошаркарски искуства.

Ова не е само учество.

Ова е доказ дека трудот, посветеноста и работата носат резултати.

Нашите деца ќе имаат можност:

🏀 Да тренираат во меѓународна средина
🌍 Да запознаат нови култури и другарства
🔥 Да се натпреваруваат и развиваат на повисоко ниво
❤️ Да покажат дека и од Кичево можат да започнат големи приказни

Горди сме.

Горди на децата.
Горди на родителите.
Горди што заедно растеме.

Ова е само почеток.

БАСКЕТ КИЧЕВО ❤️🏀

Не мораш да бидеш од голем град за да имаш големи соништа. 🏀🏀 Доволно е да имаш топка.🏀 Терен.🏀 Екипа.🏀 И желба да работ...
17/06/2026

Не мораш да бидеш од голем град за да имаш големи соништа. 🏀

🏀 Доволно е да имаш топка.
🏀 Терен.
🏀 Екипа.
🏀 И желба да работиш.

Останатото доаѓа со време.

🏀 Кичево има иднина.

Address

Industriska 16
Kicevo
6252

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when KK Basket Kicevo posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share