02/02/2026
На 01.02.2026 во Куманово се одржа првата трка за 2026 година во техничка реализација на ВК Инвиктус под покровителство на @Велосипедска Федерација на Македонија.
Упатуваме честитки до сите учесници за борбениот настап, до клубовите за посветената работа и во лоши временски услови.
Натпреварот се одвиваше во вистински вело-крос услови, на патека поставена според стандардите на оваа дисциплина со одлична техничка реализација за која добивме признание од самите натпреварувачи кои ни се мотиватори да создаваме уште подобри патеки во иднина.
За овековечувањето на настанот се погрижи 📸Vasko Jovanov на кого го сме му искрено благодарни.
Им посакуваме на сите натпреварувачи успешна сезона и уште многу силни резултати на домашната и меѓународната сцена 🚴♂️🇲🇰
27/08/2023
Елена Петрова, прва македонка на подиум на балканиада. Второ место на хронометар и трето место на друмско, се надеваме за уште поголеми успеси
25/08/2023
🇲🇰Нашата Elena Petrova дома ни носи сребро!🇲🇰
👏Сите честитики и аплаузи одат за Елена, која на Балканско првенство во Лариса, соседна Грција во дисциплина индивидуален хронометар освои сребро!!!
31/07/2023
Од 3 до 13 август во Глазгов, светската велосипедска унија UCI го организира најголемиот велосипедски настан во историјата, UCI CYCLING WORLD CHAMPIONSHIPS за сите дисциплини на едно место. Најдобрите светски велосипедисти ќе се соберат во Глазгов и низ Шкотска за да се натпреваруваат на највисоко ниво, да направат историја и да му ја покажат на светот моќта на велосипедот.
Велосипедската федерација на Македонија на ова светско првенство ќе учествува со две велосипедистки, Дуња Иванова и Елена Петрова кои ќе се натпреваруваат во дисциплините друмски велосипедизам и индивидуален хронометар во најјаката конкуренција Елит жени.
ВФМ стратешки инвестира во развој на женскиот велосипедизам, а ова е голем чекор кон крајната цел.
Повеќе информации ќе најдете на официјалната веб страна:
https://www.cyclingworldchamps.com/
01/07/2023
Денес во Крушево, во организација на ВК Оксижен се одржа натпревар во планински велосипедизам - XCO Крушево 1 🚵🏽♂️🚵🏽♂️🚵🏽♂️
Во категорија Елит - Милан Нацевски го освои третото место 🥉🙌🏽👏🏽
20/06/2023
🥁🥁🥁На 18.06.2023 во Илинден се одржа Државното друмско првенство, двајца натпреварувачи од ВК Инвиктус се изборија за титулата ДРЖАВЕН ШАМПИОН во своите категории: Ивица Давидовски - Мастерс, Елена Петрова - Жени Елит, додека Милан Нацевски заврши на 7то место во категорија Мажи Елит, а Ален Денковски заврши на 3то место во категорија Мастерс 👏🏽👏🏽👏🏽
16/06/2023
На денешното државно првенство во хронометар имаме уште еден Државен шампион во категорија мастерс - Ивица Давидовски 🥇🏆⏱️ Честитки! 👏🏽👏🏽👏🏽
16/06/2023
Денес кај локалитетот Стоби се одржа Државното првенство во хронометар ⏳⏱️ Во категорија жени Елена Петрова е нов државен шампион 🥳🥁
04/06/2023
Belgrade GP Woman Tour, успешно завршена прва етапа за Елена Петрова. Денес следува уште една, последна етапа 🥳🍀
22/05/2023
Државно ридско првенство и уште еден државен шампион од ВК Инвиктус. Во категорија Мастерс победник е Ивица Давидовски 👏🏽🥇