28/01/2022
Почитувани, пливачкиот клуб "Цоне-Тумба 2018" од Куманово упатува апел, а воедно и молба, до Влада на Република Македонија, Премиер, Градоначалник на Куманово, во скоро време да се изнајде решение за отварање на покриените базени во Куманово и Скопје. Свесни сме дека живееме во период на рестрикции и покачени сметки, но исто така сме свесни дека државата во минатото издвојувала и многу поголеми суми на пари на не така битни работи. Во Куманово има околу 1000 пливачи од повеќе клубови, од кои повеќето се дечиња на помала возраст. Заради нив мислиме дека е фер да се разгледа можноста да се субвенционира одредена сума на пари за покривање на трошоците на базените во Куманово и Скопје. Спортот е огледало на едно општество, доколку успееме да го скршиме тоа огледало ќе ни остане само празна рамка. Се надеваме дека ќе наидеме на разбирање од Ваша страна и дека позитивно ќе одговорите на апелот и молбите упатени од сите пливачки клубови во земјата. Спортски поздрав.