Ф.К. Куманово Еуроспорт

Ф.К. Куманово Еуроспорт Ф.К. Куманово Еуроспорт формиран 01.03.2004 година. Клуб за тренинг и едукација на идни фудбалери

🇷🇴⚽ УШТЕ ЕДЕН УСПЕШЕН МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР ЗАД НАС! 🇲🇰Изминатиов викенд нашите генерации 2017 и 2018 настапија на силниот ...
01/09/2026

🇷🇴⚽ УШТЕ ЕДЕН УСПЕШЕН МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР ЗАД НАС! 🇲🇰

Изминатиов викенд нашите генерации 2017 и 2018 настапија на силниот меѓународен турнир во Темишвар, Романија 🇷🇴.

И двете наши екипи одиграа одличен турнир и успеаја да стигнат до самата завршница. Заморот и падот на концентрацијата во клучните моменти нè чинеа медал 🏅, па на крајот и двете генерации го освоија четвртото место.

Она што особено нè радува е фактот што нашите фудбалери играат одлично и рамноправно се натпреваруваат со многу квалитетни фудбалски школи од Балканот и Европа. 🌍⚽

Континуираниот пласман во самиот врв на силните меѓународни турнири е доказ дека сме на вистинскиот пат и дополнителен мотив да продолжиме да работиме уште понапорно. 💪❤️💛

Голема благодарност до сите наши дечиња за борбеноста и одличното претставување на клубот, како и до нивните родители кои и овој викенд беа со екипата и ни ја дадоа својата поддршка. 👏

Од преубавиот Темишвар се враќаме во Македонија 🇲🇰 побогати за нови искуства, многу емоции, нови пријателства и прекрасни фудбалски моменти! ⚽❤️

🇷🇴⚽ ОДЛИЧЕН СТАРТ НА ТУРНИРОТ ВО ТЕМИШВАР! 🔴🟡Генерациите 2017 и 2018 денеска ги одиграа своите први натпревари на силнио...
29/08/2026

🇷🇴⚽ ОДЛИЧЕН СТАРТ НА ТУРНИРОТ ВО ТЕМИШВАР! 🔴🟡

Генерациите 2017 и 2018 денеска ги одиграа своите први натпревари на силниот меѓународен турнир во Темишвар, Романија 🇷🇴 и прикажаа одлична игра и голема борбеност. 💪⚽

🔹 Генерација 2017 забележа една победа и еден пораз, а утре ја очекува одлучувачки натпревар за пласман во 1/4 финалето.

🔹 Генерација 2018 одигра доминантно – три натпревари, три победи! Со максимален учинок обезбеди пласман во 1/4 финалето, кое се игра утре.

👏 Браво дечки! Продолжуваме храбро и со иста желба и борбеност и утре! ❤️💛

Среќно! 🍀⚽

🚍🇲🇰⚽🇷🇴 ГЕНЕРАЦИИТЕ 2017 И 2018 ТРГНАА ЗА РОМАНИЈА!Нашите млади фудбалери од генерациите 2017 и 2018 отпатуваа за Темишва...
28/08/2026

🚍🇲🇰⚽🇷🇴 ГЕНЕРАЦИИТЕ 2017 И 2018 ТРГНАА ЗА РОМАНИЈА!

Нашите млади фудбалери од генерациите 2017 и 2018 отпатуваа за Темишвар 🇷🇴, каде викендов ги очекува настап на исклучително силен и квалитетен меѓународен турнир. 🏆⚽

Им посакуваме многу успех, одлични натпревари и достојно претставување на нашиот клуб! 💪🔴🟡

Среќно дечки! 🍀⚽

🥉🏆 БРОНЗА ЗА ГЕНЕРАЦИЈАТА 2016! ❤️💛Денеска нашите фудбалери настапија на меѓународниот турнир во Параќин, Србија 🇷🇸, во ...
28/08/2026

🥉🏆 БРОНЗА ЗА ГЕНЕРАЦИЈАТА 2016! ❤️💛

Денеска нашите фудбалери настапија на меѓународниот турнир во Параќин, Србија 🇷🇸, во организација на нашите пријатели од Фудбалската школа Вук.

Одлична игра, голема борбеност и желба на сите натпревари, а на крајот заслужено трето место и бронзен медал! 🥉👏

Браво за нашите дечиња кои уште еднаш гордо ги бранеа ❤️💛 боите!

👏 Честитки до организаторите за одличниот турнир и голема благодарност до родителите за постојаната поддршка!

Продолжуваме уште посилно! 💪⚽❤️💛

⚽Пријателски натпревар за нашата 2012 генерација против екипата на ФК Вардар во Скопје
25/08/2026

⚽Пријателски натпревар за нашата 2012 генерација против екипата на ФК Вардар во Скопје

🏆⚽ УСПЕШЕН ВИКЕНД ЗА НАШИТЕ ГЕНЕРАЦИИ – ТРИ МЕДАЛИ ОД ДВА ТУРНИРА! ❤️💛Уште еден одличен фудбалски викенд е зад нас! Наши...
23/08/2026

🏆⚽ УСПЕШЕН ВИКЕНД ЗА НАШИТЕ ГЕНЕРАЦИИ – ТРИ МЕДАЛИ ОД ДВА ТУРНИРА! ❤️💛

Уште еден одличен фудбалски викенд е зад нас! Нашите генерации 2014, 2016 и 2018 настапија на два турнира во Куманово и Грачаница, каде што прикажаа одлични игри, борбеност и желба за надигрување.

🇲🇰 ГЕНЕРАЦИЈА 2014 – ТУРНИР ВО КУМАНОВО

Генерацијата 2014 настапи на турнирот во Куманово, во организација на ФК Милано.

По одличните игри во групната фаза и четвртфиналето, нашите фудбалери заслужено обезбедија место во полуфиналето. Таму, заморот, високите температури и отсуството на неколку стандардни фудбалери го земаа својот данок и нè чинеа пласман во големото финале.

Сепак, зад нашите момчиња е одличен турнир, исполнет со квалитетни натпревари, борба и уште едно вредно искуство. На крајот заслужено се закитија со бронзениот медал и третото место! 🥉🏆

🏆 ГЕНЕРАЦИИ 2016 И 2018 – МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР ВО ГРАЧАНИЦА со учество на екипи од Романија 🇷🇴, Црна Гора 🇲🇪, Србија 🇷🇸.

Генерациите 2016 и 2018 настапија на меѓународниот турнир во Грачаница, во организација на Фудбалската школа 28 Јун, а двете наши екипи оставија одличен впечаток и го освоија второто место! 🥈🥈

⚽ Генерација 2016

По послабиот старт и почетниот пораз, екипата влезе во вистински ритам и до крајот на турнирот не прими ниту еден гол, победувајќи ги сите натпревари сè до големото финале.

Финалето против домаќинот 28 Јун заврши 0:0, а по изведувањето на пеналите, повеќе среќа имаше домашната екипа.

⭐ За најдобар играч во генерацијата 2016 беше прогласен нашиот Ангел Јовановски! 👏⚽

⚽ Генерација 2018

Нашите најмлади фудбалери се натпреваруваа во лига-систем и по одиграни 5 натпревари, со само еден пораз, заслужено го освоија второто место и сребрениот медал. 🥈

👏 Честитки за сите наши фудбалери кои, и покрај топлото време и напорните натпревари, покажаа карактер, борбеност, тимски дух и огромна желба за надигрување.

Еден викенд, два турнира и три освоени медали! 🥈🥈🥉

❤️ Голема благодарност и до нашите родители, кои секогаш се покрај нас и се нашата најголема поддршка!

Браво деца! Продолжуваме да работиме, да учиме и да растеме заедно! 💪⚽🏆

⚽Викендов генерацијата 2019 одигра  пријателски натпревар како дел од подготовките за новата сезона и настапот во Детска...
15/08/2026

⚽Викендов генерацијата 2019 одигра пријателски натпревар како дел од подготовките за новата сезона и настапот во Детската лига која стартува во септември

☀️Наши гости беа екипата на од Скопје, со која одигравме квалитетен и интересен натпревар исполнет со многу голови, убави потези и детска радост.

👏Честитки за сите дечиња за прикажаната игра, желба и борбеност, а голема благодарност до нашите пријатели од Скопје за дружбата и спортскиот дух. ❤️💛

🏆⚽ ТРИ ГЕНЕРАЦИИ ТРИ МЕДАЛИ 🏅Нашиот клуб изминативе 5 дена, со генерациите 2012, 2015 и 2017, беше дел од меѓународниот ...
10/08/2026

🏆⚽ ТРИ ГЕНЕРАЦИИ ТРИ МЕДАЛИ 🏅

Нашиот клуб изминативе 5 дена, со генерациите 2012, 2015 и 2017, беше дел од меѓународниот турнир Еуромилк Куп, кој се одржа во Скопје.

Горди сме што сите три наши генерации стигнаа до завршницата на турнирот и се закитија со медали! ❤️💛

🥉 ГЕНЕРАЦИЈА 2012 – БРОНЗЕН МЕДАЛ
Нашите фудбалери одиграа одличен турнир и доминираа на натпреварите. Само несреќниот пораз во полуфиналето и краткиот пад на концентрацијата нè чинеа борба за највисок пласман. И покрај тоа што настапивме ослабени, без 5 стандардни првотимци, момците покажаа квалитет и карактер и на крајот заслужено го освоија бронзениот медал. 🥉👏

🥈 ГЕНЕРАЦИЈА 2015 – СРЕБРЕН МЕДАЛ
Уште еден борбен и квалитетен турнир за оваа генерација. И покрај отсуството на неколку стандардни играчи, нашите фудбалери успеаја да стигнат до големото финале и турнирот да го завршат со освоен сребрен медал. 🥈💪

🥇🏆 ГЕНЕРАЦИЈА 2017 – ШАМПИОНИ!
Уште еден одличен и доминантен турнир за нашата генерација 2017! Момците успеаја да ги добијат сите 7 натпревари на турнирот и сосема заслужено на крајот беа прогласени за ШАМПИОНИ НА ЕУРОМИЛК КУПОТ! 🏆🥇🔥

⭐ ИНДИВИДУАЛНИ НАГРАДИ

Покрај екипните успеси, од нашите редови доаѓаат и добитници на индивидуални признанија:

⚽ Реџаил Бајрами – најдобар стрелец во генерацијата 2012 🏆
⚽ Димитриј Димитријевски – најдобар стрелец во генерацијата 2017 🏆
🌟 Илин Шутевски – МВП, најдобар играч на турнирот во генерацијата 2017 🏆

👏 Честитки до организаторот за успешно организираниот турнир и за првиот роденден на клубот! 🎂⚽

❤️💛 Посебна благодарност до нашите фудбалери и нивните родители, кои во текот на сите 5 дена беа со клубот. И покрај високите температури и напорниот распоред, нашите деца оставија срце на теренот и силно се бореа за црвено-жолтите бои! 🔴🟡

Продолжуваме да работиме, да се развиваме и да создаваме нови фудбалски успеси! ⚽💪❤️💛

🥇 2017 | 🥈 2015 | 🥉 2012
🏆ТРИ ГЕНЕРАЦИИ – ТРИ МЕДАЛИ🏆

Викендов нашите генерации 2012, 2015 и 2017 се активни на меѓународниот турнир Еуромилк Куп во Скопје. 🏆Ова е прв турнир...
08/08/2026

Викендов нашите генерации 2012, 2015 и 2017 се активни на меѓународниот турнир Еуромилк Куп во Скопје. 🏆

Ова е прв турнир и први натпревари за нашите фудбалери по летните одмори, а уште од самиот старт покажуваат голема желба за игра, борбеност и надигрување. ❤️💛⚽

👏 По првите два дена, генерациите 2015 и 2017 обезбедија пласман во неделното 1/4 финале, каде ги очекуваат нови предизвици и борба за пласман понатаму. 💪

⚽ Генерацијата 2012 денес ја очекуваат нови натпревари и е многу блиску до обезбедување пласман во 1/2 финалето. 🔥

☀️ Високите температури и топлото време не беа пречка нашите фудбалери да ја покажат својата желба за надигрување, тимски дух и љубов кон фудбалот.

⚽🇲🇰 НОВИ УПИСИ ВО ТЕК! 🇲🇰⚽🌞 Во пресрет на новата фудбалска сезона, ФК КУМАНОВО ЕУРОСПОРТ отвора нови уписи за деца од 5 ...
08/08/2026

⚽🇲🇰 НОВИ УПИСИ ВО ТЕК! 🇲🇰⚽

🌞 Во пресрет на новата фудбалска сезона, ФК КУМАНОВО ЕУРОСПОРТ отвора нови уписи за деца од 5 до 14 години! ⚽❤️💛

⭐ Запишете го вашето дете во клуб посветен на развојот, напредокот и фудбалската иднина на младите фудбалери!

🌍 МОЖНОСТ ДА ИГРААТ ПРОТИВ ГОЛЕМИ ЕВРОПСКИ КЛУБОВИ! Нашите млади фудбалери имаат можност да се натпреваруваат со екипи како:
🇮🇹 Рома
🇵🇹 Порто
🇷🇸 Црвена Звезда
🇫🇷 Монако
🇪🇸 ФК Барселона
и многу други!

🏟️ Сопствени терени со природна и вештачка трева
🏆 Учество на бројни домашни и меѓународни турнири и детска лига
👨‍🏫 Работа со лиценцирани тренери
⚽ Современи тренинзи насочени кон правилен фудбалски развој
🤝 Дружење, дисциплина, тимски дух и создавање нови пријателства

❤️💛 ДОЈДИ, ТРЕНИРАЈ И БИДИ ДЕЛ ОД ЦРВЕНО-ЖОЛТОТО СЕМЕЈСТВО! ❤️💛

📱 ИНФОРМАЦИИ И УПИС: 📞 077 772 059 – Мартин
📞 075 427 388 – Александар

⚽ ФК КУМАНОВО ЕУРОСПОРТ
🌟 Тука започнуваат фудбалските соништа!

Address

Kumanovo
1300

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Ф.К. Куманово Еуроспорт posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Ф.К. Куманово Еуроспорт:

Shortcuts

Share

Category