10/06/2026
🥇Побрзо, Повисоко, Посилно – Заедно!
📚Стручниот Актив на Училишниот Спортски Клуб Крсте Мисирков Куманово е секогаш неколку чекори пред времето и секогаш во интерес на учениците, родителите и училиштето.
📝Со своите активности, развива услови за настава, ја збогатува опремата и спортските реквизити за што поголема содржина и активност на часовите и учествува и креира проекти за нови напредни пристапи и методи за поквалитетна, позначајна и поуспешна настава по физичко и здравствено образовние за учениците.
📜За ова инклузивно и повеќенаменско спортско игралиште кое од идеја и лист хартија стана реалност со нови услови за настава во учебна 2026-2027 година уште еднаш им се заблагодаруваме јавно на сите кои помогнаа во реализацијата!