20/05/2026
🏆 ФК ЈУНИОР Е ШАМПИОН! 🏆
Со голема борба, срце и карактер, денеска ја потврдивме титулата!
Победа против ФК Победа со резултат 1:0, а стрелец на златниот гол беше Никица Петрушевски. ⚽🔥
Со ова, ФК Јуниор официјално е победник во Општинска лига Куманово!
Честитки до сите играчи, стручниот штаб, управата и сите што беа покрај клубот цела сезона.
Јуниор шампион! 💙🏆
19/05/2026
ГОЛЕМО ФИНАЛЕ! 🏆
ФК Јуниор Доброшане излегува на терен за најважниот натпревар.
Еден тим, една цел, едно срце!
📅 20.05.2026
🕔 17:00 часот
📍 Градски стадион Куманово
⚔️ ФК Јуниор Доброшане vs ФК Победа
Сите заедно да дадеме поддршка, да бидеме 12-ти играч и да покажеме што значи Јуниор!
НИЕ СМЕ ЈУНИОР! 💙⚽
17/05/2026
ФК Јуниор е во ФИНАЛЕ! 🔵⚪️🏆
После голема борба, срце на терен и карактер до последна минута, нашиот тим славеше со 3:2 против ФК Македонија Агино.
Ова не беше само натпревар, ова беше доказ дека кога се игра за грбот, за клубот и за Доброшане, нема откажување.
ФК Јуниор 3:2 ФК Македонија Агино
Одлична партија момци, честитки до сите играчи, стручниот штаб и нашата верна поддршка.
Се гледаме во финале! 🔥⚽️
#ФКЈуниор #Доброшане #Финале #ПлејОф #СрцеНаТерен
14/05/2026
🔥 PLAY-OFF SEMI FINAL 🔥
ФК Јуниор Доброшане 🆚 ФК Македонија Агино
Недела | 17.05.2026
⏰ 17:00 часот
📍 Градски стадион Куманово
Време е за голем натпревар.
Време е за борба до последна минута.
Да бидеме сите заедно, да дадеме поддршка кога најмногу треба! 💙⚽
#ФКЈуниор #Доброшане
02/05/2026
🏆 ФК ЈУНИОР с. Доброшане – ШАМПИОНИ во првата фаза! 🏆
Со одлична игра, борба и тимски дух, ФК Јуниор ја завршува првата фаза од натпреварувањето на првото место!
Но приказната продолжува… Следува playoff полуфинале!
📅 17 Мај
🏟️ Градски стадион
🆚 ФК Агино Село
Ве покануваме сите да дојдете и да ни дадете поддршка во борбата за финале!
Напред Јуниор! 💛⚽🏆
11/04/2026
Денеска нашиот тим оствари убедлива победа од 3:0 и се осамостои на врвот на табелата цврсто чекорејќи кон баражот за трета лига-север.
Стрелци на головите:
Саваш ⚽️
Никица ⚽️
Агуеро ⚽️
Мора да го издвоиме и перформансот на нашиот голман Марио Крстевски кој со неговите блескави одбрани обезбеди “чиста мрежа” и заедно со целата екипа ја обезбеди оваа многу битна победа за нас.
10/04/2026
СЛУЧАЈНОСТ КОЕ ПРЕМИНУВА ВО ТРАДИЦИЈА… 🥚⚽
Веќе 3-4 години по ред, велигденскиот викенд носи исто дерби…
ФК ЈУНИОР vs ФК РЕЧИЦА
Она што започна како случајност, денес веќе станува традиција.
Натпревари полни со жар, борба и неизвесност до последната минута.
Секогаш тврд дуел, секогаш интересен фудбал…
и секогаш приказна што вреди да се гледа.
📍 С. Доброшане
🗓 Сабота 16:30
Бидете дел од уште едно велигденско дерби! 🔥
29/03/2026
Убедлива победа, продолжуваме понатаму !