18/08/2026
🙌
Алексеј Стојановски шампион, Марин Стефановски финалист – двоен успех за ТК Тумба Куманово
Голем успех за Тенискиот клуб „Тумба“ од Куманово на Отвореното првенство на Македонија до 16 години – јуниори, кое од 14 до 17 август се одржува во Скопје во организација на ТК Поинтер од Скопје.
Во финалето се сретнаа двајца кумановски тенисери од ТК „Тумба“ – Алексеј Стојановски и Марин Стефановски, со што клубот обезбеди одличен резултат и доминација во завршницата на турнирот.
Стојановски одигра одличен турнир и во финалниот меч славеше против својот клупски колега Стефановски со 6-2, 6-3, со што ја освои шампионската титула во категоријата до 16 години.
За Марин Стефановски, пласманот во финалето е исто така голем успех и потврда за квалитетот и потенцијалот на младите тенисери на ТК „Тумба“ Куманово.
Двојното финале е уште еден значаен резултат за кумановскиот тенис и спорт