RK Kuzman

RK Kuzman

Share

Handball team

15/02/2026

Дружба со нашите поранешни членови. Некои продолжија во ракометот, некои продолжија по друг пат, но сите успешни во тоа што го прават. Драго ми е нашите дружби продолжуваат и што ве гледам повторно. Овој клуб можеби беше мој, но вие бевте неговото срце и еден од најубавиот делови од приказната. Ви благодарам на сите за посветеноста, трудот и придонесот што го вложивте во клубот и за сите спомени кои останаа. ❤️

06/10/2025

Нашиот Лука 💪

Александра Кузмановска ќе ги води пионерките на Вардар - 24 РАКОМЕТ 26/08/2025

Александра продолжува да работи со пионерките и голманите на ЖРК Вардар а Ева во ракометната школа на ЖРК Вардар

Александра Кузмановска ќе ги води пионерките на Вардар - 24 РАКОМЕТ Александра Кузмановска, една од младите, но перспективни тренери во Македонија, во иднина ќе работи со пионерките на Вардар. Под нејзино водство, младите вардарки в...

19/08/2025

Драги пријатели, поддржувачи и членови,
Со многу емоции, ве информираме дека РК Кузман ќе стави пауза во своето функционирање, по цели 10 години посветена работа, раст и заеднички успеси. Некои одлуки не се лесни, но кога се носат со чисто срце и мирна совест, знаеме дека се правилни.
Започнавме со многу ентузијазам и големи амбиции и веруваме дека успеавме да ги реализираме најголем дел од нашите цели. Низ нашата приказна поминаа околу 500 членови. Имавме репрезентативци, најдобри стрелци во лигата, а нашите играчи често беа препознаени како засилувања во најдобрите клубови.
Одлуката беше тешка, но веруваме дека е правилна затоа што нашите членови заслужуваат уште подобри услови. Заедно со играчите, на крајот од сезоната 2023/24 одлучивме дека сезоната 2024/25 ќе биде последната заедничка сезона за нашиот клуб.
На сите играчи кои посакаа да продолжат со својата ракометна приказна им помогнавме да добијат нови и стабилни клубови. Девојките уште минатата сезона преминаа екипно во РК Металург, а оваа година заедно со нивниот тренер Мери продолжуваат во ЖРК Металург Автокоманда.
Во овие 10 години не создававме само играчи – туку вложувавме во создавање на добри луѓе, градење карактер, пријателства, позитивна енергија и здрави навики.
Бескрајна благодарност до сите вас кои не избравте да бидеме вашето прво ракометно семејство. Ви благодариме на сите компании и поддржувачи што верувавте во нас и ни помогнавте да обезбедиме подобри услови за децата.
Посебна благодарност до нашите тренери: Аце, Стефан, Кико, Ева – кои оставија свој белег во нашето постоење, и заедно со тренерот Александра, вложија сѐ од себе за децата да чекорат по вистинскиот пат.
Зад нас остануваат 10 незаборавни години, полни со преубави приказни и спомени кои ќе ги носиме засекогаш.
Каде и да ве однесе животниот пат, ви посакуваме најпрво добро здравје, многу успеси и среќа во сѐ што правите.
Телефонот на РК Кузман е достапен како и до сега 24/7.
Оваа страна ќе продолжи да постои и тука ќе објавуваме слики и видеа од нашите досегашни членови.
Со почит,
РК Кузман

17/05/2025

Нашите девојчиња кои оваа година се на позајмица и настапуваат за ЖРК Металург во пионерската лига вечерва ќе се борат за прво место 🥇🏆🤾🏼

15/05/2025

Flying machine 💪🤾🏼

03/04/2025

Одлични се нашите момци во последните натпревари, а вчерашната победа тоа го докажа 💪🤾🏼☺️

Photos from RK Kuzman's post 31/12/2024

Нашиот тренер Александра Кузмановска се здоби со Master coach лиценца, во моментот највисок ранг за ракометен тренер 🤾🏼💪

29/03/2024

По минато неделниот пораз со 1 разлика во Велес, нашите пионерки вчера остварија убедлива победа против екипата на Младост 🤾🏼‍♀️🤾🏼‍♀️💪

Want your business to be the top-listed Gym/sports Facility in Marino?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Category

Website

Address


Ilinden
Marino
1041