20/02/2026
Antigonea Biking
,,АНТИГОНЕА БАЈКИНГ - Неготино е здружение на граѓани на сите категории вљубеници во велосипедизмот
20/02/2026
11/05/2025
Maриовo Off Road Experience 2025
Велосипедски викенд посветен на Боби - Касандар
20/11/2024
На ден 19.11.2024 година во Хотел Гарденија, Велес се одржа IX седница на Македонска Асоцијација на Аматерски Велосипедски Здруженија и клубови МААВЗК
На оваа последна седница за оваа година се сумираа резултатите од работата на вкуупно 24 здруженија и клубови членки на Асоцијацијата од цела Македонија.
Во 2024 година здруженијата и клубовите членки на Асоцијацијата одржаа вкупно 27 велосипедски настани низ целата територија на Република Македонија со што во целост го исполнија предвидениот календар на велосипедски настани. На овие 27 велосипедски настани учествуваа преку 5000 велосипедисти што е позитивен сигнал дека Асоцијацијата е вистинската организација за промоција на велосипедизмот во Македонија, а покрај тоа овие настани се промотори на сите региони на Македонија, на нивните природни убавини и секако промотори на активниот и алтернативниот туризам кој е во постојан пораст во Македонија.
Во текот на својата работна седница беа направени и планови за идната 2025 година и беше креиран нацрт-планот за Календарот на Велосипедски настани за 2025 година. За наредната 2025 година се предвидени преку 30 велосипедски настани, а Асоцијацијата се надева на уште поголем интерес на вљубениците на планинскиот велосипедизам во Македонија и во регионот.
Покрај тоа на седницата беа усвоени и неколку идни планови на Асоцијацијата кои во голема мерка ќе им бидат на помош на сите организатори на овие спортски манифестации.
Покрај Нацрт плановите за 2025, Претседателот на Асоцијацијата, Зоран Јаневски даде извештај за финансиското работење на Асоцијацијата за 2024 година.
Македонската Асоцијација на Аматерски Велосипедски Здруженија и клубови МААВЗК се финансира единствено од сопствени средства, односно од членарина.
Наредната седница е предвидено да се одржи кон крајот на февруари 2025 година каде точно ќе се дефинираат активностите кои ќе бидат организирани под капата на Асоцијацијата.
Македонска Асоцијација на Аматерски Велосипедски Здруженија и Клубови
31/05/2024
12.05.2024 - Учество на Гевгелиски Велотлон 2024 💪🚵♂️☑️
04/04/2024
Бајкери ❗️❗️❗️
Утре не ја пропуштајте единствената можност.
Се одбројуваат часови за лицитација на дресот на великанот Пепи Манасков и моментот кога ќе се сретнете со него и останатите ракометни асови: Тони Николовски, Сречко Ѓорѓиевски, Раде Стојановиќ и многу други.
Како и ветераните на легендарното Повардарие.
Голем спектакл во ракометот во Неготино ќе се случува утре со старт во 18.30ч во спортската сала “Младост” Неготино.
Бидете на време !
Со богата културно уметничка програма пред самиот натпревар, настапуваат:
Благица и Дуо Фортисимо.
КУД Јане Сандански Неготино.
КУД Мирка Гинова Демир Капија.
Клуб за зумба модерни танци “Тренд лајф вижн” Неготино.
Специјален гостин кој ќе остане во тајност се до неговиот настап.
Dj Fitty Flow.
Водител Даниела Ѓорѓиева Дончевска.
Од ❤️ за Јани Иванов.
Влез 100ден.
26/03/2024
27/02/2024
ТВ 24 во домот на Јани од Неготино кој е во иста состојба како и Леонид ТВ 24 во домот на Јани од Неготино кој е во иста состојба како и Леонид
25/01/2024
ОДРЖАНО ГОДИШНО СОБРАНИЕ на МАКЕДОНСКА АСОЦИЈАЦИЈА НА АМАТЕРСКИ ВЕЛОСИПЕДСКИ ЗДРУЖЕНИЈА И КЛУБОВИ
🫶Вчера (24.01.2024 година) се одржа Годишното собрание на Македонската Асоцијација на Аматерски Велосипедски здруженија и клубови МААВЗК во која партиципираат 16 велосипедски здруженија и клубови од цела Македонија.
На ова годишно собрание покрај утврдувањето на органите на Асоцијацијата, беа разгледувани и неколку работи и тоа:
- Асоцијацијата ги потврди мандатите на сите членови во УО, НО;
- Асоцијацијата ги потврди мандатите на Претседателот, тројцата подпретседатели и Секретатот;
- Се разгледуваа плановите за активности за оваа 2024 година;
Она што е и најважно во овој момент за Асоцијацијата е постигнување на акламативен договор за креирање на КАЛЕНДАР НА ВЕЛОСИПЕДСКИ НАСТАНИ ЗА 2024 година.
📅Календарот ќе биде објавен наскоро
Во овој календар може да бидат објавувани и настани на здруженија и клубови кои имаат желба да бидат објавени а истите не се членови на Асоцијацијата.
🇲🇰Македонската Асоцијација на Аматерски Велосипедски здруженија и клубови МААВЗК ги повикува сите велосипедски здруженија и клубови во Македонија да ни се придружат и заеднички да си помогнеме и да изградиме нова, поквалитетна и поефикасна организациска концепција за сите велосипедски настани во Македонија со цел да им овозмжиме на сите љубители на рекреативниот велосипедизам и сите приврзаници на активниот, алтернативниот спорт и воопто сите спортови на отворено да имаат квалитетни услови за учество на истите.
📡Исто така ги повикуваме сите надлежни институции да обрнат внимание на нашата работа и нашите активности, затоа што сметаме дека сите ние здруженија и клубови сме најголемите промотори на Македонија!!!
Оваа 2024 година ќе биде полна со велосипедски настани, outdoor фестивали и многу,многу заеднички извозени километри во планина...
14/10/2023
Успешно искачен врв Дудица 2145м.н.в. ✔️💪
Прекрасна дружба и прекрасна организација од страна на K3 Bike Hike and Camping
28/08/2023
Hiking + Camping + Biking = 😁🔋
26-27 Август 2023 с.Бохула - Во Срцето на Кожуф K3 Bike Hike and Camping
Click here to claim your Sponsored Listing.
Location
Category
Telephone
Website
Address
Илинденска бр. 69-А
Negotino
1440