26/07/2026
🏀 ЗАВРШИ 4-ТОТО ИЗДАНИЕ НА STREET BASKET TOURNAMENT NOVO SELO! 🏆
По три дена исполнети со одличен баскет, неизвесни натпревари, спортски дух и одлична атмосфера, заврши 4-тото издание на Street Basket Tournament Novo Selo!
🥇 Победник на 4-тото издание:
Кафе Бар Читална & Burger Kampus
🥈 Второ место:
Ресторан Џои
🥉 Трето место:
BlokX
🏆 Најдобар играч (MVP):
Петар Коцев – Кафе Бар Читална & Burger Kampus
🎯 Најдобар шутер за 3 поени:
Андреј Мачевски – Ресторан Џои
Голема благодарност до публиката, која во текот на целиот турнир беше со нас и создаде неверојатна атмосфера! 👏
Благодарност до сите екипи кои беа дел од овогодишното издание и покажаа квалитет, борбеност и фер-плеј. 🏀
Голема благодарност до сите спонзори и поддржувачи кои го помогнаа одржувањето на турнирот.
Искрена благодарност и до градоначалникот на Општина Ново Село, Ѓорѓе Божинов, за поддршката и придонесот во реализацијата на турнирот! 🙏
Честитки до победниците! 🏆
Честитки до сите учесници! 👏
Се гледаме догодина на 5-тото издание! 🔥🏀