23/01/2025
ИЗВЕСТУВАЊЕ!!!
Почитувани,
По одржана работна средба на претставник од МССФ и претставници од МВР-сектор за оружје донесена е Одлука за утврдување на точна бројка на активни стрелачки клубови кои се членови во МССФ со Решение дејност спорт-стрелаштво и утврдување на унифицирана Потврда која ќе ја издаваат клубовите на своите активни членови кои се баратели на Одобренија за набавка на оружје.
Согласно член 9 од Законот за оружје Македонската Спортска Стрелачка федерација по барање на МВР - Сектор за оружје достави список на Стрелачки клубови кои се активни членови во МССФ и имаат Решение за дејност спорт – Стрелаштво.
Во прилог до клубовите е доставена Унифицирана Потврда која е прифатена од МВР - Сектор за оружје со насоки за сите клубови членови во МССФ кои ќе ја издаваат на своите членови. Истата е доставена и од страна на МВР сектор за оружје до сите надлежни сектори за оружје во Македонија.
Покрај Потврдата што ќе ја издава секој клуб и износот што ќе го уплаќаат барателите како членови во секој клуб ќе треба да бидат верификувани и во МССФ, според Статутот и Правилници на МССФ, а тоа подразбира дека е потребно истите да бидат верификувани во МССФ со уплата на износ од 600,00 денари. За таа цел клубовите кои издаваат Потврда на одредени баратели покрај наплата на својата утврдена годишна членарина, потребно е да побараат и достават уплатница од 600 денари од физички лица баретели на огнено оружје на сметка на МССФ со назнака Верификација во МССФ за 2025 година на жиро сметка на МССФ која е наведена во контакт на web сајт на МССФ.
http://mssf.org.mk/%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D1%82%D0%B0%D0%BA%D1%82/
Во самата Потврда која секој клуб ќе ја издава ќе биде нагласено доколку е подмирена верификацијатана секој барател на огнено оружје, како и потпишана Пристапница во клубот за тековната година.
МАКЕДОНСКА СПОРТСКА СТРЕЛАЧКА ФЕДЕРАЦИЈА Бул. Асном Бр.1 (СЦ Јане Сандански) 1000 Скопје, Република Македонија Mob + 389 77 600 262 Моb + 389 70 273 255 E-mail: [email protected] За уплата на чл....