FC Next Level

FC Next Level

Share

Football School in Ohrid

05/11/2025

Нашиот клуб за прв пат доби репрезентативен повик за наш член💪⚽️💪
Виктор Грданоски (U14) ова нека биде само ветар во грб, да ја претставуваш нашата Македонија во најдобро светло, понатака да се радуваме на репрезентативни настапи во првиот тим и уште играчи од нашиот клуб и регионот да ти се придружат⚽️🙏⚽️

ВИДЕО: Марино Маркоски за организацијата на Меѓународниот турнир „Некст Левел 2025“ во Охрид 28/06/2025

Ви благодариме Спортска Мрежа - нашиот Марино Маркоски зборува за Меѓународниот турнир „Некст Левел“ кој го организира нашата школа, Ви благодариме на сите 😍

ВИДЕО: Марино Маркоски за организацијата на Меѓународниот турнир „Некст Левел 2025“ во Охрид Марино Маркоски е еден од организаторите на Меѓународниот турнир „Некст Левел“ во Охрид, турнир кој веќе станува најмасовен, турнир кој станува еден од најдобри о...

Во тек е пријавувањето за 3. издание од Меѓународниот фудбалски турнир „Некст Левел 2025“ во Охрид! 24/03/2025

⚽️ 🤗 Ве очекуваме на нашиот Меѓународен турнир Next Level Tournament 2025 во Охрид ♥️

🟢 ПРИЈАВИТЕ СЕ ВО ТЕК 🟢

Во тек е пријавувањето за 3. издание од Меѓународниот фудбалски турнир „Некст Левел 2025“ во Охрид! Во тек се пријавите за за новото трето издание од Меѓународниот фудбалски турнир „Некст Левел“, кој се одржува во Охрид, на терените на СРЦ „Билјанини Извори“. По ...

21/02/2025

📣 ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ 📣

Уште еден Меѓународен турнир „Некст Левел 2025“ – за генерација 2010 и 2011 во формат 10+1, пријавети се отворени! 29/12/2024

🟢⚽️🏆🥳 НАШЕТО ИЗНЕНАДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ВАС по повод четвртиот роденден на нашата школа Некст Левел!

Уште еден турнир „Некст Левел 2025“ за генерација 2010 и 2011 во формат 10+1

Ве очекуваме, пријавите се отворени ❤️

Уште еден Меѓународен турнир „Некст Левел 2025“ – за генерација 2010 и 2011 во формат 10+1, пријавети се отворени! Фудбалската школа Некст Левел од Охрид прослави четири години од нејзиното основање. Голем број на дечиња се дел од Некст Левел, а фудбалската школа зад себе има и д...

Photos from FC Next Level's post 23/12/2024

🎉 Четири години на фудбалската патека – Next Level од Охрид расте! ⚽️

Драги наши фудбалски ентузијасти и обожаватели!

Оваа година, нашата фудбалска школа Next Level од Охрид го слави четвртиот роденден, и сме неизмерно горди на сите достигнувања кои сме ги постигнале заедно со нашите млади фудбалери. Четири години полни со напор, труд, посветеност и многу големи моменти! 🎉

💥 Поклони за нашите ѕвезди! 💥

Како што доликува, по повод годишнината, секоја наша ѕвезда – сите наши млади фудбалери – добија посебен подарок! 🎁 Оваа година, на сите членови на нашата школа им подаривме маици, вкупно над 160 маици, за секој наш член, како симбол на заедничкиот пат кој го изминуваме. 🌟

🏆 Детска лига на ФФМ - Претставување со гордост! 🏆

Не застануваме тука – нашиот тим настапува со сите генерации во Детската лига на ФФМ, во која ја даваме сета енергија и посветеност. 🚀 Особено сме горди на нашите младинци:

Во генерацијата 2013 пријавивме две екипи, кои со страст и енергија го претставуваат нашето име.
Во регионалната лига активно учествуваме со две екипи, составени од генерациите 2010 и 2011.
🥇 Генерациите на нашите ѕвезди – Млади, но силни! 🥇

Нашата школа е дом за млади фудбалери од сите генерации. Погледнете ги нашите фудбалски ѕвезди:

2018/2019 - најмалата генерација која ни ги топи срцата! ❤️
2010 до 2017 - сите со амбиција и страст за играта!
🌟 Проект за големи достигнувања! 🌟

Во следните денови, подготвуваме големо изненадување за сите вас – нов проект кој ќе биде вистински поттик за напредокот на нашата школа! Проект со кој ќе испишеме нова историја во Некст Левел! 🚀

Секој од вас е дел од оваа неверојатна фудбалска приказна и заедно продолжуваме да растеме, учиме и се развиваме. НИЕ СМЕ ЕДНО СЕМЕЈСТВО!

‼️ Останете со нас – за многу повеќе успеси, емоции и незаборавни моменти! ‼️

Срце и душа на теренот, гордост за сите нас! ⚽️💙

#ФудбалскаШкола #ЧетириГодини #МладиЅвезди #ЗаедноНапред #ФудбалскиПроект #Гордост #ТимскиДух #Охрид

Започнаа пријавите за 3. издание од Меѓународниот фудбалски турнир „Некст Левел 2025“ во Охрид! 18/11/2024

⚽️🇲🇰🤗 Започнаа пријавите за учество на 3. издание од „Некст Левел“ во Охрид - голем Меѓународен фудбалски турнир!

🟢 ПРИЈАВИТЕ СЕ ОТВОРЕНИ!

Започнаа пријавите за 3. издание од Меѓународниот фудбалски турнир „Некст Левел 2025“ во Охрид! Стартуваат пријавите за новото трето издание од Меѓународниот фудбалски турнир „Некст Левел“, кој се одржува во Охрид, на терените на СРЦ „Билјанини Извори“. По ....

Photos from FC Next Level's post 26/06/2024

🤗 Многу среќа, насмевки и убави моменти, прекрасни дружби на фудбалските терени ❤️

🍀 Генерација 2015/16 FC Next Level

🎙 Ќе растиме заедно насмеани и ќе градиме здрави навики, здрави личности преку фудбалската игра ⚽️🍀

Ние сме големо семејство 🔵🔵 Бидете и вие дел од нашето семејство ✅️

Спортска Мрежа за Меѓународниот турнир Некст Левел, најдобри моменти, погодоци и разговори! 20/06/2024

Да ги погледнеме најдобрите моменти и разговорите на нашите тренери Марино Маркоски и Николче Стојковски 😄🥳

Спортска Мрежа за Меѓународниот турнир Некст Левел, најдобри моменти, погодоци и разговори! Успешно заврши и второто Меѓународно издание на Некст Левел турнирот во фудбал за генерации од 2011 до 2016 година.Спортска Мрежа е медиумски покровител на о...

Photos from FC Next Level's post 14/06/2024

Помошното фудбалско игралиште со вештачка трева доби осветлување, со што се овозможува да се одигруваат натпревари или да се тренира под рефлектори.

Значително се подобруваат условите, со што се овозможува тренирање и во вечерните часови, а ние како FC Next Level им благодариме на Општина Охрид и ЈП "Билјанини Извори" и се надеваме во иднина ќе продолжат со инвестиции во подобрување на спортската инфраструктура и условите за спортските корисници.

Исто така, среќни сме поради фактот што следно на ред е уредувањето на мини трибината и оградата кај помошното игралиште со вештачка трева со што дополнително се подобруваат условите!

Want your business to be the top-listed Gym/sports Facility in Ohrid?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Category

Telephone

Website

Address


Ohrid
6000