Handball Camp 40x20 Macedonia

Handball Camp 40x20 Macedonia

Share

Handball camp "40x20" from 05 to 11 July in Hotel "Desaret" Ohrid Macedonia

21/07/2026

Успешно завршена уште една сезона од проектот Ракомет За Секое Дете ✊

Со завршувањето на во Охрид, успешно затворивме уште една сезона од проектот #РакометЗаСекоеДете ❤️

Уште една година исполнета со тренинзи, дружења, натпревари, нови пријателства и безброј насмевки на детските лица.
Од првите чекори со топката во нашите школи, преку возбудувањата на Јуниор Куп турнирите, па сѐ до седумте незаборавни денови во Охрид, затворивме уште една прекрасна ракометна приказна.

Ви благодариме за довербата сите овие години. Благодарност до децата, родителите, тренерите, партнерите и пријателите на проектот кои се дел од нашето заедничко растење.

Комплетното видео од 5️⃣-тото издание на ракометниот камп 40х20 погледни го тука 👇
➡️ https://youtu.be/amcjQYjNvF4 ⬅️

*
#Ракомет #Македонија 🇲🇰

Photos from Handball Camp 40x20 Macedonia's post 16/07/2026

ПОЧИТ ЗА НАЈДОБРАТА ЕКИПА ТРЕНЕРИ НА КАМПОТ ВО ОХРИД 🙏💪❤️

Сега, кога полека спласнуваат емоциите и се средуваат впечатоците од штотуку завршеното јубилејно, 5️⃣-то издание на , дојде време да им оддадеме искрена почит и благодарност на луѓето кои го направија овој камп незаборавен.

Тие не беа само тренери, доктори, професори и педагози. Беа ментори, мотиватори, поддршка, пример и пријатели на секое дете. Секој од нив вложи знаење, време, енергија и огромно срце, за секој кампер да се чувствува сигурно, прифатено и инспирирано да стане подобар спортист, но пред сè, подобар човек.

Горди сме што оваа година ја имавме, без дилема, најсилната и најквалитетната екипа што досега била дел од нашиот камп. Луѓе со врвни професионални квалитети, луѓе кои имаат огримна љубов кон ракометот и личности без суета и его.

Ви благодариме што бевте дел од нашата приказна. Вашиот придонес не се мери само со одржаните тренинзи, совети или предавања, туку со насмевките, довербата и спомените што ќе останат засекогаш во срцата на нашите кампери.

Вие сте една од најголемите причини што од година во година расте, поставува повисоки стандарди и станува место каде што децата со радост се враќаат.

Од ❤️ Ви благодарам на секој од вас.

Се гледаме повторно, уште посилни.

Горан Ѓоргоноски
Организатор на ракометниот камп „40х20“ и основач на проктот Ракомет За Секое Дете

15/07/2026

Филип, Софија и Михаил, заедно со основачот на проектот Ракомет За Секое Дете, Горан Ѓоргоноски беа гости на Македонија наутро - утринска програма на МТВ 📺

Целиот прилог гледај го тука 👇

https://youtu.be/7NzvMaEJW5Q?si=kP3mSNnrS6-iV3y3

#Македонија 🇲🇰

14/07/2026

Во чест на Марко Божиновски ❤️

Веќе 5️⃣-та година по ред, Fondacija Marko Bozhinovski продолжува да ја живее својата хумана мисија, да го чува споменот на прерано починатиот поранешен јуниорски репрезентативец Марко Божиновски и да им отвора нови можности на младите спортисти кои сонуваат да успеат 🙌

Ова лето, благодарение на поддршката од Фондацијата, двајца млади ракометари беа дел од во Охрид 👦👧

Во изминатите седум дена тие тренираа, учеа од врвни тренери, стекнаа нови пријателства, создадоа незаборавни спомени и почувствуваа што значи да се биде дел од едно големо спортско семејство 💙

Ова не е само поддршка за нивното спортско усовршување. Ова е порака дека добрината, солидарноста и вербата во младите можат да го продолжат наследството на еден човек и да инспирираат нови генерации.

🙏 Од името на сите кампери, тренери и целата организација, искрено БЛАГОДАРИМЕ на Фобдацијата Марко Божиновски што и оваа година беше дел од нашата приказна и што му дава можност на нечиј сон да стане реалност.

Споменот на Марко живее преку насмевките, успехот и чекорите на младите спортисти ❤️

#МарчеЖивеешВечно #РакометенКамп40х20 #РакометенКамп #Македонија

13/07/2026

📽️🎙️🤾‍♂️🇲🇰 Медиумскиот партнер на Сител ТВ беа во посета на нашиот кампус во Hotel Desaret . Погледенете што имаа да кажата нашата Љубица Гергиевска Хансен и нашите кампери Неда, Нина, Ања, Матеј и Лука ❤️

#Ракомет #Македонија 🇲🇰

Photos from Handball Camp 40x20 Macedonia's post 13/07/2026

Пет камови. Пет лета. Безброј спомени ❤️

Постојат деца кои не само што растат со ракометот, туку растат и заедно со нашата приказна.

Катарина, Александар, Христијан, Горјан и Лука беа дел од сите пет изданија на во Охрид. Од првиот ден кога ја започнавме оваа приказна, па сè до денес, тие секое лето повторно го избираат нашето семејство.

Во знак на благодарност им подаривме маичка за лојалност, мал подарок, но со големо значење. Не за бројот на кампови што ги посетиле, туку за довербата, посветеноста и убавите моменти што ги споделивме заедно.

#Ракомет #Македонија 🇲🇰

Ladna Sparkasse Bank AD Skopje

Photos from Handball Camp 40x20 Macedonia's post 13/07/2026

СЕРТИФИКАТ ЗА СЕКОЈ УЧЕСНИК НА КАМПОТ ВО ОХРИД!🎓🤾

Секој учесник на ракометниот камп „40х20“ доби сертификат за учество, како спомен и потврда за едно квалитетно и незаборавно поминато време на кампот.
Сертификатот беше знак на постигнувањата, вложениот труд и искуствата стекнати за време на кампот, како и признание за учеството и посветеноста на секое дете.🙏💪♥️
#Ракомет #Македонија 🇲🇰

Photos from Ladna's post 12/07/2026

🤾 Ladna и оваа година е горд спонзор на 5-тото издание на Handball Camp 40x20 Macedonia во Охрид.

Кампот годинава собра над 120 млади ракометари од пет земји: Македонија, Шведска, Германија, Швајцарија и Србија. Седум дена исполнети со тренинзи, едукативни содржини и дружење, под водство на врвен тренерски тим и реномирани гости-предавачи.

Честитки на сите учесници, за трудот, спортскиот дух и незаборавните моменти. 💧

11/07/2026

🏁 Крај на уште една незаборавна ракометна приказна...

Драги кампери,
Седум дена поминаа побрзо отколку што посакувавме. Седум дена исполнети со тренинзи, натпревари, смеа, нови пријателства, предизвици, победи и лекции кои ќе останат многу подолго од ова лето.
За некои од вас ова беше прво искуство на ракометниот камп „40х20“, а за други веќе петто лето во Охрид. Но, едно е сигурно, секој од вас остави дел од себе и го направи ова јубилејно издание посебно.

Нашата цел не беше само да ве научиме да бидете подобри ракометари. Сакавме да бидете подобри другари, да научите што значат дисциплина, почит, тимска работа и да си заминете дома со насмевка и спомени што ќе ги раскажувате долго.
Фактот дека сите места на кампот беа пополнети за помалку од три часа беше огромна чест, но и голема обврска за нас. Затоа, секој ден го дававме максимумот за да ја оправдаме довербата што ни ја дадовте вие и вашите родители.
Вашите насмевки, прегратки при разделбата, зборовите „ќе се видиме и следната година“ и прекрасните пораки од родителите се најголемата награда за целиот наш тим.

Совршен камп не постои. Секогаш има простор да бидеме подобри. И токму затоа, уште од денес почнуваме да го подготвуваме следното издание, со уште повеќе енергија, идеи и љубов ♥️

Ви благодариме што бевте дел од јубилејното 5. издание на ракометниот камп „40х20“.
Ова не е збогум... ова е само „се гледаме следното лето“ 🙏
❤️ Благодариме за довербата.

🤾Продолжете да сонувате, да тренирате и никогаш да не престанете да верувате во себе 💪

Горан Ѓоргоноски
Координатор и основач на проектот #РакометЗаСекоеДете

11/07/2026

Христијан Ристевски е вашиот избор на - #ФотоНаДенот 📸
Поддржано од Bank AD Skopje 🙏
#Ракомет #Македонија 🇲🇰

Want your business to be the top-listed Gym/sports Facility in Ohrid?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Category

Telephone

Address


Ohrid
6300