11/05/2026
Вчера, 10.05.2026 година, во спортската сала на Таеквон-до клуб Хва-Ранг ИТФ Лескоец – Охрид, пред националните тренери Марјанчо Лазаревски и Саша Поповски, се одржа полагање за повисоки појаси.
Полагањето се одржа во најголем ред и дисциплина со што 55 членови од клубовите на М.Т.Т.Ф ја претставија својата техника, дисциплина и физичка подготвеност, при што сите успешно го положија својот испит и се здобија со поголем степен на знаење.
Следни предизвици за натпреварувачите на
М.Т.Т.Ф. се меѓународните натпревари
-22-24.05 2026 Барлета Челинџ во Италија
-30.05 2026 Гранд При Зворник Опен 2026 во Босна и Херцеговина.
-20.06 2026 Охрид Опен 2026 кој е завршен натпревар за пролетната натпреварувачка сезона.
Им посакуваме на нашите натпреварувачи многу успех и достојно претставување на Македонија на претстојните меѓународни натпревари.
🇲🇰🥋💪
28/04/2026
We are happy to announce the participation of Team North Macedonia in the Barletta Challenge 2026.
Welcome!
Regione Puglia
26/04/2026
Македонија гордо претставена на првиот ден од Европското првенство во Крит Р. Грција
Првиот ден од Европското првенство 2026 во Крит Република Грција настапија Миа Танеска и Христијана Парулеска во дисциплината форми (борба со замислен противник).. М....
26/04/2026
Во третиот и четвртиот ден од Европското првенство во Крит, Грција, настапија повеќе наши натпреварувачи кои достојно ја претставија репрезентацијата.
Христијана Парулеска, во категорија борби јуниорки (16–17 години, -58 кг), се натпреваруваше против претставнички од Украина, Грција и Русија, но не успеа да се пласира во борбата за медал.
Климент Богоески, во категорија борби јуниори (16–17 години, -57 кг), настапи против претставници од Белорусија, Шпанија и Бугарија. Како дебитант на Европските првенства, прикажа одлични борби и оствари победа над претставникот на Шпанија, додека против натпреварувачите од Белорусија и Бугарија загуби во тесна бодовна разлика.
Теодора Митреска, во категорија борби сениори (18–34 години, -67 кг), исто така дебитант на Европско првенство, имаше настапи против претставнички од Бугарија, Русија и Украина. Иако прикажа квалитетни борби, не успеа да обезбеди пласман во борбата за медал.
Владимир Димитриевиќ, во категорија борби сениори (18–34 години, -78 кг), настапи против претставници од Бугарија, Русија и Германија. И покрај одличните настапи, не успеа да се пласира во борбата за медал и да го повтори успехот од претходното Европско првенство во Естонија.
Давид Крстески, во категорија борби сениори (18–34 години, -64 кг), настапи против претставници од Бугарија и Велс, каде што оствари две победи. Сепак, во четвртфиналето беше поразен од претставникот на Русија.
Божидар Димитриевиќ, во категорија борби сениори (18–34 години, +92 кг), настапи против претставникот на Естонија, при што се здоби со повреда во втората рунда. По лекарски преглед, не му беше дозволено да ги продолжи настапите против претставниците од Русија и Бугарија.
Од ова Европско првенство се враќаме без освоен медал, но со голема мотивација за понатамошна работа, напредок и подобри резултати на следните натпревари.
Гордо ја претставивме Македонија и покажавме борбен дух, дисциплина и посветеност на највисоко ниво.
Остануваме посветени на развојот на нашиот спорт и достојно претставување на државата на идните меѓународни, Европски и Светски натпреварувања.
23/04/2026
Вториот ден на Европското првенство 2026 во Крит донесе нови настапи за нашите натпреварувачи.
Теодора Митреска настапи во категорија форми – сениори (18–34 години), црн појас ( I дан), каде што по добра изведба беше елиминирана од претставничката на Шпанија.
Миа Танеска се натпреваруваше во категорија борби, девојчиња 11–13 години (+65 кг). Во исклучително тесна и неизвесна борба, која се решаваше во екстра третата рунда, таа беше поразена во 1/4 финалето со разлика од само 1 бод од претставничката на Шпанија. Со овој пораз, Миа остана на чекор до полуфинале и освојување на својот прв европски медал.
Ова е второ 1/4 финале за нашите натпреварувачи – уште една потврда дека сме блиску до освојување медал.
Денес настапуваат:
* Христијана Парулеска (борби, јуниорки 16–17 години, -58 кг) на ринг 4
* Климент Богоески (борби, јуниори 16–17 години, -57 кг) на ринг 6
Да им посакаме многу успех и успешен настап во денешното натпреварување! 💪🥋🇲🇰
22/04/2026
Live stream🎥⬇️⬇️
ITF TV
Share your videos with friends, family, and the world
22/04/2026
Првиот ден од Европското првенство 2026 во Крит Република Грција настапија Миа Танеска и Христијана Парулеска во дисциплината форми (борба со замислен противник).
Миа Танеска, во категоријата 11–13 години девојчиња – црвен појас, беше елиминирана во 1/8 финалето од претставничка на бугарската репрезентација.
Христијана Парулеска, во категоријата 16–17 години јуниорки – црн појас I дан, имаше одличен настап. Во 1/16 финалето ја совлада претставничката од Германија, во 1/8 финалето беше подобра од натпреварувачка од Гренланд, но во 1/4 финалето, во борбата за медал, беше поразена од претставничката на Русија, која подоцна стигна до финалето и ја освои европската титула.
Денес 22.04.2026 година од натпреварувањето ќе настапат Теодора Митреска во форми (борба со замислен противник) во категоријата сениори 18–34 години – црн појас I дан, како и Миа Танеска во борби, категорија 11–13 години девојчиња +55 кг.
Им посакуваме многу успех на нашите натпреварувачки!🥋🇲🇰