Охридскиот пливачки маратон 2025 - спортска страст и демонстрација на издржливост, желба за триумф и моќта на природата, измешани емоции и победничко задоволство. Како годинава изгледаше престижната пливачка трка од Св. Наум до Охрид низ сонце и бура, погледнете во краткото видео што го реализираше екипата на OhridNews.
Ohrid Water Festival
Охридски пливачки маратон
Ohrid Swimming Marathon is an international sports event established in the 1960s. Naum to Ohrid.
Since its revival in the 90s, it has been continuously held on Lake Ohrid on the route from St.
04/09/2025
Дел од најинтересните моменти на 38. Охридски пливачки маратон што се одржа на 30 август во водите на немирното Охридско Езеро.
04/09/2025
Дел од најинтересните моменти на 38. Охридски пливачки маратон што се одржа на 30 август во водите на немирното Охридско Езеро.
Фото: Anamarija Momiroska
03/09/2025
Погледнете ја мега галеријата од мега драмата на 38.Охридски пливачки маратон.
Повеќе на линкот: https://www.ohridnews.com/mega-galeri%d1%98a-od-mega-dramata-na-38-ohridski-plivachki-maraton/
Фото: Anamarija Momiroska Ohrid Water Festival
31/08/2025
На свеченост што ја приреди претседателката на државата Гордана Сиљаноска – Давкова, синоќа беа врачени медалите на најуспешните пливачи на 38 издание на Охридскиот пливачки маратон кој беше прекинат поради силно невреме по 4,5 часа пливање и 19 изминати километри од предвидените 25.
Согласно пропозициите, водечките во моментот на прекинувањето на трката се и победници на маратонот. Во машка конкуренција тројца пливачи имаа исто време и беа прогласени за победници: Матео Фурлан и Федерико Тамборино од Италија и аргентинецот Матијас Диас Хернандес.
Во женска конкуренција водечка во времето на прекинот беше Мајте Ајлен Пука од Аргентина, второпласирана беше нејзината сонародничка Ерика Јенсен, а трета Милица Љубисављевиќ од Србија.
Наградите на најуспешните во машка и женска конкуренција ги врачија претседателката Сиљаноска-Давкова, градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков, претседателот на градскиот совет Перчо Божиноски и претставници на организаторот, ПК Охридски бранови 2008, на Пливачката асоцијација на Македонија, спонзори и помагатели.
Наградниот фонд на Охридскиот пливачки маратон, кој и оваа година беше дел од Фестивалот на спортови на вода (Ohrid Water Festival), изнесуваше 15 000 евра.
Ohrid Water Festival
Фото: ohridnews.com
30/08/2025
Невремето што попладнево го зафати Охрид ги спречи учесниците на 38. Охридски пливачки маратон да стигнат до целта. По 4,5 часа пливање трката беше прекината во 14:30 часот од безбедносни причини. Во тој момент во машка конкуренција израмнети на првото место беа италијаните Матео Фурлан и Федерико Тамборино и аргентинецот Матијас Диас Хернандес. Согласно пропозициите тројцата се прогласени за победници на маратонот.
Конечен пласман на 38. Охридски пливачки маратон - мажи
1. Матео Фурлан - Италија
Федерико Тамборино - Италија
Матијас Диас Хернандес - Аргентина
4. Марко Инглима - Италија
5. Петар Цеков - Македонија
6. Хуго Риберо - Португалија
7. Александар Илиевски - Македонија
8. Акилјес Балудо - Аргентина
9. Леонид Мишевски - Македонија.
Во женска конкуренција водечка во времето на прекинот беше Мајте Ајлен Пука од Аргентина која е прогласена за победничка. Второпласирана беше нејзината сонародничка Ерика Јенсен, а трета Милица Љубисављевиќ од Србија. Четврта на прекинатиот маратон заврши нашата Росана Гошева пред Елена Лоенело од Италија и Алисја Гедриш – Полска.
30/08/2025
Поради екстремно лоши временски услови проследени со силен ветар и бранови во 14:31 часот прекинт е 38. Охридскиот пливачки маратон. Во времето на прекинот на трката маратонците се бореа со брановите во близина на Гранит.
Невремето го прекина 38. Охридскиот пливачки маратон - OhridNews Поради екстремно лоши временски услови проследени со силен ветар и бранови во 14:31 часот прекинт е 38. Охридскиот пливачки маратон. Во времето на прекинот на трката м....
30/08/2025
Маратонците се кај Пештани. Во водство е Матијас Дијаз од Аргентина кој предводи помала група од шест пливачи која се одвои од останатите натпреварувачи. Времето на водечкиот пливач на контролната точка кај Градиште е 2:41:38 ч.
Фото: Anamarija Momiroska
30/08/2025
16 пливачи и пливачки го започнаа маратонот од Св. Наум до Охрид во должина од 25 километри. На првата контролна точка кај Љубаништа пливаат во група која ја предводи нашиот Александар Илиевски со време на минување 43:27 минути.
Фото: Anamarija Momiroska
29/08/2025
Поради најавените временски услови, за утре попладне, силен ветар и врнежи од дожд, а со цел да не се загрози безбедноста на учесниците на Охридскиот пливачки маратон, стартот на овогодинешниот 38-ми по ред Охридски пливачки маратон, на патеката Климе Савин во должина од 25км, ќе биде означен во 10ч. од Св.Наум.
Се очекува првите пливачи на целта, на Градското пристаниште да пристигнат околу 16ч.
Во очи 38 издание на Охрискиот пливачки маратон да се потсетиме на минатогодишната трка на која триумфираа бразилецот Матеус Еванжелиста во машка и французинката Каролин Жуис во женска конкуренција.
Годинава Охридскиот пливачки маратон ќе се одржи на 30 август, сабота. Стартот е во 11 часот во Св. Наум а целта на Градското пристаниште во Охрид. Ќе учествуваат 16 пливачи и пливачки од шест земји.
Организатор на манифестацијата е ПК Охридски бранови 2008, а маратонот се одржува под покровителство на претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, Министерството за спорт, Општина Охрид и Пливачката асоцијација на Македонија.
Наградниот фонд изнесува 15 000 евра.
Ohrid Water Festival
28/08/2025
На пригодна свеченост што се одржа на градскиот кеј, вечерва беа претставени учесниците на 38 Охридски пливачки маратон, што ќе се одржи во сабота, 30 август.
Годинава 25 километри долгата патека „Климе Савин“ од Св. Наум до Охрид ќе ја пливаат 16 маратонци и маратонки од шест земји.
Во женска конкуренција ќе настапат 6 пливачки:
Елена Лионело - Италија
Росана Гошева - Македонија
Алисја Гедриш - Полска
Милица Љубисављевиќ - Србија
Ерика Абигал Јенсен - Аргентина
Мајте Ајлен Пука - Аргентина
Во машка конкуренција ќе настапат 10 пливачи:
Александар Илиевски - Македонија
Леонид Мишевски - Македонија
Акуилес Балаудо - Аргентина
Матео Фурлан - Италија
Хуго Риберио - Португалија
Матиас Дијас Хернандес - Аргентина
Федерико Тамборино - Италија
Марко Инглима - Италија
Петар Цеков - Македонија
Лазар Поп Трајков - Македонија
Маратонците ги поздрави претседателот на Советот на град Охрид Перчо Божиноски, кој воедно ги врачи наградите и признанијата што организаторот традиционално ги доделува на личности заслужни за промоцијата на Охридскиот пливачки маратон и пливањето.
Оваа година Општина Охрид му ја додели наградата „Климе Савин“ на Павел Групчев – еден од основоположниците на Охридскиот пливачки маратон. Наградата во негово име ја прими Виолета Групчева.
Признание за афирмација и промоција на Охридскиот пливачки маратон му беше доделено на познатиот македонски маратонец Томи Стефановски. Тој по повод одбележувањето на 16 години од препливувањето на каналот Ла Манш преплива 16 км од Охридското Езеро, а подвигот го посвети во хуманитарни цели, односно за инклузија и подигнување на свеста и креирање услови на лицата со атипичен развој и индивидуализираните лица во спортот и физичкото образование.
Охридскиот пливачки маратон годинава одбележува седум децении од славните почетоци. Најважните моменти од историјата на оваа значајна спортска манифестација се преточени во документарниот филм „Време, вода, наследство: Охрид“ на режисерот Илија Пиперкоски, кој премиерно беше прикажан вечерва во предворјето на црквата Св. Софија.
Охридскиот пливачки маратон и оваа година е дел од Фестивалот на спортови на водс (Ohrid Water Festival).
Ohrid Water Festival
Click here to claim your Sponsored Listing.
Location
Category
Website
Address
Охрид, Република Македонија
Ohrid
6000