Охрид трчаТ Детска Атлетика

Охрид трчаТ Детска Атлетика

Share

Атлетиката е кралица на спортовите, основа за здрав развој и здрави навики кај децата!

Photos from Охрид трчаТ Детска Атлетика's post 12/05/2026

🏃‍♂️💙 Растеме заедно!

Со секој тренинг, секоја насмевка и секој истрчан круг, нашата атлетска приказна станува сè поголема. 🔥

Горди сме што нашите деца постигнаа одлични резултати на претходните натпреварувања, но уште повеќе сме горди на нивната посветеност, другарство и љубов кон спортот. 👏

Атлетиката не создава само спортисти, создава дисциплина, самодоверба и здрави навики уште од најмала возраст. 💪

Уписите се во тек, ги повикуваме сите родители да ги запишат своите деца и да станат дел од нашата спортска фамилија! 💙

Тренери:
Наум Јанкуловски - 076599995
Христијан Јованоски - 077570150

#охридтрчаТдетскаатлетика #атлетскиклубохридтрчаТ

16/03/2026

На тренинг работиме на сила, стабилност и правилен развој на телото. 💪

Преку вежби како „plank“ ги зајакнуваме стомачните мускули, ја подобруваме координацијата и градиме здрави спортски навики уште од најмала возраст.

Доколку сакате и вашето дете да расте активно и здраво, запишете го на атлетика – кралицата на спортовите 👑✨

Контакт:
📞077570150 - Христијан
📞076599995 - Наум

#охридтрчаТдетскаатлетика #атлетскиклубохридтрчаТ

09/03/2026

Распоредот е тука! 🏃‍♂️📅

Тренинзите по детска атлетика на Градски стадион Билјанини Извори продолжуваат во полна пареа!

Ги покануваме сите родители да ги запишат своите дечиња и да им овозможат да ја запознаат атлетиката – кралицата на спортовите 👑.
Плус, подобро е енергијата да се троши на стаза отколку низ дома… нели? 😄

Се гледаме на тренинг! 💪

*Доколку има измени околу термините за одржување на тренинзите, нашите тренери навремено ќе Ве известат!

#охридтрчаТдетскаатлетика #атлетскиклубохридтрчаТ

02/03/2026

Мали чекори денес, големи шампиони утре! 🏃‍♂️✨

Енергија, насмевки и многу трчање на стазата на Градски стадион Билјанини Извори — ако сакате и вашето дете да биде дел од оваа спортска приказна, време е да ни се придружите! 💪

Се гледаме на тренинг! 👟🔥

Photos from Охрид трчаТ Детска Атлетика's post 28/02/2026

Атлетската патека на Градскиот стадион Билјанини Извори денес беше исполнета со детска енергија!🏃‍♂️🏃‍♀️

Нашите млади атлетичари го искористија сончевото време и го одработија првиот тренинг по кратката пауза – одличен старт на една сончева пролет што ни доаѓа! 🌸☀️

Ве очекуваме во уште поголем број да ѝ се приклучите на атлетиката – кралицата на спортовите 👑✨

#охридтрчаТдетскаатлетика #атлетскиклубохридтрчаТ

27/02/2026

Утре стартуваме! 🏃‍♀️✨

Детската атлетика повторно оживува на Градски стадион Билјанини Извори

Ги очекуваме сите мали шампиони на атлетската патека од 10:00 часот! 👟🔥

#охридтрчаТдетскаатлетика #атлетскиклубохридтрчаТ

25/02/2026

Атлетската патека повторно нè повикува! 🏃‍♂️✨

Од 28 февруари на Градски стадион Билјанини Извори детската атлетика стартува со нов тим, нов елан и енергија што не мирува! 💪😄

Драги родители, време е децата да ја трошат енергијата на вистинско место 😉 – запишете ги на атлетика и подарете им здрави навики, спортски дух и нови другарства!

Се гледаме!👟🔥

#охридтрчаТдетскаатлетика #атлетскиклубохридтрчаТ

22/02/2026

По кратка пауза се враќаме посилни од кога било! 💪✨

Од 28 февруари (сабота) на градскиот стадион Билјанини Извори повторно стартуваат тренинзите по детска атлетика – со нов тим, нов елан и многу позитивна енергија! 🏃‍♂️🏃‍♀️

Ги покануваме сите родители да ги пријават своите дечиња и да им овозможат здрав раст, спортски дух, едукација и другарства што траат!

Се гледаме!

#охридтрчаТдетскаатлетика #атлетскиклубохридтрчаТ

10/09/2025

🏃‍♂️ КОНКУРС ЗА ТРЕНЕР ПО АТЛЕТИКА 🏃‍♀️
📣 Дали си страстен/а за атлетиката? Имаш искуство во работа со спортисти и сакаш да инспирираш нови генерации? Ова е твојата шанса!

🔍 Ние бараме мотивиран и стручен тренер по атлетика кој ќе биде дел од нашата спортска приказна и ќе придонесе за развој на млади спортски атлетски таленти.

📌 Потребни квалификации:

1.Завршено високо образование од областа на спортот или сертификат за тренер по атлетика.
2.Искуство во работа со спортисти (особено млади категории ќе се смета за предност).
3.Добри комуникациски и организациски вештини.
4.Спремност за работа во тим и посветеност кон развојот на спортистите.

Главни обврски:

1. Креирање и реализација на тренажен процес.
2. Евидентирање на присуство на тренинг.
3. Присуство на сите атлетски натпревари согласно одлуката на клубот и интересот на атлетичарите.
4. Афирмација на атлетиката и селекција на талентирани атлетичари во соработка со основните и средни школи.

Важно!
Почетен месечен хонорар 20000 денари.

🗓 Краен рок за пријавување: 19.09.2025
📩 Испрати ја твојата биографија и кратко мотивациско писмо на: [email protected]

Биди дел од нашата мисија – заедно да изградиме силна и успешна атлетска заедница! 💪

#Конкурс #АКОхридтрчаТ #ТренерПоАтлетика #СпортскиТим #Атлетика #НовПочеток

Send a message to learn more

19/04/2025

Старт на натпреварувачката атлетска сезона 2025. 4 натпревари (фрлачко, штафетно, скокачко и 10км првенство) и одличен старт за младите атлетичари од Охрид трчаТ Детска Атлетика. 👏👏👏👏👏👏👏

Игор Тунтев: I- место(диск), II- место(ѓуле)
Мартин Ристески: I-место(ѓуле), II- место(копје)
Симеон Јованоски Кацкароски: I место ( копје)
I место(ѓуле)
Бојан Силјаноски: III- место (височина)
Јана Димоска: I- место(далечина)
Матеа Матеска: III- место(височина)
Сара Спасеска: I -место(диск), III- место(ѓуле)
Сара Секулоска: III- место(далечина), III- место(трискок)
Никола Стојковски: III место(трискок)

#акохридтрчаТ
#атлетика
#охридтрчаТдетскаатлетика

Photos from Охрид трчаТ Детска Атлетика's post 09/03/2025

ИдаТ пролет а со тоа убаво време, позитивна енергија и многу спортски можности.🥰
Охрид трчаТ Детска Атлетика е една од нив така што придружите ни се и да уживаме заедно во благодетите на спортот, дружењето и активностите на отворено ❤️

#акохридтрчаТ
#детскаатлетика

Want your business to be the top-listed Gym/sports Facility in Ohrid?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Category

Telephone

Address


Даме Груев Б1 1/7 Охрид
Ohrid
6000