24h Adrenaline

24h Adrenaline 24 часа. Една авантура.
Македонија
26.07.2026

Секоја авантура нè потсетува колку многу има да се открие и види дома.Честит 2 Август. Да продолжиме да ја истражуваме и...
02/08/2026

Секоја авантура нè потсетува колку многу има да се открие и види дома.

Честит 2 Август. Да продолжиме да ја истражуваме и сакаме нашата Македонија. 🇲🇰

За жал немаме доволно фотки од сите луѓе кои се дел од приказнава.. Ова беше приказна за десетици луѓе кои го дадоа свое...
28/07/2026

За жал немаме доволно фотки од сите луѓе кои се дел од приказнава..
Ова беше приказна за десетици луѓе кои го дадоа своето време, знаење, енергија и срце. Возеа километри, носеа опрема, чекаа со часови, снимаа, координираа, внимаваа на безбедноста, решаваа проблеми пред воопшто да станат проблеми и беа таму кога требаше. Дел од нив се на фоторафииве, дел од нив позади камерата.
Од срце благодариме на секој што беше дел од ова патување. Без вас, ова ќе останеше само идеја. ❤️

28/07/2026

24 часа адреналин заврши. Деновиве собираме впечатоци, ќе ги анализираме сите грешки и ќе ги запишеме сите лекции. Затоа што научивме многу.

Ама сепак најважната лекција е дека кога околу една идеја ќе се соберат вистинските луѓе, невозможните работи стануваат возможни.

❤️

25/07/2026
24/07/2026

Вака некако е планот да течат активностите… координатите се на landing page-от во био, саатницата постирана тука. Идемеее

Еве го конечниот план за 24 часа адреналин (за сега 😄)Се надеваме дека ќе се движиме според оваа саатница, ама ако време...
24/07/2026

Еве го конечниот план за 24 часа адреналин (за сега 😄)

Се надеваме дека ќе се движиме според оваа саатница, ама ако времето или безбедноста побараат поинаку, планот ќе се менува. Тоа е дел од авантурата.

Ако сте некаде по рутата, дојдете да се дружиме. 🙌

Се гледаме во недела.

23/07/2026

За него патеката не е тешка, ќе видиме на 26 јули во 12часот.🚵

23/07/2026

Нуркањето е мир. Водата ќе не смири после многу адреналин. Целосен ресет за да може да продолжиме.

22/07/2026

Подготовката за летање со параглајдер завршена. На .netkov му е лесно затоа што тој е Инструкрот за летање со параглајдер. 😆

❗ Во изминатите денови добивме многу пораки со истото прашање: „Колку чини учество?“Пред сè, ви благодариме од срце за и...
21/07/2026

❗ Во изминатите денови добивме многу пораки со истото прашање: „Колку чини учество?“

Пред сè, ви благодариме од срце за интересот. Искрено ни е драго што толку многу луѓе сакаат да бидат дел од оваа приказна.

Затоа сакаме да разјасниме:

24 часа Адреналин не е комерцијален настан. Не продаваме билети, не организираме тури и нема пријавување за учество.

Ова е предизвик на двајца учесници, создаден со цел да ги промовира адреналинските спортови и природните убавини на Македонија.

Доколку практикувате некој од спортовите, можете на сопствена одговорност и со сопствена опрема да им се придружите на учесниците на одредени локации, но тоа е надвор од организацијата и одговорноста на 24 часа Адреналин.

Се надеваме дека ова е само почеток на една многу поголема приказна. Приказна која ќе инспирира уште повеќе луѓе да излезат во природа, да откриваат нови места и да се вљубат во авантуристичките спортови исто како нас.

Address

P504
Ohrid
6000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when 24h Adrenaline posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share