International Athletic Marathon OHRID

International Athletic Marathon OHRID

Share

Охридскиот Меѓународен Атлетски Маратон е спортски на The length of the International Athletic Marathon Ohrid route is 30 kilometres (18 miles).

Земајќи предвид дека за трката да биде наречена маратон, официјалната должина на патеката треба да биде 42.195 километри, овој настан не можеме да го наречеме маратон, ниту пак полумаратон.
Должината на патеката на Меѓународниот Атлетски Маратон Охрид е 30 километри. Се трча долж крајбрежјето на Охридското Езеро со многу нагорнини и надолнини, со што оваа трка важи за една од најубавите и најтеш

International Athletic Marathon 2019 08/09/2022

Да се потсетиме на една традиција која мораше да згасне после 33 години

iamo2019

08/09/2020

Би сакал само да потсетам дека денес според традицијата требаше да се одржи 34-то издание,но како што најавив уште од минатата година оваа долга традиција мораше да се прекине.Мислам дека доволно направивме и за градот Охрид и за државата во овие години од 2004-та навака кога после 10 годишна пауза ја продолживме традицијата на оваа прекрасна трка.Се надевам само дека некој ентузијасти како нас нема да чекаат 10 години за да ја продолжат традицијата на оваа за многу Маратонци Атлетичари најубава трка на нашите простори.
Со Почит,
Пецо Неданов

Marathon 2015 20/06/2020

Во спомен на една прекрасна личност Svein Arne Hansen кој за жал не е повеќе меѓу нас.Огромна чест ни направи со своето присуство на нашата скромна манифестација International Athletic Marathon OHRID

10/12/2019

Со големо жалење морам да ги известам сите љубители на маратонското трчање дека дефинитивно традицијата на Меѓународниот Охридски Атлетски Маратон нема да продолжи во наредната 2020-та година.Со години наназад се боревме и покрај сите неразбирања на наталожените проблеми да ја продолжиме традицијата долга повеќе од 30 години.Во 2020-та требаше да биде 34-ти по ред,но очигледно нашата желба да и покрај минусните салда кој ги правеше маратонот упорно ја продолжуваме традицијата,некој ја сваќаа погрешно во смисол да Ние имаме интерес и затоа ја продолжуваме традицијата.Со последното годинешно издание бев принуден лично да ги исфинансирам поголемиот дел од трошковите,а најголемиот дел од нив ми се вратија скоро 90 дена по завршување на маратонот,а одредени трошкови останаа неисплатени поради намалената сума од предвидената.Се извинувам но не сум во состојба тоа да го правам повторно.Испративме дописи до одговорните институции и поставивме конкретни прашања со колку средства планираат да не помогнат за наредното 34-то издание,но никој ништо не одговори.Треба ли по два или три пати да го правиме истото и да добиваме празни обеќања е па се уморивме од тоа.Затоа дефинитивно ова е крај на оваа традиција,а да даде господ некој ентузијасти како нас пак после 10 годишна (или дајбоже пократка) пауза ја продолжат традицијата.Ова е маратонот на нашата младост,на првите членови на АК Охрид,и секако дека има многу големо значение за нас,но без поддршка на институциите за жал мора да згасне.Сметавме дека по примерот на Европските и Светските метрополи и градот Охрид ќе биде горд на еден ваков традиционален настан и ќе настојува да ја продолжи оваа долга традиција,но ниту тие ниту државата застана со свој дефинитевен став зад оваа традиција која сите овие години од 2004-та навака е заснована само на ентузијазам и љубов на одредени членови кон атлетиката и маратонското трчање.
Длабоко им се извинувам на сите маратонци кој се заљубени во оваа трка и кој едвај го чекаат наредното издание како од земјава така и од соседните земји,се надевам дека некој ќе се свести и нема да дозволи да згасне оваа традиција,а дотогаш ви посакувам лесни нозе и уште многу успешни маратонски трки.
Спортски Поздрав,
Пецо неданов

International Athletic Marathon 2019 10/09/2019

iamo2019

10/09/2019

Почитувани Маратонци,Атлетичари,Љубители на Атлетиката и Општествено одговорни личности,
После 33-тото успешно издание на Меѓународниот Охридски Атлетски Маратон остана дилемата која во повеќе наврати ја слушаме,дали ќе се продолжи со оваа традиција.Мојот одговор како претседател на Здружението Охридски Атлетски Маратон 2012 а и на останатите членови од ова здружение е НЕ.Здружението Охридски Атлетски Маратон 2012 ќе згасне и повеќе нема да ја организира оваа традиционална трка.Тоа е ставот на сите членови а причини има многу:
1.Во сите овие 15 години од 2004-та навака сме стално во неизвесност со институциите ќе дадат или нема да дадат средства за одржување на оваа традиционална манифестација и до последен момент не сме знаеле колку ќе бидат иако сме поднесувале апликации на време.Се случувало од Општина Охрид да ни дадат и 20.000,00 денари да не знае човек што да прави да им ги врати назад и да ги прави резил насекаде или не.За ваква организација стално укажувавме години наназад дека се потребни повеќе од 15.000 евра од кој од институциите баравме барем 5.000 сигурни средства,зарем тоа е многу ??,зарем бараме леб преку погача ??,зарем оваа традиционална манифестација е наша приватна забава па може и со трошките што ќе ни ги фрлат да бидеме задоволни ??,зошто тоа го правиме за себе и за своја лична корист.Многу пати истакнав дека и свој лични средства сме вложувале за да се одржи традицијата па повелете кој е спремен на таков ризик нека ја продолжи традицијата но не за 1 или 2 години,зборувам за 15 години.
2.Секоја година се обраќавме до наши пријателски компании и веќе им здосадивме на сите така што некој и почнаа да не избегнуваат.Покушаваме на многу начини да им се оддолжиме,но меѓу нас нема маркетинг менаџери и знаеме дека тоа е голем недостаток,ние сме вљубеници во атлетиката и ентузијасти но маркетингот е многу нужен и тоа го сваќавме и стоевме отворени за било какви предлози но не дојде до тоа.Свесни сме дека треба да влезат млади и свежи сили во оваа организација кој малку попрофесионално ќе се посветат на ова.
3.Тоа е веќе точка 3 од моето излагање.Во здружението сме повеќето возрасни луѓе,поголем дел сме зафатени со приватен бизнис и одвојуваме драгоцено време за да се посветиме на оваа организација и на крај никој не го цени тоа,зарем тоа не би требало да не изморува??.Нека ни одреди институцијата која ќе застане зад нас помлади државни службеници кој дел од своето работно време ќе можат да го посветат во организацијата на овој настан и овој настан ќе цвета а не да се прашуваме дали да продолжи или не оваа традиција.
4.Од минатата година институциите наместо да ни одмалат од обврските ни натоварија уште една обврска тешка 1000 до 1500 евра за обезбедување на патеката која никогаш пред тоа ја немавме и со тоа не доведоа во пат позиција,навистина нема смисла повеќе,едноставно човек не може да не се запраша за кого и за што си го губи времето.Зарен нашите фамилии не заслужуваат како многу други денот на Независноста на нашата држава да го прослават во некој друг амбиент освен овој со максимален ангажман,непреспиени ноќи и огромни главоболки со недостаток на основниот дел од средства,со вечита борба и молење на волонтери како нас да помогнат без било каква надокнада - за една маица или сендвич,па не сме фер и према нив.
5.Од 2004-та година навака постепено го дигнавме рејтингот на оваа традиционална трка и го издигнавме на доста високо меѓународно ниво.Нашиот Маратон влезе и во календарот на Европската Атлетска Асоцијација и сега слушам многумина велат нека не доаѓаат кенијци или други јаки странци да си ги поделиме ние парите да останат во државава,па тогаш да го вратиме како пред 40 години на општинско ниво и сите пари нека останат во Општина Охрид.Нема смисла се оди напред а ние ќе се враќаме назад,а ете на ова издание нај маратонот се покажа дека тие Кенијците не се непобедливи,секоја чест на нашата најдобра маратонка Adrijana Pop Arsova и мислам дека ни упати многу јасна порака дека не треба да се откажуваме и дека не е никој непобедлив,уште еднаш СЕКОЈА ЧЕСТ Adrijana Pop Arsova.
6.Заклучокот од ова мое долго излагање е следниот:
Охридскиот Атлетски Маратон може да продолжи да се одржува под капата на здружението Атлетски Клуб Охрид или некое друго,но основните услови во наведените 4 први точки мора да се исполнат.Основно е да застане институција со договор за минимално 5 до 6000 евра годишно загарантирани средства со кој би се покривал наградниот фонд и дел од другите обврски.
Предлагам и се слагам со изјавите од многуте маратонци дека заедно треба да извршиме притисок за да не замре оваа традиционална трка која многумина едвај ја чекаат да дојде.ЗНАЧИ ТРАДИЦИЈАТА МОЖЕ ДА ПРОДОЛЖИ НО ПОД НАВЕДЕНИТЕ УСЛОВИ.
Се надевам драги мои Маратонци дека со овој мој долг статус сепак успеав да ви одговорам на прашањето ЌЕ БИДЕ ЛИ ОХРИДСКИ МАРАТОН ???
Повелете уште еднаш видеото од годинешното издание https://www.facebook.com/AthleticMarathonOhrid/videos/671646409987375/

Want your business to be the top-listed Gym/sports Facility in Ohrid?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Telephone

Address


Ohrid
6000