Riboloven Klub KRAP Radovis

Riboloven Klub KRAP Radovis Риболовен Клуб КРАП

Риболовниот клуб Крап од Радовиш постои од 26 Јуни 2009 година, Кој е член на Македонската риболовна Федерација, исто така со решение за вршење на дејност спорт-риболов од Агенцијата за Млади и Спорт.
Основна цел е афирмација на Риболовот како Спорт, како и еколошка свест, зачувување на природните вредности поврзени со Риболовните ревири.

20/07/2026
🎣 Денес членовите на Риболовниот клуб “Крап“ – Радовиш активно учествуваа во акцијата за порибување на езерото Мантово с...
07/07/2026

🎣 Денес членовите на Риболовниот клуб “Крап“ – Радовиш активно учествуваа во акцијата за порибување на езерото Мантово со 300 килограми крап.

Акцијата беше реализирана со финансиска поддршка од Општина Конче, во соработка со градоначалникот Златко Ристов концесионерот “Даниго ДООЕЛ – Мантовски Крап“ и риболовците, со заедничка цел – збогатување на рибниот фонд и зачувување на природното богатство на езерото.

Како клуб, секогаш ќе даваме поддршка и активно ќе се вклучуваме во вакви акции, бидејќи тие се од особено значење за развојот на спортскиот риболов, заштитата на рибниот фонд и зачувувањето на езерото Мантово за идните генерации.

Упатуваме искрена благодарност до Општина Конче, градоначалникот Златко Ристов, концесионерот “Даниго ДООЕЛ – Мантовски Крап“ и до сите риболовци кои придонесоа оваа акција успешно да се реализира.

🎣 На езерото Мантово денес се одржа натпреварот во риболов „И РИБОЛОВОТ Е СПОРТ“ - Мантово 2026!Во прекрасна спортска ат...
14/06/2026

🎣 На езерото Мантово денес се одржа натпреварот во риболов „И РИБОЛОВОТ Е СПОРТ“ - Мантово 2026!

Во прекрасна спортска атмосфера и со рекорден број учесници, рекреативните риболовци имаа можност да ги покажат своите вештини и љубовта кон спортскиот риболов. За најуспешните натпреварувачи беа обезбедени признанија и награди од организаторите.

Организатори на настанот беа Риболовниот клуб „Крап“ Радовиш и концесионерот на езерото Мантово „Мантовски Крап 2025“.

Со идејата да ги обедини рекреативните риболовци на едно место под мотото “И риболовот е спорт“, организаторот успешно реализираше настан кој прерасна во вистински празник на спортскиот риболов.

🏆 Првото место го освои Никола Ципушев,
🥈 втор беше Стефан Митев,
🥉 а третото место му припадна на Игор Јосифовски.

Риболовниот клуб „Крап“ Радовиш уште еднаш потврди дека е еден од најактивните клубови во државата, кој преку својата организација, масовност и посветеност ги промовира спортските вредности и рекреативниот риболов.

👏 Честитки и благодарност до сите учесници и помагателите за успешно реализираниот настан! 🎣🏆

14/06/2026

“И РИБОЛОВОТ Е СПОРТ“ - Мантово 2026 год.

🌿РЕАЛИЗИРАНА „ЕКО АКЦИЈА“ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА КРАЈБРЕЖЈЕТО НА ЕЗЕРОТО МАНТОВО 🎣Во пресрет на утрешниот најмасовен рекреативен ...
13/06/2026

🌿РЕАЛИЗИРАНА „ЕКО АКЦИЈА“ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА КРАЈБРЕЖЈЕТО НА ЕЗЕРОТО МАНТОВО 🎣

Во пресрет на утрешниот најмасовен рекреативен натпревар во риболов со мотото „И РИБОЛОВОТ Е СПОРТ“, на кој ќе учествуваат повеќе од 50 рекреативни риболовци, денес беше реализирана „Еко акција“ за чистење на крајбрежјето на езерото Мантово.

Членовите на Риболовниот клуб „Крап“ Радовиш, заедно со концесионерот на езерото Мантово „Мантовски Крап 2025“и Здружението „Здрава Еко Долина“, со заеднички сили придонесоа за почиста и поубава животна средина, испраќајќи порака дека љубовта кон риболовот оди рака под рака со грижата за природата.

Ги покануваме сите љубители на природата, спортот и риболовот да присуствуваат и да го проследат овој прекрасен риболовен хепенинг на езерото Мантово.

🎣 „И РИБОЛОВОТ Е СПОРТ“
📍 Езеро Мантово. Недела 14.06.2026 год.
👥 Над 50 учесници

Да ја чуваме природата и заедно да уживаме во спортот!

🎣 ПРИЈАВУВАЊЕТО Е ВО ТЕК! 🎣Бидете дел од традиционалниот натпревар во риболов „И РИБОЛОВОТ Е СПОРТ“ – Мантово 2026!📍 Езе...
09/06/2026

🎣 ПРИЈАВУВАЊЕТО Е ВО ТЕК! 🎣

Бидете дел од традиционалниот натпревар во риболов „И РИБОЛОВОТ Е СПОРТ“ – Мантово 2026!

📍 Езеро Мантово
🗓️ 14 Јуни 2026 година
⏰ Почеток во 07:00 часот

✅ Поединечен натпревар
✅ Ограничен број на учесници
✅ Обезбедени признанија и награди за најдобрите
✅ За секој учесник е обезбедена маица и појадок

📢 Пријавувањето трае до 10 Јуни 2026 година.

📞 Пријавување и информации: 075 493 172

Организатор:
🎣 Риболовен клуб „Крап“ Радовиш
🎣 Концесионер на езеро Мантово „Мантовски Крап 2025“

Не ја пропуштајте можноста за дружење, спортски дух и незаборавен ден покрај водите на Мантово!

#ИРиболовотЕСпорт #Мантово2026 #Риболов #КрапРадовиш #МантовскиКрап #СпортскиРиболов #Радовиш #ЕзероМантово 🎣🐟🏆

🎣🏆
07/06/2026

🎣🏆

Address

Ohrid
6000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Riboloven Klub KRAP Radovis posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Riboloven Klub KRAP Radovis:

Shortcuts

Share