24/05/2026
Охрид Опен 2026 🏆
Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Strelacki klub Ohrid, Professional Sports Team, Ohrid.
24/05/2026
Охрид Опен 2026 🏆
18/05/2026
13/05/2026
Изминатиот викенд во националниот тренинг центар во Скопје во организација на МССФ се одржа вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма, на кој учество зедоа околу стотина учесници. За жал на овај Куп двата охридски стрелачки клуба не освоија ниту едно прво место.
На вицешампионската позиција во категорија јуниори на пиштол се пласира Климент Мостро од ЖСК „Лихнидос“ со 539 круга, еден помалку од првопласираниот. На третата позиција се пласира Иван Милевски од СК „Охрид“ со резултат од 529 кругови. На 5-тата позиција се пласира новиот член на ЖСК „Лихнидос“-Антонио Златкоски со 516 круга, додека на 6-тата позиција Никола Тодороски од СК „Охрид“ со 511 кругови Кај сениорите на пиштол учество зеде само Даниел Михајловиќ, кој со резултат од 506 круга се пласира на 11-тата позиција.
Кај јуниорките на пиштол, исто така, само вицешампионска позиција за Стефани Савеска од ЖСК „Лихнидос“ со резултат од 534 кругови, 5 помалку од првопласираната. На третата позиција се пласира нејзината клупска другарка Наталија Савеска со резултат од 527 кругови, додека на 4-тата позиција од истиот клуб со резултат од 512 кругови се пласира Милица Кочовска. Теодора Мицкоска од СК „Охрид“ се најде на 7-мата позиција.
Кај јуниорките на пушка Теодора Спироска ја зазеде 5-тата позиција со резултат од 572,4 круга, додека Тамара Кичеец се пласира на 6-тата позиција со резултат од 570,3 круга. Младата Ана Баулоска се пласира на 12-тата позиција со резултат од 508,7 кругови.
Кај сениорките на пушка 4-та позиција и за Ива Маленко од СК „Охрид“ со 606.5 круга. Кај јуниорите на пушка, Јован Баулоски заврши на 8-та позиција со 584,6 круга, Марко Трпески на 13-тата позиција со 543,5, додека како 16-то пласиран беше Андреј Серафиноски со 430,8 круга. Поради дефект на оружјето, Кристијан Балоски не успеа да го заврши натпреварот.
07/12/2025
Ретроспектива на изминатиот интернационален турнир „THE GOLDEN SHOT“ на покана на стрелачкиот клуб „Стрелба“ од Варна.
07/12/2025
Одлични постигнувања на стрелците од двата охридски стрелачки клубови на четвртиот Куп во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма.
Натпреварот се одржа во спортски центар во спортската сала „Наум Наумовски Борче“ во Скопје, а на истиот учество зедоа околу 60-тина стрелци од сите клубови во државата во дисциплините воздушна пушка и пиштол 10м. Купот натпреварите се во организација на Македонската спортска стрелачка федерација, а во согласност со правилата на светската стрелачка федерација ИССФ.
Постигнати се следниве резултати по категории:
Во дисциплината воздушен пиштол јуниори најуспешен беше Иван Милевски од СК „Охрид“ со изедначен личен рекорд од 547 кругови. Тој воедно беше поуспешен и од стрелците на пиштол во сениорска категорија каде највисокиот резултат беше 544 кругови. На вицешампионската позиција кај јуниорите се пласира Климент Мостро од ЖСК „Лихнидос“ со 542 кругови, а на третата позиција Никола Тодороски од СК „Охрид“ со 529 кругови.
Кај јуниорките на пиштол повторно камбек на Стефани Савеска која по подолга пауза од неколку месеци поради повреда успешно се враќа на стрелачките терени. Со резултат од 534 таа ја зазеде вицешампионската позиција, додека нејзината клупска другарка Наталија Савеска се пласира на четвртата позиција. Веднаш зад неа се пласираа Милица Кочовска и Стефанија Кочовска на 5-тата, односно 6-тата позиција. Младата Ана Мостро се пласира на 9-тата позиција во истата дисциплина.
Кај сениорките на пушка Ива Маленко од СК „Охрид“ со резултат од 603.9 круга се пласира на третата позиција, додека пак јуниорките во истата дисциплина Теодора Спироска од СК „Охрид“ се пласира на 5-тата позиција со резултат од 592,6 круга. Тамара Кичеец, пак, од ЖСК „Лихнидос“ заврши како 8-мо пласирана.
Кај јуниорите на пушка значителен резултатски пад поради работни обврски во изминативе неколку месеци бележи Кристијан Балоски од СК „Охрид“ кој со резултат од 587,5 кругови се пласира на 6-тата позиција.
22/11/2024
22/11/2024
Охридските стрелци зедоа учество на четвртиот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма што се одржа на стрелиштето во битолската касарна. Во конкуренцијата од 60-тина стрелци од клубовите во државата во дисциплината возудушен пиштол – јуниори, најуспешен беше младиот Климент Мостро од ЖСК „Лихнидос”, кој со резултат од 532 круга се пласира на првата позиција. Во истата дисциплина Иван Милевски од СК „Охрид’’ се пласира на втората позиција со резултат од 523 кругови. Никола Тодороски од СК „Охрид“ со резултат од 505 кругови ја зазеде 4-тата позиција. Кај сениорите на пиштол, Ванчо Каранфилов од ЖСК „Лихнидос“ се пласира на 3-тата позиција со резултат од 536 круга, додека неговите клупски другари Светлан Седмаков, Даниел Михајловиќ и Велибор Балоски се пласираа на 5-тата, седмата и 10-тата позиција.
Кај јуниоките на пиштол и овајпат пријатно изненадување доаѓа од Наталија Савеска која ја зазеде третата позиција со резултат од 529 круга. Нејзината клупска другарка Стефани Савеска повторно на четвртата позиција со резултат од 515 кругови. На 5-тата односно осмата позиција се пласираа Милица Кочовска односно Ана Мостро, додека Стефанија Вељаноска од СК „Охрид“ поради неисправност на пиштолот не успеа да го заврши натпреварот. Кај сениорките на пиштол четврта позиција за тренерот на охридските клубови, Валентина Гоџоска со резултат од 501 круг. Кај сениорките на пушка, повторно пласман на првата позиција за Ива Маленко со резултат од 596,8 кругови.
11/11/2024
Третиот ден настап имаа стрелците во дисциплината воздушен пиштол. Најмладите јуниори Никола Тодороски и Ана Мостро, за која овај е исто така дебитантски настап, успешно ги одмерија силите со далеку
поискусните стрелци во нивна категорија, но за жал не успеаја да обезбедат пласман меѓу првите три позиции, па така Никола заврши како 4-то пласиран, а Ана на осмата позиција.
Младите јуниори Иван Милевски и Климент Мостро изборија пласман во финалето. Таму пак тие приредија своевиден спектакл. Борба до самиот финиш за првите три позиции, каде притисокот, измешаните емоциите од страв и желба за победа, како и помоќните противници беше неизвесна до самиот крај, но сепак, истрајноста, посветеноста во изработката на секој поединечен истрел ги загарантираа првата и третата позиција на пиедесталот за Иван Милевски и Климент Мостро.
Еуфоријата во охридските клубови, вели, траеше и во настапот на јуниорките Наталија Савеска како и нејзините клупски другарки Стефани Савеска и Милица Кочовска. За жал, посочува, Милица Кочовска не успеа да обезбеди влез во финалето, додека пак во финалната борба и Стефани не успеа да заземе една од првите три позиции.
Само Наталија Савеска ја имаше привилегијата да се искачи на третата позиција на пиедесталот. Кај сениорите на пиштол и покрај очекувањата немавме финалисти. Ванчо Каранфилов и Даниел Михајловиќ своите „оружја“ ги позајмија на помладите стрелци, од кои реално се очекува да напредуваат во спортските кариери, па по извршените корекции на нишанските справи и ракохвати, исходот не беше во полза на сениорите. И за Велибор Балоски како и за Каранфилов и Михајловиќ немаше влез во финале.
Но, несебичната помош, која што ја дадоа на младите стрелци воопшто не ја помати нивната желба за пласман меѓу најдобрите, каде повторно учествуваше неколкукратниот носител на медали од Светски Купови и Европски првенства Самоил Донков.
Веќе од денес започнуваат подготовките на стрелците за преостанатите два Куп натпревари на МССФ, како и припреми на дел од репрезентативците за јубилејниот 10-ти Walther Youth Cup- Smederevo, Белград Grand Prix, Grand Prix&Christmas Cup-Осијек и последниот во Пловдив-„Тракиа 2024“.
11/11/2024
Како по традиција охридските стрелци бележат високи пласмани и освојуваат медали на Меѓународниот турнир во Благоевград во гаѓање со воздушно оружје.
На турнирот учествуваа повеќе од 100-тина стрелци од КСС „Левски“,-Софија, КСС-ЦСК-Софија, СК „Кавадарци“-МКД, КСС „Тракиа“-Пловдив, КСС „Санел“-Сандански, СК „Охрид“, АП Спорт-Велико Трново, ЖСК Лихнидос како и членови на стрелачкиот клуб „Пирин“- домаќин и организатор на турнирот.
За охридските стрелци ова натпреварување е престиж бидејќи своите сили ги одмеруваат со европски и светски шампиони во спортското стрелаштво. И покрај силната конкуренција, речиси во сите категории и дисциплини охриѓани се закитија со медали.
Првиот натпреварувачки ден, веднаш по пристигнувањето, настап имаа охридските стрелци во микс тим: Теодора Спироска и Кристијан Балоски од СК „Охрид“-на пушка и пласман на втората позиција. Веднаш по нив, настап имааа екипите во мешан состав на пиштол: Наталија Савеска и Ванчо Каранфилов, како и Климент Мостро и Стефани Савеска од ЖСК „Лихнидос.
Повторно место на пиедесталот и за двете екипи на втората односно третата позиција, пред нив само екипата во чиј состав влегува Калојан Стаменов носител на сребрен медал од светски Куп. За младите Никола Тодороски и Милица Кочовска од СК „Охрид“ пласман на 4-тата позиција во микс тим.
Вториот натпреварувачки ден, настап имаа најмладите на пушка и повторно следувало пријатно изненадување. Иако ова било дебитански настап за Ирина Кусева на меѓународен план, успеа да се закити со сребрен медал во категорија на помлади јуниори на пушка. Деа Стојаноска и Тамара Кичеец, за која, исто така, ова бил прв настап надвор од државата, не успеаа да обезбедат пласман меѓу првите три позиции.
Во истата дисциплина во јуниорска категорија, повторно влез во финале за Кристијан Балоски и Теодора Спироска. По првото место во квалификации за Кристијан Балоски, во финалната борба пласман на втората позиција. Ненамерен пропуст за Теодора Спироска од наша страна, на која поради мало задоцнување судиите не и дозволија да настапи, па таа не можеше да се вклучи во борбата за медал во финалето. Кај жените на пушка, пласман на 4-тата позиција за Ива Маленко од СК „Охрид“.
23/09/2024
Заврши вториот „Гранд При Лихнидос 2024“ год. во гаѓање со кусо огнено оружје на 25м и малокалибарна пушка со оптички нишан на 50 и 100 м. во организација на Женски стрелачки клуб „Лихнидос“, а под покровителство на Општина Охрид. На турнирот учество зедоа околу 30-тина стрелци, меѓу кои звучни имиња и еминентни личности од спортското стрелаштво, натпреварувачи од светски ранг.
Организаторот на турнирот ЖСК „Лихнидос“ изразува огромна благодарност за поддршката од Општина Охрид, како и до многубројните спонзори кои финансиски го потпомогнаа организирањето на овој турнир, со што беа обезбедени вредни награди.
Целта за одржување на овој турнир кој се најде и на календарот на МССФ е промоција на градот преку воведување на една ваква нова содржина и привлекување на поголем број на туристи, љубители на овој спорт да го посетат градот и по завршување на летната туристичка сезона.
14/09/2024
50м малокалибарна пушка со оптички нишан