Викторија Јордановска

Викторија Јордановска Коуч | Тренер | Говорничка

VIANLP: Твојот пат кон извонредноста 🚀

Секоја промена е тешка на почетокот, хаотична во средината и фантастична на крајот!
02/09/2026

Секоја промена е тешка на почетокот, хаотична во средината и фантастична на крајот!

27/08/2026

📑 Што всушност учиш кога учиш НЛП?

Не учиш само техники.

Учиш да забележиш како функционираш ти, како комуницираш, како носиш одлуки, како се мотивираш, што те активира и кои несвесни обрасци постојано те враќаат на истото место.

Во текот на НЛП Практичар работиме на тоа:

1. Да ги забележуваш и зборовите и она што не се кажува. Да препознаваш различни начини на комуникација, да создаваш поврзаност и да останеш ефикасен/на дури и кога разговорот е тежок.

2. Што правиш кога ти треба самодоверба, смиреност, фокус или мотивација, а во моментот ги немаш? Учиме како свесно да пристапиш до внатрешните ресурси што веќе ги имаш.

3. Навика, реакција, страв, тригер, ограничувачко верување... Наместо само да си кажуваш „не треба вака“, почнуваш да ја разбираш структурата зад тоа и да создаваш нов избор.

4. Нашиот јазик не е само средство за комуникација. Тој открива како размислуваме. Учиме да ги препознаваме генерализациите, претпоставките и приказните што ги земаме како факти, и да поставуваме прашања што отвораат нови перспективи.

5. „Сакам, ама...“, „Знам што треба, ама не го правам.“, „Еден дел од мене сака промена, друг се плаши.“ - работиме со тие внатрешни конфликти за да создадеме поголема конгруентност и усогласеност.

6. Зад секое однесување постои структура. Кога ќе ја препознаеш, можеш да ја користиш, моделираш или менуваш.

Не сакам НЛП да остане нешто што го знаеш теоретски. Сакам да почнеш да го препознаваш во разговор со партнерот, на состанок, во конфликт, при носење одлука, кога поставуваш граница или кога повторно ќе се најдеш пред истиот стар предизвик.

Тоа е причината зошто НЛП Практичар не го гледам само како обука.

Тоа е процес во кој почнуваш многу подлабоко да го разбираш сопствениот начин на размислување, комуникација и однесување, а со тоа добиваш нешто што за мене е една од нашите најголеми човечки супермоќи:
🔎 КРЕИРАЊЕ ИЗБОР!

Ако сакаш да дознаеш дали следната генерација НЛП Практичар е за тебе, пријави се на листата на чекање: 📝 https://forms.gle/97DcnEUXDNJ4Gm6Z8
☎ Ќе те контактирам лично.

Кој е твојот ритам? 🪩
25/08/2026

Кој е твојот ритам? 🪩

Пробај НЛП техника во живо и почувствувај ја разликата веднаш. ✨ Пријави се на бесплатниот вебинар “Стратегии за успех” ...
21/08/2026

Пробај НЛП техника во живо и почувствувај ја разликата веднаш.

✨ Пријави се на бесплатниот вебинар “Стратегии за успех” и добиј единствена можност да го почувствуваш ефектот на НЛП, методологија помогнала на многу успешни луѓе да стигнат до својата извонредност.

Ќе зборуваме и за тоа што ја прави разликата од просечноста до извонредноста, но и како да стигнеш до остварување на својот потенцијал.

📅 27 АВГУСТ 2026 | ⏰ 18.30-19:30 | 💻 Во живо на ZOOM
🎁 За присутните следува посебно изненадување!

Кликни на линкот во првиот коментар и регистрирај се веднаш. 💬
Бројот на места е ограничен.

Целта не е целосно да го елиминираме чувството на следување (entitlement).Целта е да препознаеме кога ни служи, а кога н...
20/08/2026

Целта не е целосно да го елиминираме чувството на следување (entitlement).

Целта е да препознаеме кога ни служи, а кога нè контролира.

За мене, одличното лидерство започнува со внатрешно водство. А внатрешното водство започнува со тоа да се фатиш себеси во моментот!

Самосвесноста не значи само да ги знаеш своите силни и слаби страни. Таа значи да се забележуваш себеси во моментот. Да ги забележуваш своите мисли, промените во внатрешните состојби и своето однесување - постапките, реакциите, зборовите кои излегуваат од устата или остануваат заглавени внатре...

Да ги забележуваш најситните промени во себе, од миг во миг.

Јас го нарекувам ова САМО-КАЛИБРАЦИЈА, го предавам овој концепт на моите НЛП обуки и сметам дека е од исклучително значење за благосостојбата и растот во секој аспект од животот.

Текстот е извадок од мојата колумна "Тоа е што е" објавена на Лице в лице - линк во коменар.

Листата за чекање за обуката НЛП практичар е во коментар. Местата се ограничени, затоа не губи време - пополни ја и ќе те контактирам лично.

… и примети ја разликата во сопствениот живот ❤️
19/08/2026

… и примети ја разликата во сопствениот живот ❤️

☕ Self Expedition Café | 26 августРазговараме на тема: „Која емоција се обидува да ја заштити моето чувство дека нешто м...
18/08/2026

☕ Self Expedition Café | 26 август

Разговараме на тема: „Која емоција се обидува да ја заштити моето чувство дека нешто ми следува?“ инспирирана од мојата колумна „Тоа е што е“ објавена во Лице в Лице. Ќе погледнеме под површината на нашите очекувања и ќе истражуваме што навистина се крие зад она: „Ми следува...“

Подготви си кафе, чај или ручек и придружи ни се на еден час разговор, рефлексија и групен коучинг. ☕💭

📅 Среда, 26 август 2026
⌚ 12:00 – 13:00
📍 ZOOM
🎟️ Учеството е бесплатно.
⚠️ Овие сесии се доверливи и не е дозволено учество на вештачка интелегенција и лажни профили.

Ако досега не си бил/а на овие сесии, пријави се преку линкот во првиот коментар.

Со една пријава можеш да присуствуваш на сите Self Expedition Café средби оваа сезона.

П.С. Откако ќе си го резервираш местото на следното Self Expedition Cafe прочитај ја мојата последна колумна: „Тоа е што е“ на порталот (линк во прв коментар). Ќе ти дојде како одлична храна за умот пред нашата средба.

Ако погледнеме наоколу, целиот општествен контекст денес се врти околу идејата за „повеќе“ и „подобро“.  Чувството на сл...
14/08/2026

Ако погледнеме наоколу, целиот општествен контекст денес се врти околу идејата за „повеќе“ и „подобро“.

Чувството на следување (entitlement), не е едноставно ароганција или себичност. Професорот RJ Starr го опишува како уверување дека заслужуваме повеќе од она што е фер, без оглед на околностите или реципроцитетот: „Ова ми следува само затоа што го сакам.“

Во суштина, следувањето вели: „Ми должи...“

Oва ми ја промени перспективата!
Наместо: "Зошто чувствувам дека нешто ми следува?" - покорисно стана прашањето: „Која емоција се обидува да ја заштити моето чувство дека нешто ми следува?“

Затоа што кога ќе ја препознаеме подлабоката емоција, чувството дека нешто ни следува веќе нема толкава потреба да го носи товарот и да нè штити.

Оваа објава е извадок од августовската колумна: „Тоа е што е“ што може да ја прочиташ на порталот Лице в лице (линк во прв коментар).

13/08/2026

Понекогаш најголемиот напредок не доаѓа само од техниките што ги учиме, туку од просторот и луѓето со кои го поминуваме процесот.

Кога слушаме туѓо искуство, често препознаваме дел од себе. Кога некој ќе се отвори, полесно си дозволуваме и ние да го направиме истото. А вистинската групна динамика може значително да го поддржи процесот на учење, промена и напредок.

Затоа моите НЛП групи не ги формирам по принципот „прв пријавен“.

Секој заинтересиран најпрво се пријавува на листата на чекање. Потоа се запознаваме и проценуваме дали програмата е вистинскиот избор за тебе и дали ќе се вклопиш во групата што се формира.

Учесниците ги бирам внимателно, со цел да создадам мала, кохерентна група во која луѓето ќе можат да учат едни од други, да се мотивираат и поддржуваат...едноставно да кликнат. Затоа, не секој станува дел од НЛП групите.

Ова ќе биде мојата осма генерација НЛП Практичари - трета во Македонија.

👉 Ако чувствуваш дека можеби е време за твоето НЛП патување, кликни на линкот во првиот коментар и пријави се на листата на чекање.

Пријавата не е обврска за запишување. Таа е првиот чекор да се запознаеме и да видиме дали сме вистинскиот фит едни за други.

Address

Ohrid
6000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Викторија Јордановска posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Викторија Јордановска:

Shortcuts

Share

Category