06/08/2026
🌊 За побезбедна, поинклузивна и родово одговорна спортска средина
Денес, во рамки на проектот „Веслање без бариери: Зајакнување на жената и промена на политиките за родова еднаквост во ВФРСМ“, Веслачката федерација на Македонија ја одржа обуката на тема „Родово чувствителен, безбеден и инклузивен пристап во спортската средина“.
Учесниците, тренери, управа, волонтери се запознаа со основите на дискриминацијата, родово чувствителните пристапи, стратегиите за создавање безбедна спортска средина и пристапноста за лицата со попреченост. Преку практични вежби, дискусија и размена на искуства, беа разгледани и значењето и практичната примена на родово одговорното буџетирање во спортските политики.
На обуката беше презентиран и аналитичкиот извештај подготвен во рамки на проектот, со што се отвори простор за заедничко размислување за идните чекори и унапредување на родовата еднаквост во веслањето.
Продолжуваме посветено да градиме спорт во кој секој има еднаква можност да учествува, да се развива и да се чувствува безбедно и прифатено. 💙