09/06/2026
👉🏻 Во недела на 21-ви Јуни со почеток oд 9 часот во спортската сала „Билјанини Извори“ ќе се одржи еднодневен хуманитарен турнир во мал фудбал, организиран со една благородна цел – да ѝ помогнеме на нашата сограѓанка Елена, која се бори со ретка болест. 🙏🏻
03/06/2026
👇🏻👇🏻👇🏻
🏆 НАГРАДЕН ФОНД ЗА ЈУБИЛЕЈНОТО 10-ТО ИЗДАНИЕ 🏆
Меморијалниот турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски – Профа“
🥇 1 место – 60.000 денари
🥈 2 место – 25.000 денари
🥉 3 место – 12.000 денари
🏅 4 место – 6.000 денари
🎖️ Индивидуални награди:
⚽ Најдобар стрелец
🧤 Најдобар голман
⭐ Најдобар играч
Соберете ја екипата и бидете дел од едно од најпрепознатливите младински спортски случувања во југозападниот регион.
10 години традиција 🕊️ Спомен што живее
📍 Велгошти
#МеморијаленТурнир #Велгошти #10ГодиниЈубилеј #МалФудбал #Охрид
23/05/2026
👉🏻 Меморијален турнир "Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски Профа" 2026 ⚽️
👇🏻👇🏻👇🏻
👉🏼 Во тек е пријавувањето за 10-то издание на Меморијалниот турнир во мал фудбал ,,Ѓоко Чингоски и ВаскоРечкоски - Профа'', соберија екипата и пријавете се!
10/05/2026
👉🏻 Меморијален турнир "Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски Профа" 2026 ⚽️
Со особена чест и почит, ве покануваме на јубилејното 10-то издание на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“, турнир кој традиционално се организира во спомен и вечна почит кон две личности кои оставија длабока трага во нашата заедница.
Овој турнир се одржува во чест на нашиот почитуван професор Васко Речкоски – Профа и Ѓоко Чингоски, поранешен директор во
ООУ ,,Живко Чинго'' с.Велгошти, како симбол на благодарност за нивниот придонес, човечност и вредности што ги пренесуваа.
Како едно од најпрепознатливите спортски случувања во југозападниот регион, турнирот претставува можност младите до 19 години преку спорт, дружење и фер-плеј да ги продолжат идеалите што тие ги негуваа.
Ние, како нови организатори и тие пред нас, со огромна посветеност го чуваме ова дело, со желба нивното име и спомен засекогаш да живеат меѓу младите генерации.
„Споменот живее таму каде што делата никогаш не се забораваат.
12/04/2026
✨ Христос Воскресе! – Навистина Воскресе! ✨
Нека светлината на Воскресението ги исполни нашите домови со мир, здравје и љубов, а срцата со вера и надеж. Да бидеме сплотени со најблиските, да простиме, да се радуваме и да благодариме за дарот на животот.
Нека е честит и благословен Велигден на сите православни христијани!
Христос Воскресе! Вистина Воскресе! 🕯️🥚✨
28/02/2026
👉🏻 Агресивен карцином кај 10 годишната Ева – МОРА да реагираме веднаш!!!
👧🏻 10 годишната Ева е девојче кое се бори со е бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
За Ева ❤️🙏🏻
Кликнете на линкот за ДОНАЦИЈА!
Агресивен карцином кај 10 годишната Ева – МОРА да реагираме веднаш!!!
10 годишната Ева е девојче кое се бори со е бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
25/02/2026
Почитуван градоначалник Кирил Пецаков,
Во името на здружението „Велгошка Гордост“ изразуваме искрена и длабока благодарност за доделената плакета, која за нас претставува особена чест и големо признание за вложениот труд и посветеност во организацијата на турнирот во мал фудбал „ВЕЛГОШТИ“.
Ова признание е потврда дека нашата работа, како и дведецениската традиција на турнирот, имаат вистинска вредност за заедницата и за развојот на спортот во Охрид. Благодарни сме за континуираната поддршка што ја добиваме од Вас и од Општина Охрид, бидејќи токму таа поддршка ни дава дополнителна сила и мотив да продолжиме со уште поголем ентузијазам.
Турнирот во мал фудбал „ВЕЛГОШТИ“ не е само спортски настан, туку симбол на заедништво, дружење и промоција на здрави вредности меѓу младите. Вашата поддршка значи вложување во спортот, во младите генерации и во иднината на нашиот град.
Со почит и благодарност,
Здружение „Велгошка Гордост“
09/02/2026
🙏 АПЕЛ ЗА ПОМОШ 🙏
Почитувани пријатели,
По неодамнешната несреќа во Велгошти-Охрид, семејстото Ѓоршески се соочува со тешки последици и има потреба од наша поддршка. Во вакви моменти најважно е да покажеме хуманост, солидарност и заедништво.
Секој кој е во можност да помогне, може да донира на следната сметка:
💳 240127121955848
👤 Тодорче Ѓоршески – сметка за донации
🏦 Уни банка
Секоја донација, без разлика на износот, значи многу и помага во процесот на закрепнување и обновување.
Ви благодариме од срце на сите кои ќе помогнат или ќе го споделат овој апел ❤️
#Хуманост #Поддршка #Велгошти
11/11/2025
Трансакциска сметка Комерцијална Банка
👉🏻 300017121388653
Девизна сметка 👉🏻 02-307-0699762.3
Број за донација 👉🏻 Телеком Мк 143107 📞
Број за донација 👉🏻 А1 143474 📞
Апел за помош за нашето бате од Охрид, Ивица Попоски! - Ohrigani
Драги Охриѓани, Нашиот сограѓанин Ивица Попоски од Охрид се бори со тешка хронична болест на бубрезите (стадиум 5) и оди на хемодијализа од 2016 год.Поради итна операц....
30/09/2025
👉🏻 Спасение се соочува со сериозна здравствена состојба: акутна миелоидна леукемија. Првата хемотерапија во Македонија, за жал, не даде резултати, и сега лекувањето продолжува во Загреб.
Сега повеќе од било кога му е потребна нашата поддршка за да продолжи да се бори. Со Вашата помош може повторно да се врати на својот пат.
Во овој момент е потребна финансиска поддршка. Во овие тешки денови, на него и на неговото семејство им е потребна наша подадена рака.
Да бидеме обединети и да помогнеме.
🙏🏻🙏🏻🙏🏻