26/03/2026
Ве покануваме на предавање посветено на предизвиците и специфичностите на движењето во високогорски услови.
Во рамки на предавањето ќе бидат опфатени:
✔️ планирање на тура и проценка на ризици
✔️ адаптација на висина и физичка подготовка
✔️ техники на движење по снег и мраз
✔️ управување со временски услови и донесување одлуки на терен.
Предавањето ќе биде збогатено со
📽️ кратка видео проекција од високогорски искачувања.
Искуствата ќе ги сподели
Христо Белакапоски
📅 3-ти април
📍 ОУ „Гоце Делчев“
🕖 19:00
22/03/2026
Outdoor training, nice and steady 💪
Keep rocking, guys! 😎
09/03/2026
На 6.03.2026г. Во ооу Гоце Делчев скк Златоврв одржа предавање од областа планинарење во зимски услови!
Беа опфатени темите за опрема, психофизичка подготвеност и ризици и превенција на зимска тура.
За темата зборуваа
Влатко Поп-Антоски
Тошко Митрески
Христо Белакапоски
Им благодариме на сите присутни планинари! Се надеваме им помогнавме околу некои сознанија и дилеми.
02/01/2026
После подолго време, Тошко ме потсети на обврската која си ја дадов пред многу години по загубата на Славко Тодороски а подоцна и Диме Јованоски, локалитетот Стогови да не се заборави и систематски да се развиа.
Тошко во еден од своите тренинзи ги посетил „Димеви полици“ и ја донесе тетратката за впечатоци која беше во лоша состојба и мора под хитно да ја замениме со нова.
Откако ја исушив , почнав да ја прелистувам и еве што забележав!
Во период од 1.05.2009 до 28.12.2025год. на карпата искачувале 118 евидентирани качувачи од кои 7 странски а останатите домашни качувачи.
Последното евидентирано искачување е направено на 1.05.2023г. од стана на Иван Кузмановски од Скопје.
Може да се забележи дека најискачувана насока е „Верда Стела“ нај старата насока на локалитетот.
Вака погледнато за овој долг период не се направени многу искачувања но доколку се земе во предвид дека се работи за локалитет на кој се искачува традиционално со користење ковани клинови и френдови и чокови. Потешкиот пристап (1-1,5часа) во однос на останатите локалитети во земјата. Работата станува јасна.
На 1.06.2019г. во организација на МАФ беше организирана акција за замена на стари клинови и поставување на експанзиони на сидриштата, со што се подобрија условите за качување на карпата за што им сме благодарни!
Во овој период направени се две нови насоки.
„Чиракот“ V+ - VI- по УИА, насоката се наоѓа помеѓу насоките „Мајсторот“ и „Камински“, помината првите два цуга трад а третиот е по еден од постоечките излези од „Димеви“ полици кон врвот на карпата. Насоката е искачена од Горан К. Марио М. И Ема од Битола на 7.11.2010г. За повеќе детали во врска со насоката можите да се обратите до нив.
“Hellow Kitt” 6c fa. Тоа е нова насока искачена во централниот дел од Остра карпа и воедно досега најтешка.
Насоката ја искачија Словенечките алпинисти Матијаж Душич и Миха Шоштерич од Марибор на 25.09.2011г. На сидриштат има оставено по еден ал. Клин. Насоката излегува сртот од Жикино окно а потоа траверза во десно до Димеви полици и по излезот од Мајсторот излегува на врвот од карпата.
Почитувани колеги по јаже од постарата и помладата генерација качувачи, после вашето успешно искачување по овие прекрасни гранитни карпи вашите впечатоци се позитивни и ќе ги пренесете на вашите пријатели, искачувачи од земјата и странство.
Наша задача како качувачка заедница е да го чуваме и развиваме овој локалитет и за наредните генерации!
Со спортски поздрав, СКК Златоврв-Прилеп