K.K. BONSAI-PRILEP

K.K. BONSAI-PRILEP Карате Инструктори:
Валентина Пурдеска - 070 772 472
Дамјан Ристески - 078 722 650
Филип Ристески

Тренинзите ги водат:
Валентина Пурдеска - WKF акредитиран тренер
Светски и европски судија во кати и борби
Дамјан Ристески - WKF aкредитиран тренер
Државен судија во кати и борби

13/09/2026

🥋 Ботони Опен 2026 – Скопје 🏆

Одличен настап на нашите каратисти на турнирот Ботони Опен 2026 во Скопје, од каде што се враќаме со освоени 12 медали! 🥇🥈🥉

Честитки за нашите каратисти за борбеноста, трудот и одличните резултати! 👏🔥

Продолжуваме уште посилно! 💪🥋

🇲🇰 ИСТОРИСКА ПОБЕДА – ГРАНАДА, ШПАНИЈА 1992 Во 1992 година, на Светското првенство во карате во Гранада, Шпанија, Валент...
08/09/2026

🇲🇰 ИСТОРИСКА ПОБЕДА – ГРАНАДА, ШПАНИЈА 1992

Во 1992 година, на Светското првенство во карате во Гранада, Шпанија, Валентина Пурдеска испиша страница од македонската спортска историја.
Во борби, македонската екипа ја оствари првата победа под македонското знаме, совладувајќи ја екипата на САД – Америка. 🥋🇲🇰
Тоа не беше само спортска победа. Тоа беше момент кога името на Македонија за првпат силно одекна на светската карате сцена.
За Валентина, оваа победа останува една од најдрагите во нејзината богата карате кариера – победа извојувана во време кога секој настап и секој чекор под македонското знаме имаа посебна тежина.
Гранада 1992 – првата победа под македонското знаме.
По историската победа во Гранада, македонските каратисти беа пречекани и од тогашниот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров.
Момент кој останува во историјата. 🇲🇰🥋
Валентина Пурдеска – име запишано во македонската карате историја.

🇲🇰 35 години Македонија.

Гостин Валентина Пурдеска репрезентативка, долгогодишен карате трен...

🥋 КАРАТЕ КЛУБ БОНСАИ – РЕЗУЛТАТИ ОД КУП НА МАКЕДОНИЈА 🏆Со гордост ги споделуваме резултатите на нашите натпреварувачи од...
07/09/2026

🥋 КАРАТЕ КЛУБ БОНСАИ – РЕЗУЛТАТИ ОД КУП НА МАКЕДОНИЈА 🏆

Со гордост ги споделуваме резултатите на нашите натпреварувачи од Купот на Македонија! 🇲🇰

Под водство на тренерите Валентина Пурдеска и Дамјан Ристески, нашите каратисти остварија одлични резултати:

🥇 Катерина Јорданоски – јуниорка
1. место – борби -48 кг.
🇵🇱 Со освоеното прво место, Катерина избори пласман на Светското првенство, кое ќе се одржи во Полска.

🥈 Марија Јорданоски – јуниорка
2. место – борби -53 кг.

🥉 Јована Илиоска – U21
3. место – ката индивидуално

🥉 Марија Јорданоски – јуниорка
3. место – ката поединечно

🥉 Цвете Миланоска – кадетка
3. место – ката индивидуално

🥉 Леонид Белески – кадет
3. место – борби -52 кг.

🥉 Максим Петрески – кадет
3. место – ката индивидуално

🥉 Христијан Димески – кадет
3. место – ката индивидуално

👏 Честитки до сите натпреварувачи за вложениот труд, дисциплината и одличните резултати!

💪 Продолжуваме уште посилно!

31/08/2026
21/07/2026

Тренингот за трета и четврта ќе се одржи во клубот од 19:30

17/07/2026

Денес, тренингот за трета и четврта на Могила нема да се одржи
Од вторник по редовна саатница на Могила ќе се одржат тренинзите

07/07/2026

Поради состојбата со времето тренинзите ќе се одржат во Клубот

Прва и втора група: 18:30
Трета и четврта: 19:30

06/07/2026

Распоред на тренинзи за месец јули за на Могила

Вторник
Прва и втора група - 18 часот
Трета и четврта група - 19 часот

Четрток
Прва и втора група - 18 часот
Трета и четврта - 19 часот

Петок
Трета и четврта група- 18 часот

Доколку има промени поради временските услови, тренинзите ќе се одржуваат во клубот, а за тоа ќе бидете известени.

02/07/2026

Поради состојбата со времето тренинзите ќе се одржат во Клубот

Распоред:
Прва група: 18:30
Втора и трета: 19:30
Четврта: 20:30

Address

Kuzman Josifovski Pitu
Prilep
7500

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when K.K. BONSAI-PRILEP posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to K.K. BONSAI-PRILEP:

Shortcuts

Share