Fitness studio Lady - Fit

Fitness studio Lady - Fit

Share

Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Fitness studio Lady - Fit, Gym/Physical Fitness Center, Skopska 6, Prilep.

02/01/2026

Денеска е денот на свети Игнат! 🙏 Легендата вели дека тоа што ќе го правиш денеска, ќе го правиш цела година… Е па, денеска вежбавме до максимум, значи оваа година ќе бидеме најзгодни, најсилни и најнасмеани! 😻💥

Моите прекрасни девојки од студиото, секогаш насмеани, мотивирани и полни со енергија – Ви благодарам што секој ден го правите посебен! 💖 Не само оние на сликата, туку сите кои доаѓате, вежбате, се трудите и верувате во себе – секој од вас е посебен! 🌹💪

За сите што денеска беа тука и за оние што вежбаа онлајн – вашата енергија и труд се брои двојно! 😍

А за "неверниците" што не ја почувствуваа магијата на свети Игнат денеска… па, ништо, ќе им се припише на утре 😉

Среќна Нова година од Fitness Studio Lady-Fit! 🥳✨
Нека оваа година биде полна со сила, насмевки, резултати и, се разбира, многу вежбање! 💪❤️

01/04/2024

10 години јубилеј! 🥳🥳🥳
Фитнес студио Лејди Фит!!!💪💪💪
Ви благодарам на сите кои бевте покрај мене од самиот почеток, па досега! Безброј прекрасни моменти, убави спомени, безброј среќни лица ќе останат во мојата меморија до крајот на животот!
Многу поминаа, заминаа, многу се вратија, некои и не се вратија физички, но останаа во моето срце засекогаш. Секогаш со насмевка се сеќавам и се среќавам со секоја од вас! ❤️
Ви благодарам што верувавте во мене, што ме поддржувавте, што ме охрабрувавте на секој чекор од мојот пат и што ми останавте верни досега!
Нашиот пат продолжува, сеуште го имаме најдоброто и најбројното студио, сеуште се преку 200 активни членки од градот, околината, други држави и други континенти. Поголем доказ за вредноста на изграденото - НЕМА!
Продолжуваме заедно да се градиме како фамилија, пријатели, карактери, и најважно од се' како МАНЕКЕНКИ!
Мојата ФАБРИКА ЗА МАНЕКЕНКИ!!!
Ве сакам сите, среќен јубилеј на сите нас! 🥂🍀😘

01/04/2024
21/03/2024

🌻World Down syndrome day🌻
💗Децата и лицата со Даунов синдром се чиста и искрена ЉУБОВ 💗
🌻Дауновиот синдром🌻 претставува хромозомско нарушување кое настанува како резултат на абнормална клеточна делба, при што ваквата состојба резултира со дополнителна комплетна или делумна копија на хромозом 21, па така имаат 24, наместо 23 хромозоми. Овој дополнителен генетски материјал предизвикува промени во развојот и физичките карактеристики на лицата со Даунов синдром. Три генетски варијации може да предизвикаат Даунов синдром:
✨Трисомија 21
✨Мозаицизам
✨Транслокација
Во сите случаи на репродукција, и двајцата родители ги пренесуваат своите гени на своите деца.Половина од хромозомите се од мајката, а половина од таткото.
👉Секое лице со Даунов синдром само по себе претставува индивидуа чии што интелектуални потешкотии и потешкотии со развојот може да бидат лесни, умерени или тешки. Здравствената состојба варира кај секоја индивидуа. Децата и возрасните со Даунов синдром имаат карактеристични фацијални карактеристики, од кои најчести се следните:
✨Карактеристично плоснато лице, краток врат и мали уши
✨Зголемен јазик кој има тенденција да испаѓа од уста, забавен говор
✨Карактеристичен закосен облик на очи во форма на бадем
✨Слаб мускулен тонус или мускулна хипотонија, при што покасно научуваат да седат, одат, играат или јадат.
✨Широки, кратки раце со присутна една бразда од внатрешната страна на дланките
✨Низок раст – просечна висина на мажи 157 cm, а кај жени 144 cm.
✨Интелектуалната попреченост се движи од блага (IQ=50-70) до умерена (IQ=35-50).
Луѓето со Даунов синдром живеат здрав и исполнет живот!

💗Со љубов - Виножито за сите💗

09/05/2023

Уште една манекенка луѓе! И тоа веднаш спремна за на писта 💃
Со Viktorija Lukić успеавме за три месеци да стигнеме од 73кг на 56кг, без никаква физичка активност!
Кога ја прашав за искуство од програмата и што да напишам овде, само рече, се чувствувам како друга личност! Така и изгледа, нели? 🙂
И' кажав, со твојот пример ќе мотивираш многу жени и несвесно ќе смениш многу животи!
Те мотивираше ли тебе? 🤗

21/11/2022

И ете ја конечно мојата манекенка Moteska!
Знате од кога и викав, ајде, шо чекаш... ама, се чека моментот, секогаш! И добро е што не се форсираше, туку почна ко се почувствува спремна. И издржа до крај!
Со храната беше цело време принципиелна и секоја и' чест за тоа! А со вежбањето 🤣 ко ќе ја имам таа чест да дојди на час, богами, само по неа викам! Ама успеа, и јас сум исклучително горда на неа!!!
Минус 24 килограми, за жал обем не чуваме, ама зарем ви треба да прочитате нешто што е толку очигледно?!
Најважно од се' е што навиките се променети од корен, ова не е од вчера, си ја одржува килажата веќе со месеци. И ќе продолжи, лекцијата и' е научена! ❤️

#фабриказаманекенки

21/05/2022

Започна со програма за исхрана на крај на декември и ја држеше 4 месеци, потоа започна вежби во февруари, пропратно помина на две двонеделни детокс програми кои ги давам само за членовите во моето студио бесплатно - резултатот кој го гледате, очекувам да го коментираме во коментар 🙂
Да се разбереме, ова е упорност до максимум, принципиелност во исхраната и спартанско вежбање, сменети животни навики и нивно зацементирање!!! Секој ден ја гледам во студио или онлајн и секој ден одново и' се восхитувам!!!
Ако можеше таа, можеш и ти ☝

19/04/2022

Нема приказна овде, прерано е, ама ај не сподели 😃

📣 за две нели луѓе, се истиши жената!!!
📣📣 минус 4 кг, сето во отоци и стомак!!!
📣📣📣 пресреќна е и се сака себеси!!!

Ти уште ќе чекаш? 🥸

18/04/2022

Среќен понеделник 🥳

💪 минус 8 килограми !!
⏳ за точно два месеци !!
⛔ без физичка активност !!
🍛 без гладување !!

Ми се јави мајката пред извесно време и ме праша дали е возможно девојката да ослаби без активност, зошто има медицинска забрана за вежбање... Апсолутно возможно!
Еве ја по 2 месеци, добиваме форма каква што сакаме... мајката е исто за пофалба, делимично се придржува на програмата за поддршка, поддршката ја чинеше дупло повеќе килограми минус од ќерката!

Женски, секоја ви чест!!! ❤❤

15/04/2022

А кога ќе ослабиш 50 килограми, ќе си смениш и документи, оти си сменил личен опис ☺
Elizabeta царице 💪❤

15/04/2022

Има еден интересен феномен со кој се сретнувам речиси секојдневно откако ја работам оваа работа. Пред да почниме со клиентот одредуваме првично која е неговата цел. Многу ретко целта е достигнување на оптималната тежина. Зошто? Веројатно им изгледа невозможно, далечно или се плашат да не се разочараат. Меѓутоа, јас точно знам дека штом се надмине првичниот период кој е најкритичен и клиентот тргне да ослабува, запирање нема, и цело време целта се поместува, додека не се достигне идеалната тежина. А таа не е според моите табели и пресметки, туку вашето огледало и она што вие сакате да го видите во него!
Со Elizabeta Magdeska-Petkoska сме веќе минус 50 килограми, се дружиме веќе подолго од една година, се разбира дека не оди преку ноќ, нити се ставиле килограмите преку ноќ! Како одеше процесот ќе ја замолам неа да каже во коментар 🙃
Кога почнувавме, целта беше да се види 9ка на вагата, па 8ка, па 7ка (која ја достигнавме додека ја споделив оваа приказна) и сега целиме на 6ка и не се откажуваме!
Зошто ви го раскажувам сето ова? За мотивација и најмногу да имате верба во себеси, да целите подалеку и да бидете сигурни дека нема невозможни желби. Само створете си слика за себеси, дајте си време и програмирајте го мозокот за промената, останатото е мое ☺

-50 килограми: програма за слабеење и физичка активност, и двете по мојата програма 💪💪💪

Want your business to be the top-listed Gym/sports Facility in Prilep?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Telephone

Website

Address


Skopska 6
Prilep
7500

Opening Hours

Monday 08:00 - 22:00
Tuesday 08:00 - 22:00
Wednesday 08:00 - 22:00
Thursday 08:00 - 22:00
Friday 08:00 - 22:00
Saturday 09:00 - 21:00